Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 68-та. позиција на последната ранг листа на ФИФА. На истата оваа позиција беше нашата репрезентација и претходниот месец, а по победата над Лихтенштајн и поразот од Ерменија во Лигата на нации не се смени ништо и Македонија остана на 68-то место. Од нашите конкуренти во групата од Лигата на нации, Ерменија е 101-ва со пад од едно место, Лихтенштајн е на 182 место со пад од 4 позиции, а овој месец Гибралтар со скок од 8 места се проби на 190-то место. На врвот е Белгија, пред Франција, Бразил, Хрватска и Англија кои ја…
Author: riste
Шпанските даночни власти започнале истрага против крилниот играч на Реал Мадрид, Герет Бејл. Весникот „Ел Мундо Депортиво“ известува дека Велшанецот е обвинет за прикривање на приходите од имиџ правата и маркетинг во 2013 година. Според истиот извор за ова обвинение, Бејл ќе мора да плати 337.000 евра. Претходно, вакви обвиненија беа подигнати и кон други играчи и спортисти во Шпанија, вклучувајќи ги мега ѕвездите Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои се соочија со слични проблеми.
Барселона е заинтересирана за дефанзивецот на Јувентус Жоао Кансело. Кариерата на Португалецот оди во нагорна линија, откако тој беше привлечен од „бјанконерите” во текот на летото за 40 милиони евра од Валенсија, а пред тоа играше со позајмица во Интер каде исто така остави одличен впечаток со настапите. Од почетокот на сезоната тој продолжува со добрите игри и со екипата од Торино и тоа не помина незабележано од каталонците, кој гледаат во него нов Дани Алвеш. Скаутите на Барселона го следеле настапот на Кансело во живо на натпреварот од Серија „А” против Џенова. Ако каталонците одлучат да испратат понуда за…
Наполи од гостувањето во Париз се враќа со освоен бод, а тренерот на тимот Карло Анчелоти имаше измешани чувства по нерешените 2:2 на „Паркот на Принцовите“ во Лигата на шампионите. Тој беше многу задоволен од настапот на неговите играчи, но жали што на крајот ја испуштија победата, откако двапати ведеа на овој натпревар. „Не успеавме да победиме, но среќен сум поради нашето претставување, сепак лут сум што дозволивме да примиме гол во 93-та минута. Ди Марија успеа да ја испрати топката во аголот на последната минута, тоа се случи тпогаш кога веќе мислевме дека се е завршено. Сепак мислам дека…
Тренерот на ПСЖ Томас Тухел не беше особено задоволен од претставувањето на неговиот тим при нерешените 2:2 со Наполи во Лигата на Шампионите. Тој има многу забелешки за своите играчи и рече дека неговиот тим треба да работи поактивно. Покрај тоа, Германецот рече дека никогаш не било лесно да се игра против италијанските ривали. „Сметам дека почнавме добро во првите 15 минути, но потоа не знам зошто се тргне наопаку. Се обидувавме да правиме премногу сложени работи и лесно ја губевме топката. Играчите на Наполи се заедно веќе доста години и се многу добро подготвени тактички. Тие се класа тим…
Арсенал ќе има проблеми со последниот ред од одбраната за неговото гостување кај Спортинг во Лисабон во Лигата на Европа. Начо Монреал и Сеад Колашинац нема да можат да учествуваат на овој натпревар поради повреди. И двајцата се жалат на болка во колкот и не се најдоа во групата на играчи за оваа средба. Петар Чех и Мејтланд-Најлс продолжија со тренинг, но тие нема да играат на овој натпревар, бидејќи сеуште не се подготвени. Сократис Папастатопулос беше вклучен во составот, но неговото учество во натпреварот е дискутабилно и ќе биде одлучено во последен момент. Многу е веројатно дека Пјер-Емерих Обемејанг…
Репрезентативците на Македонија пристигнаа во Битола, каде ќе ги започнат квалификациите за Европското првенство во 2020 година што ќе се одржи во Автсрија, Норвешка и Шведска. Ракометарите добија неколку слободни часови од селекторот Раул Гонзалез, и истото го искористија со кафе и дружба на Широк Сокак. Вечерва, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола која е целосно подготвена за овој ракометен спектакл треба да го одработат и последниот тренинг пред дуелот со Турција, кој е закажан од 17:00 часот и ќе биде од затворeн карактер. Натпреварот против Турција се игра утре од 20:15 часот, а од РФМ веќе информираа дека влезниците за оваа средба…
Голот на Месут Озил за Арсенал при синоќешната победа од 3:1 над Лестер го направи Германецот лидер според бројот на постигнати голови на еден германски интернационалец во историјата на Премиер лигата. Тоа беше гол број 30 во англиското првенство за фудбалерот, за кого ова е шеста сезона на Островот. Така тој го остави зад себе Јирген Клинсман и Уве Рослер, кои имаат по 29 погодоци во англиската елита. Токму Клинсман имаше најмногу голови во една сезона во Премиерлигата во дресот на Тотенхем во 1994/95, кога постигна 21 гол, а во 1997/98 беа постигнати останатите негови осум гола, откако се врати…
Стеф Кари постигна 29 поени во победата на Голден Стејт над Феникс со 123:103, со што заедно со својот татко Дел двајцата се искачија на второ место на листата на стрелци од тандем татко и син. Тие стигнаа пред Долф и Дани Шејс откако веќе имаат 27 226 поени и заостануваат само зад Џо и Коби Брајант, кои се со 38 895 поени на врвот, па дефинитивно ѕвездата на шампионите ќе треба да се потруди уште. „Ова е нешто навистина посебно. Познавајќи ја кариерата на татко ми која траеше 16 сезони и фактот што тој ми ја предаде штафетата, не…
Дефанзивецот на Атлетико, Хозе Хименез повторно е повреден. Тој доби нова повреда во колкот, за време на средбата со Виљареал во саботата, иако остана на теренот во текот на сите 90 минути. Хименез не можеше да се вклучи на тренингот со своите соиграчи во понеделникот поради проблеми во колкот. Во моментов, сепак од клубот не сакаат да даваат прогнози за времето за санирање на повредата пред да добијат повеќе информации од следните прегледи кои ќе му бидат направени на уругваецот. Хименез само пред неколку дена се опоравуваше од уште една повреда на бутот што го спречи да игра со Бетис…
