Author: riste

Фудбалерот на Јувентус Пауло Дибала се враќа со повреда на коленото по натпреварот за репрезентацијата на Аргентина. Тој настапи на средбата која неговата селекција ја загуби од Бразил синоќа со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Миранда во судиското надополнување на оваа средба. Дибала остана на теренот до 57 минути, а откако беше заменет веднаш стави мраз на коленото. Според информациите, ѕвездата на Јувентус ќе треба да помине дополнителни лекарски прегледи по неговото враќање во Торино за да се дознае сериозноста на неговата повреда. Овој викенд, Јувентус ќе се сретне со Џенова, а Дибала, најверојатно, ќе добие пауза бидејќи…

Read More

Со учеството во победата од 1:0 над Аргентина во пријателскиот натпревар, Нејмар го надмина легендарниот Пеле според бројот на настапи за бразилската репрезентација. Ѕвездата на ПСЖ веќе има 93 настапи за селекцијата на Бразил, а сепак има само 26 години. Нејмар сеуште е далеку од рекордерот според број на одиграни натпревари за бразилскиот национален тим, Кафу, кој бил дел од селекцијата на 142 натпревари. Досега напаѓачот има постигнато 59 гола и се чини дека е можно да го надмине Пеле според овој показател, односно има постигнато 77 гола.

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар по натпреварот во Лигата на шампионите, сега се фокусира на СЕХА-лигата каде денес го чека гостински натпревар против ППД Загреб, тим кој е предводен од Лино Червар. Вардар го доживеа првиот пораз оваа сезона, по голема борба во Келце. Полскиот шампион предводен од поранешниот „вардарец“ Лука Циндриќ успеа д аго совлада Варда, па со пораз го испрати на ова гостување во Хрватска. Ситуацијата не е добра ниту кај домашната екипа на ППД Загреб, затоа што тимот на Лино Червар во дуелот со Вардар исто така влегува со пораз, загубија убедливо во Лигата на шампионите кај Мотор Запорожје…

Read More

Напаѓачот на Рома Един Џеко сака да се врати во Премиер лигата, иако само пред околу една година го одби трансферот во Челзи и се определи да остане на „Олимпико”. Сепак, според англискиот весник „Мирор“, тој се премислил и сака да продолжи да игра на Островот повторно во јануари, каде што претходно ги бранеше боите на Манчестер Сити. Интерес кон него не недостасува и неговото име се поврзува со релативно скромни тимови како Саутемптон, Кардиф и Кристал Палас кои се подготвени да платат добра сума за да го привлечат во своите редови во зимскиот трансфер период. Сите три екипи имаат…

Read More

Еден од лидерите на Манчестер Јунајтед, Луис Антонио Валенсија е на пат да го напушти тимот во јануари и да игра во Турција, тврди весникот „Сан”. Според последните информации клубови од Турската Супер лигата, како и од Бундеслигата, се заинтересирани за 33-годишниот фудбалер и се подготвени да го преземат веднаш во своите редови. Актуелниот договор меѓу Еквадорскиот дефанзивец и „црвените ѓаволи” истекува на крајот на сезоната и најверојатно тој ја игра последната сезона на „Олд Трафорд” пред се поради својата фудбалска возраст. Валенсија е дел од Манчестер Јунајтед веќе деветта година, а во оваа сезона одигра пет натпревари за тимот…

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денес го игра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2019 година ќе се игра во Италија и Сан Марино. Последен противник на нашите млади играчи во овој циклус ќе биде Гибралтар, селекција која важеше за аутсајдерот во нашата група сепак е селекција која не победи во првиот натпревар со 1:0. На таа средба Макеоднија имаше многу шанси кои не ги искористи, а домашниот тим испеа да постигне гол и со тоа да ни нанесе тежок пораз со кој буквално не откажа од високите амбиции на стартот од квалификациите.…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија Маркус Рашфорд ја пофали играта и победата на Англија од 3:2 како гостин кај Шпанија во Лигата на нации. Самиот Рашфорд беше автор на еден од трите гога на Англија на оваа средба. „Ова е дефинитивно најголемата победа на овој национален тим во Англија. Чувството на победа против толку силен тим е неописливо. Ние гордо можеме да си одиме дома”, рече Рашфорд по мечот. Селекторот Герет Саутгејт исто така вели дека неговите играчи можат да бидат горди на резултатот. „Напаѓачите покажаа извонредна игра. Ние ризикувавме и победивме. Шпанците беа многу агресивни, но…

Read More

Тренерот Фабио Капело не ја крие својата симпатија кон напаѓачот на Интер Мауро Икарди. „Јас сум обожавател на Иркарди. Ако бев тренер на Реал Мадрид, ќе го земев веднаш”, изјави италијанскиот стручњак за „Радио РАИ“. „Тој едноставно гледа се и го чувствува голот. Мауро е специјалист во оваа област. Таков беше Кристијано Роналдо во последниот период кога играше во Реал Мадрид. Ако му дадете три топки во шеснаесетникот, сите три ќе ги искористи и ќе постигне гол”, изјави Капело. Капело додаде неколку зборови за Гонзало Игуаин: „Гонзало ја подобри својата игра. Предходно знаеше многу да ја чека топката да му…

Read More

Талентот на Милан, Патрик Кутроне го продолжи договорот со клубот. Денес стана јасно дека ќе дојде до вакво нешто откако самиот Кутроне објави порака на „Твитер“. Овој млад играч ќе остане во Милан до 2023 и ќе добие 1 милион евра по сезона. Кутроне стана миленик на публиката, а покрај тоа што сеуште нема 20 години веќе постигна 21 гол на 67 натпревари во дресот на Милан во сите категории, а во сениорскот тим постигнал 11 гола.. Со неговите добри настапи тој доби и повик во А селекцијата на Италија од страна на селекторот Роберто Манчини.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Велс Арон Рамзи ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Република Ирска кој се игра утре во Даблин. Играчот од средниот ред на Арсенал го напуштил кампот на Велшаните од семејни причини, а веднаш бил заменет со младинскиот репрезентативец Даниел Џејмс од Свонси. Отсуството на Арон Рамзи е уште еден удар за селекторот Рајан Гигс, кој нема да може да се смета и на другата ѕвезда Герет Бејл.

Read More