Последните денови се многу среќни за напаѓачот на Удинезе, Кевин Лазања. Најнапред селекторот на Италија Роберто Манчини го повика во составот на Италија на местото на повредениот Симоне Заза, а синоќа голгетерот потпиша нов договор со тимот од „Фриули“. „Исклучително среќен сум. Сигурно секогаш ќе се сеќавам на овој ден. Бев повикан за националниот тим што е награда за мојата добра работа во Удинезе”, изјави Лазања пред официјалниот сајт на Удинезе. „Веста дека треба да се приклучам кон националниот тим, ме начека во Мантова и требаше веднаш да заминам за Удине, за да си ги земам копачките. Толку се радувам…
Author: riste
Тиери Анри може биде изненадувачки нов менаџер на Монако, пренесуваат медиумите од Франција. Поранешниот фудбалер на Арсенал е фаворит да застане на чело на клубот, откако судбината на актуелниот тренер Леонардо Жардим е неизвесна и тој речиси сигурно ќе биде отпуштен наскоро, откако тимот се наоѓа во катастрофална форма. Под раководство на Жардим оваа екипа ја освои својата прва титула во Лига 1 по 17 години, а тоа се случи пред две години и тој постигна одлични работи со тимот од кнежеството, но оваа сезона започна многу слабо за неговиот тим кој e во зоната за испаѓање по 9 одиграни…
Пет водечки англиски клубови се заинтересирани за најдобриот асистент во Бундеслигата оваа сезона, Џејдон Санчо, информираше весникот „Билд”. Англискиот репрезентативец досега има одлична сезона со екипата на Борусија Дортмунд, бидејќи тој е далеку пред сите останати соиред бројот на асистенции (шест) во Бундеслигата. Според изданието, 18-годишниот фудбалер го привлекол вниманието на Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем. Задачата за британските клубови е дополнително комплицирана поради фактот што пред само неколку дена Џејдон Санчо го продолжи договорот со Борусија Дортмунд до летото 2022 година и во договорот нема клаузула за откуп.
Марио Балотели ќе биде повикан во репрезентацијата на Италија тогаш кога ќе биде во добра форма, за да биде корисен на тимот, изјави селекторот на „азурите” Роберто Манчини на прашањето зошто напаѓачот е надвор од тимот за двата натпревари кои се играат овој месец. Тренерот рече дека истото важи и за напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, а причините за неговото не повикување се чисто спортско-технички. Балотели беше повикан за првиот натпревар на Манчини на чело на тимот во мај, но од почетокот на оваа сезона има одиграно само три средби за својот клуб Ница и сеуште нема постигнато гол. А…
Фудбалската репрезентација на Макеоднија во полн состав се подготвува за средбата со Лихтенштајн, а еден од оние кои беа стрелци на гол на првите два натпревари е и Езџан Алиоски кој истакна дека мора максимално да влезат во овој натпревар и дека ништо не е готово, па мора да се добијат и овие два натпревари: „Има уште да играме, со двете стартни победи ништо не е готово. Имаме добри играчи, се наоѓаме во добра форма и сега не очекува Лихтенштајн. Мора да го добиеме овој меч. Но, пак велам дека ништо не е готово. И нема да е толку лесно, затоа…
Македонската фудбалска репрезентација веќе ги започна подготовките за двата натперевари од Лигата на нации кои ја очекуваат во наредните денови. Денес веќе беше одработен тренингот на кој селекторот Ангеловски можеше да смета на скоро сите фудбалери кои беа планирани за средбите со Лихтенштајн и Ерменија. Нашиот репрезентативец Стефан Спировски е задоволен од досегашните резултати и се надева на продолжување на победничката серија: „Нашите очекувања и секако на целата македонска јавност се да дојдеме до победа. Имаме доволно време да се подготвиме и се надевам дека ќе бидеме спремни за дуелот со Лихтенштајн. Наше е прво да размислуваме на Лихтенштајн, а…
Македонскиот ракометен шампион Вардар ја продолжи победничката серија во најелитната ракометна конкуренција во Европа, Лигата на шампионите, „црвено-црните“ славеа и во четвртиот натпревар по ред од новата сеозна. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ беше совладан германскиот тим Рајн Некар Левен со 29:27. Вардар лошо одигра во првото полувреме и ниту еднаш немаше предност, а гостите константно имаа водство кое на момет беше 7:10 и 11:15, но на крајот на полувреме се отиде со 13:15. Во второто полувреме сосема друга слика, Вардар веднаш дојде до израмнување на 15:15, а потоа имаше и предност која ја одржуваа во поголемиот дел од вториот дел. По…
Централниот напаѓач на Атлетико Мадрид Диего Коста ќе се паузира 2 до 3 недели поради повредата која ја доби на мечот со Бриж во Лигата на шампионите, објавија од клубот. Шпанскиот репрезентативец се жали на повреда на левиот бутен мускул. Тој ќе го пропушти неделниот натпревар против Бетис, како и дуелите на Шпанија против Велс и Англија. Овој фудбалер кој е роден бразилец не се најде на списокот на селекторот Луис Енрике, но тоа се случи откако тој дозна дека нема да биде здрав. По две недели Атлетико гостува на Виљареал во средба од Ла Лига, па е многу веројатно…
Шпанската агенција за здравствена заштита за спорт направи ненадејна посета на спортскиот центар на Барселона, објавија од „Камп Ноу“. Шест играчи на Барселона требаше да дадат крв и урина: Серџи Роберто, Нелсон Семедо, Томас Вермален, Денис Суарез, Рафиња Алкантара и Малколм. Тоа беше вест од денешниот тренинг на каталонците, заедно со фактот дека Луис Суарез целосна ги извршувал обврските на тренингот. Уругвајскиот интернационалец помина низ обемни прегледи поради болката во коленото и беше откриено дека нема повреда. З начи напаѓачот е во ред и ќе бид ево комбинација за натпреварот со Валенсија на „Местаља“.
Тимот на Барселона се насочи кон уште еден дефанзивец од Серија „А“. Откако од Интер не сакаа да водат преговори со каталонците за продажба на Милан Шкринјар, па затоа сега раководството на Барселона влезе во контакт со своите колеги од Наполи за трансфер на Калиду Кулибали, објави „Мундо Депортиво“. Наполи одговори дека се подготвени да го ослободат својот фудбалер и тој да се пресели на „Камп Ноу“, но не за помалку од 65 милиони евра. Овој одговор ги олади амбициите на Барселона, кои сè уште бараат централен дефанзивец. Ернесто Валверде сака да ја засили конкуренцијата во дефанзивната линија со оглед…
