Author: riste

Барселона ќе го одигра својот 300-ти натпревар од Лигата на шампионите, а то аќе се случи утре, кога ќе се соочат со Тотенхем на „Вембли“. Каталонците одиграа 3 натпревари без победа во „Ла Лига“ и сега ќе се обидат да се вратат на победнички пат, но тоа сигурно нема да им биде лесно против сериозниот тим на Маурисио Почетино. Првите 46 натпревари на тимот во натпреварувањето под името „Купот на европските шампиони“ е во периодот 1959-1992, а останатите 255 (има 2 и од квалификациите) се во Лигата на Шампионите. Балансот во овие натпревари е 176 победи (26+150), 67 нерешени (9+58)…

Read More

Македонските млади спортисти утре заминуваат на Младинските Олимписки Игри кои ќе се одржет во Буенос Аирес,а Македонскиот Олимписки Комитет на прес-конференција, ги претстави шесте спортисти, кои ќе ја претстават нашата земја на овој собир на најдобрите млади спортисти во Аргентина. Спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, даде објаснување за начинот на кој биле избрани токму овие спортисти кои ќе бидат дел од овој голем настан. „Да објаснам за јавноста зошто овие спортисти заминуваат во Буенос Аирес, а не некои други. До јануари 2018 моравме да бараме вајлд-карти  во повеќе спортови, но добивме само за четири спортови. Во август, некои дргуи спортист…

Read More

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон е се поблиску до одбраната на титулата, откако возачот на Мерцедес и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон победи на денешната трка за ГН на Русија и со тоа ја зголеми предноста во однос на Себастијан Фетел, која сега изнесува дури 50 бода. Мерцедес доминираше на денешната трка во Сочи, Хамилтон успеа да дојде до првата позиција која не дозволи да му биде одземена до самиот крај и откако повторно се искачи на највисокото место од подиумот пред тимскиот колега Валтери Ботас ја зголеми предноста пред Себастијан Фетел кој мораше да се задоволи само со…

Read More

Манчестер Сити ќе направи понуда од 200 милиони фунти во јануари за младата ѕвезда на ПСЖ и светското фудбалско првенство Килиан Мбапе, објави „Дејли мејл”. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, е исклучително заинтересиран за младата француска супер-ѕвезда и го сака по секоја цена во своите редови. Напаѓачот покажа голем развој во последниве неколку месеци и добро се представи за време на Светското првенство во Русија, на кое неговата земја успеа да ја освои титулата. ПСЖ, исто така, може да се согласи за горенаведената сума бидејќи клубот влегува во сериозни проблеми со купувањето на младиот играч и Нејмар. Имаше дури и…

Read More

Екипата на Дерби Каунти предодена од Френк Лампард направи изненадување во претходното коло елиминирајќи го Манчестер Јунајтед, а сега во 1/8 финалето на Лига купот ќе игра против Челзи. Токму поранепниот играч на Челзи, а сега предводник на Дерби, Френк Лампард ќе треба да се врати на „Стемфорд Бриџ“ и како гостински менаџер да игра против својот поранешен клуб. Во исто време носителот на трофејот Манчестер Сити ќе биде домаќин на Фулам, а освен тоа во оваа фаза на турнирот ќе гледаме и лондонско дерби помеѓу Вест Хем и Тотенхем. Арсенал ќе има навидум лесен ривал во лицето на Блекпул.…

Read More

Еден од главните играчи на Челзи оваа сезона, Еден Азар, откри дека сонувал за трансфер минатото лето. „Јас ќе ви ја кажам вистината. По Светското првенство сакав да заминам затоа што сонувам да играм во Шпанија”, изјави белгискиот играч од средниот ред во интервју за англиските медиуми. „Разговарав со клубот и тренерот. Тие рекоа дека не сакаат да ме пуштат и нема проблем. Среќен сум овде и мислам дека тоа беше вистинската одлука. Имам уште две години од договорот. Можам да потпише нов договор или не, не знам. Лесно ми е да останам. Како што реков, и да останам и да…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопатеги, по дербито со Атлетико Мадрид кое заврши со резултат 0:0 рече дека тимот покажа добра игра и покрај фактот што не можеа да постигнат гол. „Зошто Реал не победи, бидејќи не можевме да постигнеме гол. Генерално покажавме добар фудбал, особено на крајот од првото полувреме, а вториот дел Атлетико напрваи неколку шанис пред се по наши грешки, а не по нивните акции. Имам позитивно чувство иако тимот е втор на табелата и втор натпревар без да постигне гол, сепак покажавме добар фудбал”, изјави Лопатеги за весникот „AC“.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити Серхио Агуеро постигна гол во победата над Брајтон од 2:0 во 7-то коло од Премиер Лигата. Тоа беше неговиот 148 гол во дресот на „граѓаните”  во Премиер Лигата. Аргентинецот се изедначи според овој показател со поранешен напаѓач на Њукасл Алан Ширер кој исто така има постигнато 148 гола. Пред нив има двајца играчи – Вејн Руни (Манчестер Јунајтед – 183 гола) и Тиери Анри (Арсенал – 175). Останува на Агуеро во продолжение од сезоната да се искачи сам на третата позиција, но и да ја намали разликата со водечката двојка.

Read More

Ракометарите на Вардар ја продолжуваат победничката серија во Лигата на шампионите откако забележаа победа на гостувањето кај унгарскиот вицепрвак Веспрем со 25:27. По двете победи на стартот на сезоната над европскиот шампион Монпелје и шведскиот Кристијанштад, пред Вардар вечерва падна и екипата на Веспрем. И покрај тоа што на голот го имаа поранешниот „вардарец“ Арпад Штербик кој мечот го заврши со 8 одбрани, сепак Вепсрем мораше да му честита на Вардар за подобрата игра и победата на оваа средба. Вардар уште во првото полувреме беше на вистинско ниво и имаше предност која на одмор изнесуваше 11:13. Во вториот дел домашната екипа направи пресврт…

Read More

Еден Азар ги отфрли информациите дека наскоро ќе потпише нов договор со Челзи. Белгиецот има договор со „сините” од Лондон за уште две сезони, но од клубот ќе направат обид да го продолжат договорот за уште две години. Во оваа фаза Азар нема намера да потпише, што ги зголеми шпекулациите за евентуален трансфер во Реал Мадрид. „Не сум потпишал нов договор. Уште не”, рече Азар по победата со 2:1 над Ливерпул во Лига Купот, откако го постигна победничкиот гол за Челзи по одлична индивидуална акција. Азар е задоволен од новиот стил на игра, кој го практикува италијанскиот менаџер Маурицио Сари,…

Read More