Ѕвездата на Италијанскиот шампион Јувентус Кристијано Роналдо нема да игра за Португалија до крајот на годинава, објавија медиумите во Португалија. Според истата информација, капитенот на националниот тим на Португалија побарал од тренерот Фернандо Сантош да не испраќа повиците за претстојните натпревари во Лигата на нациите во октомври и ноември. Роналдо изразил желба подобро и побрзо да се прилагоди на својот нов клуб Јувентус.
Author: riste
Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна истрага кон Наполи по натпреварот со Ливерпул кој се играше синоќа во Лигата на шампионите. Наполи успеа да дојде до победа на стадионот „Сан Паоло“ со 1:0, а однесувањето на навивачите на тимот ја натераа УЕФА да започне истрага. Причината е пожарот во секторот на домашните навивачи. Тимот од Италија исто така е обвинет за нерегуларности на стадионот „Сан Паоло“ со кршење на член 38 од УЕФА за безбедносните регулативи. Односно немало слободен простор на местата на проаѓање (скалилата). Случаите ќе бидат разгледани на 18-ти октомври, по што ќе биде донесена одлука.
Како што се очекуваше Герет Саутгејт го продолжи договорот како селектор на Англија до летото 2022-та година, откако оваа година се пласираше со тимот во полуфиналето на Светското првенство за прв пат од 1990-та година. Вчера, беше објавено дека селекторот се согласил да продолжи да ја води националната селекција и денес беше потврдено дека ова се случило. Неговиот помошник Стив Холанд исто така останува со него. „Среќен сум што можам да ја предводам Англија на следните два големи турнири. Да ја искористам оваа можност и да кажам дека е неверојатна привилегија и чест за мене. Обединување на нацијата зад националниот…
Италијанецот Марио Балотели повторно не беше вклучен во составот на Ница. „Супер Марио“ пропушти голем дел од предсезонските подготовки на тимот поради сагата со негово преселување во тимот на Олимпик Марсеј. Подоцна, Балотели се вклучи во процесот на тренинг на Ница и неговата физичка состојба беше далеку под нивото на професионален спортист. Ова значи дека Италијанецот ќе го пропушти натпреварот на неговиот тим предводен од Патрик Виера против Толус кој се игра во утревечер. „Не се сомневам дека Марио сака да се најде во најдобра форма. Тој ги има сите квалитети за тоа. Треба да биде трпелив и да работи…
Најдобрата репрезентација на Македонија на најдобар начин со две победи на воведните два натпревари го отвори новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации. Натпреварувањето преку кое Македонија ќе се обиде за прв пат во својата историја да обезбеди пласман на Европско првенство го продолжуваме со два натпревари овој месец, на 13. октомври на Националната арена „Филип Втори“ против Лихтенштајн, а три дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија. На мечот против Лихтенштајн, на 13 октомври, во Скопје, се навршуваат 25 години од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија, пријателскиот меч со Словенија (4:1) во Крањ. По тој повод Фудбалската…
Голманот на Арсенал, Петар Чех, ќе биде отсутен од теренот околу еден месец, соопштиле денес од клубот. Тој доби повреда на натпреварот против Ватфорд во саботата. 36-годишниот голман се повреди при едно уфрлање на топката во игра и доби истегнување на мускулот непосредно пред паузата кога беше заменет од Бернд Лено. Се очекува да продолжи со тренинг по четири недели. Чешкиот голман сигурно ќе пропушти два натпревари од Лигата на Европа и натпреварите од Премиер Лигата против Фулам, Лестер и Кристал Палас. Не е познато дали голманот на Арсенал ќе закрепне за домашниот натпревар со Ливерпул на 3 ноември.
Суперѕвездата Златан Ибрахимовиќ може сензационално да се врати во италијанската Серија „А”, информираше италијанскиот весник „Кориере дела сера”. Според изданието токму Ибрахимовиќ е посакуваното ново засилување во зимскиот трансфер период, со кое тренерот Џенаро Гатузо сака да го засили нападот на својата екипа. Тренерот на „росонерите” има потреба од засилување во нападот, а сака играчот да има доволно искуство и во европските клубски натпреварувања, за да му помогне на тимот да се избори за место во зона на Лигата на шампионите и да стигне што е можно подалеку во Лига Европа. Ибрахимовиќ, природно, ги исполнува сите критериуми на миланскиот гигант,…
Тренерот на Реал Мадрид Јулен Лопатеги го коментираше поразот со 0:1 како гостин кај ЦСКА Москва во дуел од групата „Г“ во Лигата на шампионите. Според тренерот на Реал Мадрид кој го наследил Зинедин Зидан на клупата на Реал, неговата екипа немала среќа на оваа средба, а тоа било еден од основите фатори што загубиле во Москва. „Ние создадовме многу шанси, напаѓавме на сите начини – по крила, низ центарот, шутираавме од далечина. Топката едноставно не сакаше да влезе во голот на противникот. За противникот натпреварот беше совршен – постигнаа гол во раната фаза од мечот и ја одржуваа предноста.…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред натпреварот со Наполи со пофални зборови за противникот и тренерот Карло Анчелоти.Овие два тима се среќавата вечерва во натпревар од второто коло во Лигата на Шампионите. „Ми се допаѓа Карло Анчелоти, го почитувам многу. Тој рече доста добри работи за нас и за мене пред натпреварот. Убаво е, но е тактика. Карло долго време е во фудбалот. Ние сме подготвени за битка. Наполи има фантастичен тренер, фантастичен тим и емоционална публика”, изјави Клоп. Тој даде коментар и за контролниот меч кој двата тима го одиграа во текот на летото, кога Ливерпул победи со 5:0…
Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ ги повика своите соиграчи да останат смирени и да се гледа позитивно на работите, по поразот во Москва. Екипата на Реал Мадрид забележа неколку слаби резултати и тоа сигурно ќе го зголеми притисокот врз тимот кој не успева да ги искористи и грешките на Барселона на домашната сцена. „Сигурен сум дека ќе ги надминеме брзо овие проблеми. Треба да останеме позитивни, да продолжиме да работиме, да се подобриме и едноставно да го добиеме следниот натпревар” коментираше по натпреварот Модриќ. „Навистина не очекувавме да изгубиме поени во овој натпревар и разочарувањето се чувствува во соблекувалната.…
