Author: riste

Екипата на Рома се наоѓа во ресултатска криза, по поразот во ЛШ, тимот од Рим загуби и на гсотувањето кај Болоња, а тоа го запали црвеното светло кај раководството на екипата. Веднаш почнаа и првите натписи дека Пауло Соуса е опција за наследник на Еузебио де Франческо, на чело на Рома. Португалскиот тренер во моментов е предводник на кинескиот Тијанжин, но според „Кориере Дело Спорт“, можно е брзо да фати авион за Рим. Според италијанските медиуми, Ди Франческо мора да ги докаже своите квалитети во следните две средби доколку сака да остане во Рома. Во спротивно, ќе следува разделба меѓу…

Read More

Американскиот голф играч Тајгер Вудс го освои својот прв турнир по пауза од пет години по триумфот во Атланта. 42-годишниот голф играч ја постигна својата 80-та победа во својата кариера на ПГА турнејата и му требаат уште два трофеи за да го собори рекордот на Сем Снид. Во последниве години, Тајгер Вудс имаше проблеми со повреди, но и казни поради употреба на забранети супстанции. По операцијата, тој речиси целосно ја пропушти претходната сезона, но оваа година постепено ја обнови својата форма. Тајгер Вудс е најпопуларниот голф играч, како и еден од најбогатите спортисти во историјата со повеќе од 1,5 милијарди…

Read More

Барселона е во потрага по играчи кои можат да бидат потенцијална замена за напаѓачот Луис Суарез , кој во јануари следната година ќе наполни 32 години. Како што пренесува „Скај Спортс“, а како вест пренесена од „Дон Балон“, листата на можни алтернативи на интернационалецот од Уругвај ја сочинуваат четири играчи. Главните кандидати на Барселона се Хари Кејн (Тотенхем) и Роберто Фирмињо (Ливерпул). Во случај на неуспех во обидот да се ангажира барем еден од нив, Барселона е подготвена да се префрлат на Мауро Икарди ( Интер) или Тимо Вернер (РБ Лајпциг). Во секој случај, потенцијалното ангажирање на некој од овие играчи е планирано за следното лето. Суарез се пресели во Барселона во…

Read More

Поранешниот фудбалер и ѕвезда на светскиот фудбал Дејвид Бекам, имал прелиминарни разговори со Зинедин Зидан за можната работа во клубот од МЛС лигата – „Интер Мајами”. Бекам, кој го поседува клубот, сака да го види францускиот тренер како главен тренер. „Интер Мајами” ќе започне да игра во МЛС од 2020 година. Да потсетиме, во јануари, МЛС официјално го објави вклучувањето на клубот од Мајами во лигата. Тимот ќе настапува на стадионот во центарот на градот, наменет за 25 илјади гледачи. Изградбата на арената, според американските медиуми, ќе чини 200 милиони долари. Претходно, Бекам рече дека очекува да го убеди на овој потег и Лионел Меси, но…

Read More

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини, смета дека сегашниот тим на „бјанконерите” е најсилен во последните осум години. Ова е периодот во кој Јувентус направи една многу хомогена екипа и е неприкосовен во Италија. Киелини рече дека не го сметал само составот на Јувентус и неговата сила како тим. Во последниот натпревар, Јувентус играше против Фрозиноне, но постигнаа победа од 2:0 со головите на Кристијано Роналдо и Федерико Бернадеси во последните десет минути. „Игравме многу сконцентрирано и фокусирани. Тоа беше еден од оние тешки натпревари против тимови кои можат да не казнат и при најмала грешка. Со квалитетите што ги имаме,…

Read More

Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри не бил изненаден од тешкотиите кои „бјанконерите” ги имаа при гостувањето кај Фрозиноне во меч од 5.коло на Серија „А“. Јувентус дојде до тешка победа со 2:0, којаја остварија со погодоци во последните десетина минути преку Кристијано Роналдо и Федерико Бернадески. „Очекував вака да биде. Фрозиноне загуби со 0:5 од Сампдорија во минатото коло и против нас излегоа многу мобилизирани. Ние во исто време пак имавме замор, бидејќи игравме со 10 играчи 70 минути во натпреварот со Валенсија во Лигата на Шампионите. Ние само требаше да покажеме повеќе трпение и да го чекаме нашиот момент.…

Read More

Тренерот на Милан Џенаро Гатузо беше исклучително разочаран од нерешениот резултат 2:2 против Аталанта на домашен терен , а одигран во рамките на 5.коло од Серија „А“. „Росонерите” испуштија победата во дополнителното време, кога гостите од Бергамо израмнија на 2:2. „Јас сум многу вознемирен и разочаран. Ние сме тим со две лица. Игравме исклучително добро во првата половина од средбата, а во последните 30 минути ние само се браневме. Свесен сум дека не можеме да бидеме активни во сите 90 минути од натпреварот. Треба да се подобриме, бидејќи претстојат многу натпревари и ако не ја контролираме ситуацијата до крајот, тогаш…

Read More

Реал Мадрид е категоричен и цврсто се спротивстави на плановите за играње натпревари од Ла Лига во САД. Ова е објавено денес од претседателот на клубот, Флорентино Перез. Како што е познато, Шпанската фудбалска лига се обидува да ги однесе натпреварите од првенството од другата страна на Атлантикот за да го промовира шпанскиот фудбал во Америка. Првиот избран натпревар е помеѓу Џирона и Барселона во јануари, идејата е да се одигра во Мајами. „Ние нема да одиме во САД. Не знам кои интереси ги штитат од Лигата, но тоа сигурно не се интересите на клубовите и самите обожаватели. Затоа ние…

Read More

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, беше задоволен од победата над Сампдорија, но разочаран од начинот на кој беше изклучен од главниот судија. Вистинска драма се случуваше на оваа средба, беа поништени два гола на Интер и еден на Сампдорија, сите по реакција на ВАР системот и сите оправдани. Пред финалната разврска на мечот на „Луиџи Ферарис” екипата на Интер дојде до предност која на крајот се покажа решавачка бидејчи тој гол беше постигнат во 94 минута, а остануваше да се игра уште една минута до крајот. „Се свртев кон камерата и извикував”, рече Спалети за неговото исклучување. „И четвртиот судија…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид Јулен Лопетеги е на мислење дека неговиот тим е преоптоварен како на физички, така и психички по вчерашниот успех со 1:0 над Еспањол. Европскиот шампион оствари важна победа со која се искачи на врвот на табелата, привремено до вечерва кога Барселона игра против Џирона. „Ова се комплицирани натпревари за нас без разлика кој е противникот. Треба да се напомене дека Еспањол беше добро организиран – со добар тренер и добри играчи. Ова е причината зошто не успеавме да постигнеме втор гол. Имаше психолошко оптоварување, а и физички се почуствува дека сме играле тежок натпревар пред неколку…

Read More