Author: riste

Во премиерниот натпревар во Лигата на шампионите, екипата на Црвена Звезда одиграа нерешено, без голови протов фаворитот Наполи, а тоа значеше и прв бод на поранешниот европски шампион во ова натпреварување. Тренерот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, искажа многу добри зборови за своите играчи по натпреварот против Наполи. „Фантастично е што по толку години се вративме во елитата на европскиот фудбал и го направивме тоа со добар резултат против толку силен ривал. Наполи има неверојатен тренер во лицето на Карло Анчелоти и во текот на изминатите неколку сезони се бори за титулата во Серија „А”. Бевме свесни дека ќе доминираат…

Read More

Италијанските медиуми на големо пишуваат за мечот во Белград, меѓу Црвена Ѕвезда и Наполи. А еден од нивните соговорници за анализа пред овој натпревар е легендарниот поранешен фудбалер на Црвена Ѕвезда Роберт Просинечки. Актуелниот селектор на БиХ признава дека Наполи е фаворит, но гледа надеж и за Црвена Ѕвезда. „Ова е натпревар во кој е многу важна страста со која влегуваат играчите. Црвена Ѕвезда прв пат игра натпревар од ЛШ. За клубот и навивачите е ова многу емотивен момент. Наполи ќе мора да биде многу претпазлив во почетната фаза од средбата“ вели Просинечки во изјавата за медиумите од Наполи. „Нема…

Read More

Вечерва стартуваат возбудувањата од новата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите. Стартува  борбата за титулата во најбогатото и најатрактивно натпеварување во организација на УЕФА. Оваа година УЕФА го зглеми наградниот фонд, па така за секоја победа се добива 2,7 милиони евра, додека за освоен бод се добива 900 000 евра. УЕФА ја промени и сатницата за одигрување на натпреварите, па наместо во стандардниот термин од 20.45 часот, сега натпреварите ќе се играат во два термини во18:55 часот и во 21.00 часот. Во овој прв термин денес ќе бдат одиграни натпреварите од групата „Б“. Првиот меч е меѓу Интер…

Read More

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски денес го објави списокот за ЕХФ неделата што ќе се одржи во период од 24 до 30 септември 2018. Првиот собир ќе се одржи на 24 септември со почеток во 10:00 часот во спортската сала „Мајка Тереза“ при ЈУ Детски Дом 11-октомври во Скопје. Во склоп на ЕХФ неделата, Македонската сениорската репрезентација, покрај тренинзите, ќе одигра и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Италија. Список на ракометарки за ЕХФ неделата: Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Саздовска, Марија Тасевска, Сара Ристовска, Марија Гајиќ, Марија Штериова, Теодора Керамичева, Марија Николиќ, Душица Ѓоргиевска, Леонида Гичевска, Елена…

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Вест Хем, Лукас Перез, ги негираше информациите дека во текот на викендот одбил да влезе на теренот на мечот со Евертон кога неговиот тим успеа да победи како гостин со 3 спрема 1. „Со оглед на невистинитите информации дистрибуирани во медиумите треба да објаснам што навистина се случи. Во целата кариера никогаш не сум одбил да одам на загревање. Во Вест Хем играчите кои седат на клупата се загреваат од 3 до 5 минути и тоа се врти во круг“ – вели Перез. „Кога Марко Арнаутович беше повреден, седнав на клупата по загревањето. Тренерот ми даде…

Read More

Фудбалската асоцијација на Англија покрена официјално обвинение за менаџерот на Дерби Каунти, Френк Лампард. Поранешниот играч на Челзи беше избркан во 77-тата минута на дуелот со Ротердам кој не говиот тим го загуби со 1-0, со што ја прекина серијата од три последователни победи. Пред тоа, во 58-тата минута и Том Лоренс од составот на Дерби доби црвен картon. Пет минути потоа Ротердам поведе со гол од пенал на Рајан Менинг. Лампард тогаш ја напушти обележаната зона за да протестира против судиските одлуки. Токму поради тоа е обвинет за непристојно однесување од страна на Фудбалската асоцијација на Англија.

Read More

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, кој има освоено 16-ет титули од значајните Грен Слем турнири, очекувано останува на првата позиција на светската ранг-листа иако настапи само во „Дејвис купот”. Надал веќе 700-тини недели е во Топ 10 со што стана четвртиот тенисер во историјата што направил такво достигнување. Пред него се Роџер Федерер со 830 недели, Џими Конорс со 817 и Андре Агаси со 747. Надал последен пат не бил рангиран меѓу најдобрите десет тенисер на светов на 18 април во 2005 година. Од тој датум до денеска, Шпанскиот тенисер во континуитет е меѓу најдобрите десет иако во еден период се…

Read More

Макс Верстапен ќе биде казнет за наредната трка во Русија поради промена на моторот. За време на целиот викенд во Сингапур, Холанѓанецот се жалеше на непријатни проблеми со моторот на Рено и неправилната опрема. Верстапен изјави дека се бил гневен  додека течеле квалификациите бидејќи моторот му создавал проблеми.  На самата трка кога влезе безбедносното возило, неговиот мотор речиси запре, но, тој успеа да го стартува со прва брзина и да се врати на патеката. Шефот на тимот, Кристијан Хорнер, потврди дека Верстапен ќе мора да настапи со нов мотор што авматски значи и казна од ФИА. „Тој презеде ризик со…

Read More

Фудбалските возбудувања во УЕФА Лигата на шампиони започнуваат утре со одигрувањето на натпреварите од првото коло. Оваа сезона УЕФА ги има зголемно сумите кои ќе ги заработа екипите со својот настап во Лигата на шампионите. Влезот на групата на ЛШ значи заработка од 15,25 милиони евра (12,7 милиони беше минатата сезона) на секој од 32-та клуба. Секоја победа е важна затоа што носи износ од 2,7 милиони евра (1,5 милиони беше минатата сезона), а нерешен резултат или бод значат 900 000 евра (500 000 евра беше минатата сезона). Доколку една екипа победи на своите шест натпревари, ќе заработат 16,2 милиони…

Read More

Откако го совладаа европскиот првак Монпелје во првото коло од Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар сега ги очекува домашен натпревар од СЕХА лигата против романската екипа, Стеауа. Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо со пофални зборови за играта на романскиот тим и најавува дека никако не треба да се опуштат. „Не очекува нов меч во СЕХА. Тие имаат добар тим и играат одличен ракомет. Мора да бидеме фокусирани на овој натпревар, да одиграме максимално и да победиме. Победа против Монпелје ни е многу важна, покажавме дека имаме силен тим. Проблем е што немаме многу играчи како минатата година за…

Read More