Раководството на Баерн Минхен има зацртана цел, а таа е да го донесат во своите редови Хјун-Мин Сон, информираше „Калчомеркато“. Кореанецот е меѓу варијантите за крилен напаѓач на местото на ветераните Франк Рибери и Ариен Робен, кои тешко дека ќе останат во клубот. На крајот на сезоната, Французинот ќе има 36 години, а неговиот холандски колега ќе наполни 35. Во моментов, Сон е во сопственост на Тотенхем, но стана популарен во Бундеслигата. Тој првично беше во Хамбургер, а потоа играше за Баер Леверкузен. Кингсли Коман и Серж Гнабри се фудбалерите кои оваа сезона се задолжени да ја пополнуваат позицијата на…
Author: riste
По настапот и убедливиот пораз во Лигата на Шампионите против Спортинг во Лисабон, ракометарите на Металургги очекува враќање на обврските во регионалната СЕХА лига. Следна задача за ракометарите и тренерот на Металург Данило Брестовац ќе биде босанскиот шампион Извиѓач. Помошниот тренер во Металург, Оливер Димитриоски, очекува позитивен резултат, и покрај тоа што истакнува дека резултатот не е во преден план. „Во среда не очекува меч со Извиѓач, тим кој загуби три натпревари. Се надевам дека ситуацијата со повредени играчи ќе се смени и конечно ќе имаме поголем избор во ростерот. Под знак прашалник ќе бидат Јагуриновски и Велковски. Се надевам на…
Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата од почетокот на векот – Двејн Вејд ќе остане во Лигата уште една сезона. Ветеранот размислуваше сериозно дали да ја прекине кариерата, но на крајот одлучи да го облече дресот на Мајами Хит за уште една сезона. До крајот на неделава се очекува тој да потпише договор кој ќе му донесе скромните 2,4 милиони долари. „Отсекогаш сум ги правел работите на свој начин, без разлика дали се добри или лоши. Дојдов бидејќи го правам она што сметам дека е најдобро за мене и моето семејство и што го сметам за правилно. Сега мислам…
Гледачите на натпреварот од бразилската Серија „А” меѓу Васко де Гама и Фламенго беа сведоци на еден нескојдневен момент. Фудбалери и на двата тима мораше да го туркаат автомобилот на амбулантата за да излезе од теренот откако автомобилот заглавил, а требало да транспортира повреден играч. Играчот на Васко де Гама Бруно Силва ја удри главата со соиграч при скок и борба за висока топка, по што падна на земја и загуби свест. Амбулантна кола влезе на теренот за да го изнесе надвор од теренот и транспортира во болницата, но заглави на теренот на стадионот „Мане Гаринча”. Играчите на двата тима…
Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Ерик Беили може да побара да го напушти клубот уште во јануари, откако лондонските екипи Тотенхем и Арсенал пројавуваат интерес кон него, тврди весникот „Мирор”. 24-годишниот дефанзивец го загуби првотимскиот статус по поразот од Брајтон минатиот месец. Тогаш тој бил посочен од менаџерот Жозе Мурињо како еден од главните виновници за поразот од Брајтон. Потоа Беили беше изваден од составот за дербито со Тотенхем, а со Барнли и Ватфорд се појавуваше како резерва, но само во дополнителното време. Ако овој тренд продолжи, тогаш Беили ќе стори сé за да го смени клубот што е можно…
Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри го осуди однесувањето на бразилскиот играч од средниот ред, Даглас Коста, кој доби црвен картон при победата со 2:1 над Сасуоло од четвртото коло на Серија „А“. Дуелот ќе остане забележан поради деби головите на мегаѕвезда Кристијано Роналдо во дресот на „бјанконерите “. „Даглас беше испровоциран, но тоа не е важно. Слично однесување е недопустливо. Не треба да подлегнуваат на провокации, тоа е нешто што немаме потреба во моментов. Можевме да постигнеме и трети гол по 2:0, но играчите почнаа да дејствуваат индивидуално и тоа доведе до намалување на резултатот, а потоа го загубивме и…
Вардар го победи Монпелје, а голманот на нашата екипа, српскиот интернациионалец Дејан Милосављев веднаш се најде во центарот на вниманието и со признание за најдобар голман во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. ЕХФ ги процени неговите одбрани како најдобри и ова деби на Милосављев на голот на Вардар во ЛШ го вреднуваше со тоа што го смести во идеалниот тим на колото. Во идеалниот тим, Рајн Некар Левен е единствената екипа која има двајца ракометари: Идеален тим на првото коло на Лигата на шампионите: Голман: Дејан Милосављев (Вардар) Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн Некар Левен)…
Ракометарите на Металург очекувано се поразени во стартниот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. Она што го најавуваше тренерот Брестовац , тоа и се случи, неговите млади ракометари на тактичи план играа добро, но не издржаа на физички план и падна во играта во вториот дел од средбата. На крајот натпреварот заврши со победа на домашната екипа од 34:26, а на полувреме беше нерешено 13:13. Самиот резултат покажува што се случуваше на оваа средба, Металург беше рамноправен противник во првото полувреме, а во вториот дел тотален потоп, постигнаа 13, но примија дури 21 го, што беше решавачко за…
Ракометарите на Вардар со голема победа против актуелниот шампион на Европа го започнаа настапот во новата сезона во Лигата на шампионите. Поранешниот шампион славеше на гостувањето кај актуелниот европски првак Монпелје со 24:27. Натпреварот започна без некоја екипа да направи поголема предност, се играше изедначено, па на одмор се замина со предност на Вардар од 11:12. И во вториот дел од мечот Вардар беше тимот кој во главно ја имаше предноста , но не успеа да направи поголема разлика се до самиот крај од мечот кога поведе со 4 гола разлика (23:27) кои на крајот Монпелје успеа само да ги…
Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе изјави дека неговиот тим се најде во тешка група во Лигата на шампионите. Парижаните ќе играат со Црвена Ѕвезда, Ливерпул и Наполи. Тој изјави дека ќе биде среќен да се сретне во финалето од ова натпреварување против Јувентус. „Имаме тешка група, но тоа е нормално за Лигата на Шампионите, бидејќи тоа е најсилниот турнир во Европа. Натпреварот против Наполи ќе биде тежок. Тимот на Анчелоти покажува добар фудбал со јасна филозофија и висок пресинг. Имам еден непријатен спомен поврзан со него – во 2016 година загубивме со Монако 0:5 во пријателски натпревар. Финалето ПСЖ -…
