Author: riste

Менаџерот на Евертон Марко Силва има огромни кадровски проблеми пред домашниот натпревар против Вест Хем во англиската Премиер лига оваа недела. „Карамелите” можат да бидат без 12 фудбалери кои ќе бидат отсутни за средбата со „чеканите” која се игра во недела од 17 часот. Бразилскиот голгетер Ричарлисон ќе пауза на првиот од трите натпревари казна по директниот црвен картон против Бурнемаут (2:2) во третото коло. Тео Волкот има проблем повреда, а Доминик-Калверт Левин заработи повреда зглобот во натпревар на младинската репрезентација на Англија до 21 години. Повредени се уште Џејмс МекКарти, Мајкл Кин, Фил Јагиелка и Андре Гомеш. Идириса Геј…

Read More

Арсенал преговара со дефанзивецот Начо Монреал да го продолжи договорот. Тоа е она што самиот фудбалер го изјави во интервју за „Скај Спортс“. Овој шпански дефанзивец има договор кој му завршува на крајот од оваа сезона, што значи дека може да потпише прелиминарен договор со секој тим во јануари и кој ќе може да стапи во сила следното лето. Сепак, желбата на играчот е да остане на „Емирати“. „Во моментов преговарам со клубот за нов договор и секогаш велев дека сум многу среќен тука и ќе бидам среќен доколку продолжам да играм за Арсенал што е можно подолго”, изјави Монреал.…

Read More

Шпанската фудбалска федерација (ФЕФ) сака да ја претстави својата кандидатура за организација на Светското првенство 2030 или Европското првенство 2028, пренесоа извори блиски до федерацијата. Оваа идеја била разгледана на состанокот помеѓу премиерот Педро Санчез, претседателот на ФЕФ, Луис Рубиолес и на ФИФА, Џани Инфантино. Истите извори тврдат дека има две можности за организирање на Мундијалот 2030. Едната е преку самостојна кандидатура, а другата таа да биде заедничка со Португалија и Мароко. Досега Шпанија беше домаќин само на Мундијалот 1982, а следните две изданија на најголемиот фудбалски собир ќе бидат во Катар по четири години и САД, Мексико и Канада…

Read More

Фудбалерот на Италијанскиот шампион Јувентус, Сами Кедера, изрази задоволство од новиот договор кој го потпиша со клубот. Претходно во текот на денот „бјанконерите” најавија дека се задоволни од тоа што Кедира потпиша договор кој ќе биде со важност до 2021 година „Уште од мојот прв ден во Торино се чувствувам особено задоволен, исто како да сум дома. Многу сум горд што сум дел од големата историја и семејството на Јувентус. Да продолжиме да пишуваме црно-бела приказна”, гласи пораката на Кедира на „Твитер“. Тој се пресели во Јувентус во 2015 година по истекот на неговиот договор со Реал Мадрид. За овој…

Read More

Напаѓачот на Јувентус и Аргентина Пауло Дибала има ретка можност да игра заедно со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Со Меси е партнер во аргентинската репрезентација, а со Кристијано Роналдо е соиграч во шампионот на Италија. „Роналдо е одличен фудбалер. Имам шанса да можам да играм со двајцата”, коментираше Дибала. Овој фудбалер не се грижи поради тоа што по доаѓањето на Кристијано тој не може да добие доволно шанса во Јуве. „Сезоната е долга. Секоја средба е незгодна и мора да се потрудиме да победиме. Јас треба да се подготвам за следниот натпревар. Освен тоа почнуваме и натпревари во ЛШ…

Read More

Настапот на фудбалерите во шпанскиот национален тим , но и другите селекции кои имаа активности во овој период не влијаеше добро на Атлетико Мадрид. Како резултат на настапите на репрезентациите и натпреварите на националните селекции, четворица играчи на Атлетико Мадрид се вратија во клубот повредени – Стефан Савиќ, Сантијаго Аријас, Никола Калиниќ и Анхел Кореа дојдоа во Мадрид со одредени повреди. Црногорецот има потрес на мозокот, десниот бек има фрактура на ребрата, напаѓачот со повреда на зглобот, а крилниот играќ со болка во левото колено, поради што ја пропушти синоќешната контрола на Аргентина на Колумбија (0:0). Следниот натпревар на Атлетико…

Read More

Денес во Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија беше одржана прес-конференција на која беше најавено одржувањето на Европскиот Триатлон куп и Балканското првенство во триатлон, кој Триатлон Федерација на Македонија ќе го реализира  во период од 14-16 Септември во Охрид. Агенција за млади и спорт, како генерален покровител на настанот, покрај Општина Охрид и МОК, се вклучи во поддршка на овој врвен спортски настан кој за прв пат ќе се одржи во Охрид. Патеката на која се одржува овој настан ќе започне на „Бафало бич“ каде ќе започне пливањето, па потоа велосипедизам до „Свети Стефан“ и на крајот…

Read More

Играчот од средниот ред на Зенит Леандро Паредес се согласил да оди во Милан во зимскиот трансфер период, пренесува „Калчомеркато“. Спортскиот директор на Милан Леонардо и директорот на одделот за стратегијски развој на клубот Паоло Малдини имале успешни преговори со претставниците на Паредес, а аргентинскиот играч ја изразил својата подготвеност да се приклучи на Милан. Италијанскиот клуб може да започне преговори со Зенит во јануари. Се претпоставува дека за Паредес, исто така, биле заинтересирани Јувентус и Реал, Зенит сака да добие за играчот од средниот ред околу 30-35 милиони евра. Во тековната сезона на Руската Премиер Лига, Паредес учествуваше на шест…

Read More

По неколку месеци шпекулации Скудерија Ферари конечно го најави заминувањето на Кими Раиконен по крајот на сезоната. Шарл Леклер од Заубер ќе дојде на негово место. Пред да почине, Серџо Маркионе имаше изјавено дека договорот на Раиконен нема да биде продолжен, а Леклер ќе го замени. По неочекуваната смрт на Италијанецот се појавија мислења дека можеби ќе настапи промена, но изгледа новото раководство сака да се придржува кон она што го мислел Маркионе. „Скудерија Ферари истакнува дека по крајот на сезоната 2018, Кими Раиконен ќе се повлече од својата сегашна улога”, се вели во официјалното соопштение. “Во годините кои се…

Read More

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ќе му го отстапи првотимскиот статус на голот на ПСЖ на францускиот репрезентативен голман Алфонсо Ареола. Ова го најави тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, во интервју за француските медиуми. „Одлуката не ми е конечна, но одиме кон тоа Ареола да биде наш голман број 1. Алфонсо потекнува од школата на ПСЖ и сака да настапува за својот клуб, затоа што изминатите години беше на позајмици во Ленс, Бастија и Виљареал. ПСЖ треба да се гордее со такви играчи кои ја носат идејата за клубот во срцето” рече Тухел. Во првите две кола од Лига 1…

Read More