Author: riste

Крилниот играч на Тотенхем Лукас Моура беше избран за играч на месец август во Премиер Лигата. 26-годишниот фудбалер започна одлично оваа сезона од англиското првенство, постигнувајќи три гола во победата на неговиот тим над Њукасл, Фулам и Манчестер Јунајтед. „Тешко е да се објасни како се чувствувам. Многу сум среќен затоа што знам дека не е лесно да се добие оваа награда. Го чекав овој момент. Морам да уживам во тоа и да продолжам да работам, бидејќи верувам дека сум способен за многу повеќе”, рече Моура при добивањето на наградата. Тој е 22-тиот играч на Тотенхем и 4-ти Бразилец кој…

Read More

Македонскиот млад ракометар Филип Кузмановски се договори со неговата досегашна екипа Металург за раскин на договорот и тоа на само десет месеци до крајот на неговиот договор. Лошата финансиска состојба на оваа екипа и неисплатените плати го натераа 22-годишниот репрезентативец да ја промени средината. Во преостанатиот дел од сезоната Кузмановски се определи да настапува за екипата на Еурофарм Работник од Битола, откако постигна договор со раководството на овој клуб за соработка до мај 2019 година. Веќе од наредната сезона, Кузмановски ќе ја продолжи кариерата и ќе заигра во најсилната лига во светот, Бундеслигата, ќе ги брани боите на Магдебург. Кузмановски ќе биде…

Read More

По две гостувања кај Вардар и Мешков Брест екипата на Металург в недела ја очекува првата средба на домашен терен, а им гостува екипата на Нексе во рамки на 3. коло од СЕХА-лигата. Нексе е тим кој оствари две победи на стартон на сезоната и покажа дека нема да биде лесен противик за никого оваа сезона. Ако досега Металург беше аутцајдер, сега се андева дека ќе биде рамноправен противник со Нексе и ќе се обиде да дојде до првите бодови. „Одигравме два меча со Вардар и Мешков Брест. Објективно тоа се посилни екипи од нас и со поголем буџет. Доцна…

Read More

И покрај тоа што досега нема постигнато гол на официјален натпревар Кристијано Роналдо продолжува да го дава својот придонес во зголeмувањето на вредноста на својата нова екипа. Токму поради неговиот трансфер во италијанскиот шампион, акциите на Јувентус на берзата продолжува да растат и со тоа ефектот од трансферот на Роналдо го чуствуваат во Јувентус. Вредноста на „старата дама” на берзата сега изнесува 1.343 милијарди евра, нов рекорд кој ја испрати во историја претходната максимална вредност на хартиите од вредност на клубот од Торино од јануари 2002 година, кога изнесуваше 1.3247 милијарди долари. Во моментов една акција на Јувентус чини 1.409…

Read More

Еден од најголемите фудбалски натпревари во светот, шпанското „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, го доби терминот за одигрување во рамки од 10. коло на Ла Лига. Шпанските медиуми денес информираа дека двата најголеми фудбалски клуба во Шпанија својата прва пресметка оваа сезона ќе ја имаат на „Камп Ноу“ на 28 октомври со почеток од 16:15 часот. За Каталонците тоа ќе биде втор домашен натпревар во четири дена, затоа што само неколку дена претходно ќе им гостива Интер во рамки од Лигата на шампионите. Реал, пак, ќе патува на теренот на својот голем ривал пет дена по мечот против…

Read More

Македонија победи против Гибралтар и ги прокнижи првите бодови во Лигата на нации, на оваа среба одга две различни полувремиња, но тоа е нешто што може да окаректеризира и како тактика на нашиот стручен штаб за да се сочуваат силите за мечот со Ерменија. Нашиот репрезентативец Стефан Спировски истакна дека нашите фудбалери добиле еден тежок натпревар. „Успеавме да добиеме тежок меч со една репрезентација која се бореше за секоја топка. Игравме на тежок терен, меѓутоа навреме го отворивме резултатот и со вториот гол беше полесно да се игра. Ни требаше малку време да се прилагодиме. Противникот чекаше на наша грешка. Не успеавме…

Read More

Нашата фудбалска репрезентација ја исполни својата цел, а селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски е задоволен од постигнатото на првиот натпревар. По натпреварот со Гибралтар на официјалната прес-конференција Ангеловски изјави: „По она што дојдовме, го остваривме. Почнуваме со три бода и со победа на стартот. Како што се договоривме, брзо отворивме и потоа заштедивме сили за мечот со Ерменија. За три дена имаме тежок натпревар и моравме да мислиме и на тој дуел. Пандев е многу важен фудбалер во нашата селекција, во неделата играше цел натпревар за Џенова, па токму затоа одлучив да го заштедам. На полувреме се договоривме да…

Read More

Нашата фудбалска репрезентација ја оправда улогата на фаворит на стартниот меч од новото натпреварување на УЕФА за квалификација на Европското првенство 2020 година. Македонија го доби натпреварот на гостувањето кај Гибралтар со 2:0, а дека нема да остава ништо на случајаноста покажа уштево првото полувреме. Нашите фудбалери доминираа во првиот дел кој го добија со 2:0 со головите на Иван Тричковски во 19.минута и Езџан Алиоски во 35.минута, а притоа упатија и уште неколку удари кон противничкиот гол. За разлика од Македонија, домашната селекција го заврши првиот дел без ниту еден упатен удар кон голот на Димитриевски. На стартот на…

Read More

Црвениот картон на Роке Меса, која во голема мера се спокажа како одлучувачки на дербито меѓу Бетес и Севиља, беше погрешно доделен. Ова го потврди Дисциплинската комисија на Кралската шпанска фудбалска федерација. Овој играч од средниот ред беше исклучен поради вториот жолт картон по судирот со голманот на противничката екипа. „Прегледаните снимки покажуваат дека овој фудбалер се движи праволиниски и не влегол во движењето на голманот. Од друга страна, голманот го погоди играчот и го сруши”, изјавиле од комисијата. Ова значи дека постои прекршок, но не и причина за доделување на жолт картон. Значи, играчот од средниот ред на Севилја…

Read More

Премиер лигата ќе го тестира системот „ВАР“ во 15 натпревари оваа сезона и ќе започне со него по паузата за натпреварите на националните тимови, објави „Скај Спортс“. Судијската комисија на ФА има со цел да докаже дека системот е погоден за употреба во оваа лига, пред да ги презентира своите заклучоци на челниците на Премиер Лигата. Нивната намера е да биде спроведена оваа ВАР технологија на сите натпревари во Англија, односно Премиер лигата во следната сезона. Првите тестови ќе се одвиваат истовремено на петте сабатни натпревари од претстојното коло на англиското првенство, кои започнуваат во 16 часот. Целта е да…

Read More