Марко Асенсио имеша важна улога во победата на неговата екипа на мечот со Легањес и е задоволен од оваа победа на Реал Мадрид. Шпанецот имаше две асистенции во успехот на европскиот шампион на синоќешниот натпревар. Реал Мадрид во моментов е на прво место во Ла Лига со максималните девет поени по 3 одиграни кола. Асенсио повторно зборуваше за трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус. „Јуве ќе биде едно големо семејство, во Мадрид е исто така. Не знам дали ќе бидат подобар тим со него. Нашиот тим секогаш бил таков на теренот и надвор од него. Секогаш сме…
Author: riste
Една од големите ѕвезди на Јувентус, Пауло Дибала, влезе во клубот 100 затоа што веќе има 100 натпревари во Серија „А“ во дресот на екипат ана Јувентус. Аргентинскиот фудбалер е само седмиот фудбалер од Јужна Америка со такви статистики за тимот на Торино. 24-годишниот фудбалер има постигнато 52 гола за „старата дама” и 22 асистенции, а притоа е освојувач на три титули во Серија А, три трофеја во купот на Италија и еден Супер-куп. Десетката на Јувентус исто така беше двапати дел од идеалниот тим на сезоната во Италија.
Босанскиот интернационалец во редовите на Јувентус Миралем Пјаниќ имаше одличен натпревар на мечот со Парма, кој „бјанконерите” го добија со 2:1, а статистиката на искусниот фудбалер по натпреварот е повеќе од импресивна. 28-годишниот играч беше на теренот 72 минути, во кои ја додаде топката 66 пати. Оваа бројка не значни ништо, но интересен е фактот што Пјаниќ не погреши ниту еднаш во додавањето. Тој е единствениот фудбалер кој не забележа погрешно одиграно додавање на овој натпревар од третото коло во Серија А. Интересно е да се напомене дека Емре Чан, кој го замени Босанецот, исто така, направи 20 точни додавања…
Нашиот фудбалски интернационалец Владимир Дади Димитровски се реши повторно да игра во Македонија, Димитровски се определи да го облече дресот на Работнички и повторно да го гледаме на фудбалските терени во Македонија. Владимир Димитровски изминатите години беше дел од екипите на Керкира и Докса во Грција, а сега се договори со Работнички со кого потпиша договор до декември оваа година со можност за продолжување на соработката до крајот на сезоната. „Мислам дека го одбрав вистинскиот клуб за мене во моментов, очекувам да продолжиме со добрите резултати и да се бориме за горниот дел од табелата како и секоја година,приоритет на…
Возачот на Ферари Кими Раиконен изненадувачки ја освои пол-позицијата на патеката „Монца“ каде утре се вози трката за ГН на Италија, која е 14-та трка на календарот од Формула 1 шампионатот. Финецот зад себе ги остави главните конкуренти за шампионската титула Себастијан Фетел и Луис Хамилтон. Зад првата тројка пласман обезбедија Валтери Ботас, вториот пилот на Мерцедес, Макс Верстапен со Ред Бул и Роман Грожан од Хаас. За Кими Раиконен ова е 19-та пол-позиција во кариерата, а доколку утре победи, тоа ќе биде 21. Победа за него. Трката за ГН на Италија се вози утре со почеток од 15:10 часот. Во пресрет…
Познати се групите за новата сезона од Лигата на Европа, неколку супер интересни групи во кој главна улога ќе имаат екипите кои доаѓаат од Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција, но и екипи кои од позадина најавуваат напад на титулата. Еве како изгледаат групите од Лигата на Европа за оваа сезона: Натпреварите од новата сезона започнуваат на 20.септември, а ќе се играат уште на 4 и 25 октомври, 8 и 29 ноември, а ќе завршат со последното шесто коло на 13 декември. Елиминациските натпревари се играат на 14 и 21 февруари 2019 (1/16 финале), 7 и 14 март 2019 (1/8 финале),…
Новиот тренер на Реал Мадрид, Јулен Лопатеги не очекува нови дојдовните трансфери на „Сантијаго Бернабе“ во последните часови на трансфер периодот. Последен кој му се приклучи на „Кралскиот клуб“ е Маријано Дијаз, кој официјално ќе биде претставен како последно засилување на Реал Мадрид за ова лето. „Со пристигнувањето на Маријано, ја завршивме работата за овој трансфер период. Нема да има никакви активности во последните часови. Задоволни сме”, изјави тренерот на Реал Мадрид на прес-конференцијата пред утрешниот натпевар со Легањес. Тој потврди дека Борха Мајорал нема да остане во Мадрид: „Борха е наш играч, но повеќе од веројатно дека ќе биде…
Француската фудбалска ѕвезда во редовите на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ја освои наградата за најдобар фудбалер за минатата сезона во Лигата на Европа. Гризман одигра голема улога во триумфот неговата екипа во второто по квалитет натпреварување на УЕФА. Антоан Гризман беше подобар во изборот за најдобар играч во конкуренција на неговиот клубски колега Диего Годин и Дмитри Паје од Олимпик Марсеј. Гризман не присуствуваше на денешната церемонија во Монако и испрати видео порака од Мадрид, во која се заблагодари за признанието и им оддаде почит на неговите соиграчи, тренери и навивачи.
Шпанскиот шампион Барселона на својата официјална интернет страница објави информација за трансферот на уругвајскиот дефанзивец од Бостон Ривер Роналд Араухо , кој е и капитенот на младинската репрезентација на Уругвај. Со 19-годишниот фудбалер е потпишан договор, кој е со времетраење од пет сезони. Износот на трансферот изнесува 1,7 милиони евра, но земајќи ги во предвид бонусите може да се зголеми до 5,2 милиони евра. Араухо ќе ја започне својата кариера во Барселона во вториот тим. Според условите на договорот, првичниот износ на откупната клаузула ќе биде 100 милиони евра, меѓутоа, ако играчот почне да настапува за првиот тим, таа ќе се зголеми на 200…
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Антони Марсиал е во напредни разговори со клубот за да го обнови договорот. Според информации на весникот „Тајмс“, двете страни се блиску до тоа да се договорат и Марсиал да го продолжи договорот за 5 години со „црвените ѓаволи”, а неделната плата ќе скокне до 130 000 фунти. Не е тајна дека Марсиал е во затегнати односи со менаџерот Жозе Мурињо и сака да биде продаден. Сега, сепак, поранешниот играч на Монако се премисли и верува дека ќе остане во клубот подолго од португалецот. Самиот Мурињо сакал да го пушти Марсиал, но раководството на клубот одби…
