Селекторот на репрезентацијата на Гибралтар, Хулио Цезар Рибас посакува да го освои првиот бод на официјални натпревари за малата британска колонија. Пред натпреварот со нашата репрезентација, Рибас на прес-конференција ги искажа своите очекувања за оваа среба. „Натпреварот ќе биде многу важен за нас, заради историската шанса да играме на домашен терен. Затоа треба да се обединеме и моите фудбалери да го остават срцето на теренот. Верувам дека ќе биде историски натпревар, не е пријателски, туку официјален. Ние знаеме јасно што сакаме, не ни е многу важно што Македонија е фаворитот. Македонија има одлична екипа, има искусни фудбалери како Пандев, но…
Author: riste
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, потпиша нов долгорочен договор со клубот. Англискиот репрезентативец се обрза на верност кон „црвените” до 2023 година. „Многу сум среќен што се обврзав за останување во клубот за долго време. Изгледа не беше толку одамна кога го потпишав првиот договор”, изјави Хендерсон, кој е на „Енфилд” веќе седум години. „За мене ова е една авантура што продолжува и во што уживам. Нема друго место во светот каде што би играл и сакам да останам што е можно подолго”, додаде тој. Хендерсон пристигна во Ливерпул од Сандерленд во текот на летото на 2011 година и има…
Рускиот гигант Зенит од Санкт Петербург официјално го привлече во своите редови иконата на Јувентус, Клаудио Маркизио. Веста беше потврдена и објавена од страна на екипата на Зенит, а 32-годишниот играч од средниот ред потпиша 2-годишен договор со тимот. Тој помина 13 сезони во дресот на „бјанконерите”, но по прилично изненадувачки начин се раздели со тимот ова лето. „Ми се допаѓа и овој клуб и неговите амбиции”, тврди играчот од средниот ред. „Кога го напуштив Јувентус, си ветив дека нема да играм во друг италијански тим, па варијантата Серија „А” не постоела за мене, иако имав неколку добри опции” изјави…
Крилниот играч на Барселона Малколм имал помала повреда. Бразилецот го повредил зглобот и ќе мора да одмора околу една недела. За среќа, сега нема натпревари и тој ќе пропушти само неколку тренинзи на својата екипа. Малколм не беше повикан во репрезентацијата на Бразил, па затоа ќе има доволно време да закрепне пред продолжението на сезона. Тој беше привлечен на „Камп Ноу“ ова лето од Бордо, но засега не може избори место во стартниот состав каде е одличен Осман Дембеле, Французинот покажа одлична форма во првите натпревари. Бразилецот влезе во игра само како замена на мечот со Ваљадолид. Се верува дека…
Македонската сениорска фудбалска репрезентација го одработи првиот тренинг во Гибралтар, планирани се вкупно трите тренинзи на „Викторија стадионот“ каде в четврток против домашната селекција ги отвораме натпреварите од УЕФА Лига на Нации. Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски заедно со комплениот состав реализираше едночасовен тренинг по пристигнувањето во Гибралтар. Нашиот фудбалер од средниот ред, Бобан Николов вели дека почетокот на натпреварувањето е исклучително важен и дека сите ќе го дадат максимумот за да се оствари победа. „Двата први натпревари и против Гибралтар и против Ерменија се многу важни. За нас ова е голем предизвик, но треба да одиме чекор по чекор…
Проблеми за екипата на Вардар и тренерот Парондо, а причината за тоа е потврдата на левиот бек на екипата, Сергеј Горбок кој во следните неколку месеци ќе отсуствува од натпреварите поради повреда. Последните прегледи на коленото покажале скинати лигаменти што ќе го одвојат Горбок од теренот на подолг период , а тоа значи дека нема да може да настапува во СЕХА лигата, како и во Лигата на шампионите. Горбок се повреди во саботата на тренинг, а неколку денови се чекаше прво да се намали отокот за да може да се извршат потребните лекарски прегледи. Мaгнетната резонанца покажа дека се работи за…
Тотенхем најави дека домашниот натпревар со Манчестер Сити ќе се одигра на стадионот „Вембли“. Дуелот ќе се одигра на 29 октомври, во понеделник. Средбите од групната фаза на шампионите против Барселона (3-ти октомври), ПСВ Ајндховен (6 ноември) и Интер (26 ноември), исто така ќе бидат одиграни на националниот стадион. надежите на Тотенхем беа овие натпревари да ги играат на нивниот нов стадион. Одложувањата во последната фаза од изградбата, сепак, ги сменија плановите на клубот. Имаше очекувања првиот дуел на овој нов објект да биде против Ливерпул на 15 септември, но отворањето на стадионот се одложи за неколку месеци. Лондончани објаснија…
Ракометарите на Вардар не само што се рекордери според освоените титули во СЕХА лигата, тие се сопственици и на најдолгата серија без пораз во ова натпреварување. Вардар е тимот кој нема пораз во серија од 27 натпревари во СЕХА лигата. Црвено-црните” се единствениот тим што има серија од 27 натпревари без пораз. Натпреварот со Металург во првото коло од СЕХА Газпром лигата беше меч на кој по 26 пат победуваше нашиот шампион. Во периодот од 13 декември 2016 година па досега, само еднаш ремизирале и тоа против Мешков на гостувањето лани во Белорусија, 25-25. Тоа беше натпревар веднаш по завршувањето…
Убедливата и очекувана победа на Баерн Минхен во Штутгарт вчера се покажа посебна, бидејќи тоа впрочем беше победата број 400 на гостински терен во Бундеслигата. Исто така ова беше 250 натпревар за Франк Рибери во германскиот тим, откако го засили баерн Минхен во текот на летото 2007 година. Од овие натпревари, Французинот беше победник на дури 184, што не може да се пофали ниту еден друг фудбалер. За споредба, Томас Милер морал да одигра 256 натпревари за да победи на толку меча. За Роберт Левандовски пак успехот синоќа е број 100 во Бундеслигата. Полјакот се запиша во листата на стрелците…
Карим Бензема дефинитивно покажува дека беше во сенка на Кристијано Роналдо во текот на изминатите години, но синоќа Французинот успеа да ја надмине поранешната суперѕвезда на Реал Мадрид по едно постигнување. Тој постигна два гола на мечот кој го добија против Легањес со 4:1 и на тој начин успеа да постигне гол против 33-от ривал во Лигата, со што го надмина постигнувањето на Португалецот и се израмни со Хуго Санчез и Раул Тамудо. Лидерот според овој индикатор е Лионел Меси од Барселона, кој има постигнато гол против 36 различни тима во лигата. По него се Ариз Адуриз и Раул, кој…
