Author: riste

Раководството на Спортинг Лисабон има намера да го тужи Атлетико Мадрид за трансферот на Желсон Мартинс. Португалците се незадоволни од некоректно однесување на шпанските колеги и фудбалерот кои потпишаа договор во текот на летото. 23-годишниот играч од средниот ред бил привлечен како слободен агент. Спортинг не се согласува со ова бидејќи Мартинс еднострано го раскинал договорот со клубот. Од Лисабон, бараат Атлетико Мадрид да им плати 45 милиони евра за Мартинс. „Износот на надоместокот за Мартинс беше 100 милиони евра, но ние бевме подготвени да го прифатиме предлогот од 45 милиони”, изјави поранешниот претседател на Спортинг Соуса Синтра. „Јасно им…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар, конечно го решава проблемот на голманската позиција со тоа што го договори трансфер на алжирскиот 21-годишен чувар на мрежата Калифа Гедбан. Алжирецот го бранеше голот на јуниорската репрезентација, а требаше да направи трансфер во шпанскиот Анхел Хименез, но истиот не беше реализиран, па затоа голманот кариерата ќе ја продолжи во нашата земја. Тој веќе ги договори личните услови со Вардар и доаѓа во Македонија. Гедбан беше дел од селекцијата на Алжир на Медитеранските игри во Тарагона, а потоа тренираше со екипата на Анхел Хименез, но тренерот Хулиан Руиз сметал дека не е во потребната форма и затоа…

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија (У21) ја очекува нов предизвик во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство (ЕП) кое се игра во 2019 година. нашите млади фудаблери денес ја пречекуваат селекцијата на Ерменија, против која ја имаат единствената победа во овој циклус на гостувањето во Ереван. Со новиот селектор Добринко Илиевски и новата генерација која се подготвува за наредниот циклус, беше прикажана допадлива игра против Србија, но сепак загубија со гол во финишот од натпреварот. Токму селекцијата на ерменија и овој домашен натпревар може да бидат добра можност да се вратат на победите нашите млади фудбалери, но селекторот Илиевски…

Read More

очекуваше на оваа трка доминираа атлетичарите од Кенија. Атлетичарите од Кенија, Марк Кипчумба Ротич во машка и Сузан Мутони во женска конкуренција триумфирааа на 32-то издание на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид. Делницата од 30 километри Ротич ја мина за 1 час, 42 минути и 44 секунди, додека најдобра атлетичарка имаше време од 2 часа, 8 минути и 19 секунди.  Второто место во машка конкуренција го освои Словакот Габриел Свајда (1.49.44), а трет заврши Илир Рудани од Косово (1.51.10). Најдобар македонски атлетичар беше Александар Кирацоски. Кај атлетичарките Адријана Поп Арсова од Македонија заврши на втората позиција со време (2.09.13), а третопласирана…

Read More

Поранешниот репрезентативец на Англија Џон Тери, кој е слободен агент, е на медицински прегледи во Рим, за да потпише договор со Спартак (Москва), според информации кои ги објави „Скај Спортс”. 37-годишниот фудбалер е подготвен да потпише едногодишен договор со московјани и ќе ја продолжи кариерата во оваа екипа. Џон Тери има неколку можности да ја продолжи својата кариера и во Англија и во странство. Последниот клуб на играчот е Астон Вила, за кој тој одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол, но имаше и една асистенција.

Read More

Тимот на Наполи со нетрпение ја очекува информацијата за состојбата на романскиот дефанзивец Влад Кирикеш. Дефанзивецот учествуваше со средбата на репрезентативниот тим на Романија против Црна Гора од Лигата на нациите, но го напушти теренот принудно во 31-та минута со сомнежи за искинати вкрстени лигаменти, објави „Скај Италија“. Првичните медицински тестови ја потврдиле тешката повреда на дефанзивецот, но Кирикеш ќе се подложи на втор преглед во Италија, од кој ќе стане јасно каква е неговата состојба. Ако се потврди тешката повреда, тогаш Кирикеш ќе мора да оди на операција и ќе отсуствува од терените најмалку 6 месеци.

Read More

Фудбалската асоцијација на Англија преговара со селекторот на оваа земја Герет Саутгејт за нов договор. Сегашниот договор за нивна соработка е со важност до 2020 година, но новиот предлог е за уште две години. „Ми се допаѓа работата, ги сакам момците, се е фантастична, сè е совршено, имаме навистина добри играчи, но мојот фокус во моментов е за натпреварот со Шпанија”, изјави вчера Саутгејт. Селекцијата на Англија вечерва е пред голем предизвик, ја пречекува репрезентацијата на Шпанија во првиот натпревар за двата тима во новата Лига на нации.

Read More

Македонија ја очекува важен натпревар во Лигата на нации, а тоа го потенцираше и капитенот Горан Пандев. На прес-конференцијата Пандев истакна дека е оптимист за оваа срдба од која очекува победа. „Овој натпревар со Ерменија мислам дека е најзначаен натпревар во нашата група. Се работи за доста квалитетен ривал. Ние се подготвуваме исто како и за сите мечеви. Треба да излеземе и да го дадеме максимумот на оваа средба, ако сакаме да победиме пред нашата публика“, истакна Горан Пандев. Нашиот капитен на средбата со Гибралтаро одигра само 45 минути и ги штедеше силите токму за овој натпревар со Ерменија.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација по стартната победа на гостувањето кај Гибралтар сега ја чека домашен меч во Лигата на нации против главниот ривал за првото место, Ерменија. На денешната прес-конференцијата, селекторот Игор Ангеловски истакна дека овој дуел е од голема важност за нашиот национален тим во ова натпреварување. „Како што кажав и пред ждрепката, победникот во оваа Лига Д во нашата група ќе се бара меѓу нас и Ерменија. Мислам дека доволно добро ги анализиравме и потполно спремни ќе влеземе во мечот. Очекувам да забележиме позитивен резултат кој ќе ни даде предност пред реваншот во Ереван“, изјави селекторот Ангеловски. На мечот…

Read More

По повод денот на незавосноста на Република Македонија, „8-ми Септември“  од страна на Агенцијата за ,лади и спорт беа доделени наградите „8-ми Септември“ за животно дело за исклучителен придонес во спортот, која му ја припадна на професотот Таки Џиков , а беше додели денеска на свечена седница Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на наградите која се одржа во Собранието на РМ. „Секогаш имаме тешка задача. На најчесен, достоинствен начин се одлучивме кои ќе бидат добитниците на наградата. Сите во Одборот ги почитувавме моралните вредности, интегритетот, достоинството и можам да кажам дека со крената глава го направивме…

Read More