Author: riste

Неделниот натпревар во рамките од 5. коло од Првата Лига помеѓу екипите на Вардар и на Шкупи, ќе биде одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари. Мечот се игра во недела (16.09) со почеток во 15:30 часот. Од домашната екипа напоменуваат дека поради безбедност, нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи на натпреварот. Секое лице при влезот ќе биде евидентирано, согласно законот за спречување на насилство во спортот. Исто така од Вардар повикуваат на фер и коректно навивање, а вратите на стадионот ќе бидат отворени од 14:30 часот, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот, односно во…

Read More

На прес-конференцијата пред вечершниот домашен натпревар против Сент Етјен тренерот на ПСЖ Томас Тухел најави дека ќе ја остави големата ѕвезда на тимот Нејмар надвор од составот за овој натпревар. Ова е официјално потврдено откако беа објевени имињата на 19-те играчи на кои ќе смета тренерот вечерва на оваа средба. Причината за отсуството на Бразилец е желбата на Тухел да му даде пауза пред важната средба против Ливерпул од групната фаза од Лигата на шампионите. Неговите соиграчи од Бразил, Маркињос и Тиаго Силва сепак ќе можат да играат против Сент Етјен, како и новите засилувања Ерик-Максим Чупо-Мотинг и Хуан Бернат,…

Read More

Без разлика дали сакате електричната четка за заби да се фокусира на здравјето на вашите непца, белеењето на забите или отстранување на плакот…или четка што прави сè, Philips Sonicare се грижи за вашата насмевка. Нашите сонични електрични четки за заби користат напредна технологија за отстранување на плакот и даваат чувство на длабинска чистота. Започнете денес, грижете се за вашата насмевка. Повеќе погледнете  ОВДЕ. Динамично чистење кое ја насочува течноста помеѓу забите. Како што децата учат да ги четкаат своите запчиња, нашата соничната технологија го прави останатото. Уникатното динамично дејство на Philips Sonicare електричната четка за заби, нежно и ефикасно достигнува длабоко меѓу…

Read More

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се одржа ждребката за осминафиналните натпревари од Купот на Македонија. Фаворити може да бидат задоволни од тоа како поминаа на ждребката, бранителот на титулата Шкендија ќе игра против второлигашот Кит Го од Пехчево, а скопското дерби ќе се игра помеѓу Вардар и Македонија ЃП. Еве како изгледаат останатите двојќи за 1/8 финалето: Тиквеш – Работнички Вардар – Македонија ЃП Пелистер – Беласица Гостивар – Победа Брегалница – Академија Пандев Скопје – Силекс Шкендија – Кит Го Кораби – слободен Првите натпревари ќе се одиграат наредната среда (19 септември), додека  реваншите се…

Read More

Селекторот на Светскиот шампион Франција Дидие Дешамп веќе може да биде горд на два стадиони кои го носат негово име. Ова стана факт, откако вчера објектот „Стад маркет” во Монако беше преименувано во „Стад Дидие Дешамп” во чест на титулата од Мундијалот 2018. Причината за изборот на овој стадион, кој е само на неколку метри од „Луј II” на локалниот тим Монако, е тоа што токму тренерот живее во регионот од 2001 година, кога во тоа време го водеше овој тим. Како што е познато, веќе постои стадион кој го носи името на Дешамп во Бајон, каде што е родното…

Read More

Фудбалските клубови од целиот свет потрошиле рекордни 5.44 милијарди долари за нови играчи во текот на летниот трансфер период, но огромен дел од 4.21 милијарди за платени од клубовите од ТОП 5 првенствата во Европа. Системот на ФИФА- ТМС покажува податоци дека тимовите од Англија, Германија, Италија, Шпанија и Франција дале 77,5 % од сите пари за фудбалери во периодот од 1-ви јули до 1-ви септември оваа година. Тоа е за 6,6 % повеќе или со 3,95 милијарди повеќе за тимовите од ТОП 5. Англија очекувано е на врвот на оваа листа со потрошени 1,44 милијарди, што не е национален…

Read More

Милан ќе излезе со конкретна понуда во зимскиот преоден рок за играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Рамзи, вели англиското издание на весникот „Сан“. Договорот на играчот од средниот ред на Арсенал со лондончани истекува летото 2019 година, а според последните вести, неговата цена во моментов изнесува 45 милиони евра. Во јануари, сепак, оваа бројка ќе падне и „Росонерите“ ќе може да го земат за сума што е половина од претходно споменатата. Ова ќе се случи само ако Велшанецот не го продолжи договорот со лондонскиот тим. Ако не парафира нов договор, тогаш тој може да потпише преддоговор со кој…

Read More

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид е заинтересиран за мексиканскиот играч од средниот ред на Порто Ектор Ерера, објавија шпанските медиуми. Според извори, договорот Ерера истекува во јуни 2019 година, а Реал Мадрид потоа може да го земе како слободен играч. И дури и ако сакаат може да го откупат уште во текот на зимскиот преоден рок, затоа што откупната клаузула е многу мала. Тренереот на Реал Мадрид Лопатеги се сретнал со фудбалерот за време на неговиот одмор во Лисабон каде што бил со сопругата и разговарал со Ерера за оваа можност. Самиот Ерера нема намера да го обнови договорот со…

Read More

Суперѕвездата на НБА и Оклахома Сити Расел Вестбрук најверојатно ќе го пропушти почетокот на сезоната поради операција. Бекот претрпе артроскопија на десното колено, а треба да биде прегледан повторно по 4 недели, но тешко дека ќе биде подготвен за првиот натпревар од новата сезона на 16 октомври против шампионот Голден Стејт Вориорс. Дури и да добие дозвола да игра, тешко дека Оклахома би ризикувала и би го користеле, напротив сигурно нема да брзаат да го пуштат на теренот, бидејќи тој нема учествувано во предсезонските подготовки на тимот. Вестбрук почувствувал непријатност за време на индивидуалната подготовка пред неколку дена и по…

Read More

Босанскиот напаѓач во редовите на Рома Един Џеко ќе го продолжи договорот со Рома до 2021 година, објави „Калчомеркато“. Интересно, платата на играчот ќе се намали од 4,5 на 4 милиони по сезона. 32-годишниот фудбалер веќе размислува за својата кариера по фудбалот, бидејќи стана јасно дека дипломирал на Одделот за спортски менаџмент на Универзитетот во Сараево каде полагаше испити во последните три години. Со оваа диплома, напаѓачот ќе може да работи како спортски директор по завршувањето на својата активна фудбалска кариера.

Read More