Author: riste

Кошаркарските репрезентативци Милош Теодосиќ и Бобан Марјановиќ нема да играат за Србија во претстојните две средби од светските квалификации во септември, иако беа ставени во списокот на селекторот Александар Саша Ѓорѓевиќ. Тој самиот го потврдил ова за медиумите во Србија и најавил дека кошаркарите ќе останат во САД, каде што ќе се подготвуваат за новата сезона во Лос Анџелес Клиперс. Тие се соиграчи во редовите на екипата од Калифорнија. Србија ја очекуваат два натпревари во септември, ќе гостуваат кај репрезентацијата на Грција и ќе бидат домаќини на Естонија, а средбите се играат на 13 и 16 септември. Србија во оваа…

Read More

Новото засилување на Бешикташ Лорис Кариус рече дека самиот сакал да го напушти Ливерпул. Германскиот чувар на голот на Ливерпул направи големи грешки во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, тогаш беше јасно дека неговата кариера на „Енфилд“ е завршена. Тој, сепак, рече дека менаџерот Јирген Клоп се обидел да го задржи во тимот. „Клоп ми кажа дека сака да ги има најдобрите играчи во неговиот тим и дека ќе биде среќен да останам. Но, сакав редовно да играм, па инсистирав на одење во Бешикташ. Му објаснив на Клоп од моја гледна точка и тој ме разбра”, изјави…

Read More

Холандскиот интернационалец и репрезентативец Квинси Промес ќе ја продолжи својата кариера во Шпанија. Спартак (Москва) ја прифати понудата на Севиља и фудбалерот веќе заминал за Андалузија, каде му претстои да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор со својот нов тим. Од Севиља се насочија кон Промес, откако во последен момент нивната главна трансферна цел Мариано Дијаз се врати во Реал Мадрид. Ова ги натера челниците на клубот од „Рамон Санчез Писхуан” да влезат во преговори со Спартак за 26-годишниот Холанѓанец. Договорот ќе донесе околу 20 милиони евра во касата на Спартак Москва. Тренерот на Севиља, Пабло Мачин, не…

Read More

Откако беа одиграни и последните натпревари од плеј-оф колото за пласман во Лигата на шампионите комплетирани се сите учесници во најелитното фудбалско натпреварување во Европа. Последните три места ги пополнија екипите на Бенфика, ПСВ Ајндховен и Црвена Ѕвезда, екипа која по цели 26 години обезбеди пласман во групната фаза од ова натпреварување. Според рејтингот кој го имаат екипите, еве како изгледаат шеширите пред ждребката за групната фаза од Лигата на шампионите: Прв шешир: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен, БАрселона, ПСЖ, Манчестер Сити и Локомотив Москва Втор шешир: Борусија Дортмунд, Порто, Манчестер Јунајтед, Шахтјор, Наполи, Бенфика, Тотенхем и Рома.…

Read More

Селекцијата на Македонија за ракометари до 18 години ја победи Швајцарија со 32:31 во директниот дуел за првото место во групата А од ЕХФ Шампионатот и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето како првопласирана екипа од нашата група. Откако претходно избраниците на Данило Брестовац ги победија Литванија, Фарски Острови и Луксембург, денес во директната пресметка со непоразената Швајцарија одиграа добар натпревар и стигнаа до победа. Македонија имаше предност во текот на целото прво полувреме кое на крајот го доби со 15:12. Во вториот дел македонија имаше предност до 21:17, но тогаш почнаа проблемите, а Швајцарија успе ада направи пресврт и да…

Read More

Јувентус ја одбил понуда од Реал Мадрид за босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ, тврди „Тутоспорт“. „Бјанконерите” се откажале од 60 милиони евра кои ги понудил Реал Мадрид, кој бара замена за Лука Модриќ доколку биде реализиран неговиот трансфер во Интер. Екипата од Торино има намера да го продолжат договорот со играчот, кој истекува во јуни 2021 година. Идејата на Јувентус е Пјаниќ да се врзе со клубот до летото 2023г., во тој случај годишната плата ќе претрпи сериозно покачување. Во моментов полудефанзивецот добива 4,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор платата ќе му скокне до 6,5 милиони евра. Италијанскиот…

Read More

Тотенхем ја губи битката со времето, објавија англиските медиуми. Тимот од северен Лондон очекуваше да го отвори новиот гламурозен стадион на 15 септември во дербито со Ливерпул, но големото забавување со финиширање на стадионот ќе го принудат Тотенхем да го одложат за неопределено време планот за отварање на новиот стадион. Од раководството на Тотенхем дури платиле наемнина на „Вембли”, каде што тимот ги игра во моментов домашните натпревари, до крајот на оваа календарска година. Ова предизвика незадоволство кај некои фанови кои го искажаа својот револт на социјалните мрежи. Тотенхем го гради новиот стадион откако на крајот на сезоната  2016/2017 беше…

Read More

Раководството на Лацио е во преговори со фудбалерот Сергеј Милинковиќ-Савиќ за продолжувањето на договорот. Како што објавија италијанските  медиуми, римскиот клуб сака да постигне договор со Србинот до 2023 година. Освен тоа, клаузулата за откуп на 23-годишниот Србски фудбалер ќе се зголеми на 150 милиони евра. Ова лето интерес за играчот имаше од Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус, Милан, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, но бараните 120 милиони евра од претседателот на „орлите” Клаудио Лотито ги откажаа европските гиганти. Во минатото сезона Милинковиќ-Савиќ играше 48 натпревари за Лацио и постигна 14 гола со 9 асистенции.

Read More

Тимот на Рома е многу близу до ангажманот на францускиот играч од средниот ред Стивен Нзонзи. Светскиот шампион со Франција е силно посакуван од од „Олимпико“, но за неколку недели челниците на Рома и Севиља не успеаја да се договорат за цената на играчот. Вчера, имаше информации дека Нзонзи контактирал со претставници на ПСЖ со тоа што се согласил да се приклучи на шампионот на Франција. Од Рома побрзаа да се согласат со Севиља и ќе платат скоро 33 милиони евра. Износот е речиси исто како и висината на откупната клаузула од 35 милиони евра. Нзонзи ќе наполни 30 години…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул Жоржињо Вајналдум верува дека неговиот тим ќе може да се натпреварува со Манчестер Сити за да ја освои шампионската титула во Англија. Сепак, Холанѓанецот смета дека ова ќе биде тешка задача. „Мислам дека имаме квалитет да се натпреваруваме со Сити, но истото го мислев и минатата сезона, ако тие играат како што го праве ато аминатата година, ќе биде многу тешко бидејќи загубија само две натпревари, а доколку сакаме да се натпреваруваме со нив, воопшто не можеме да си дозволиме да губиме бодови – навистина е тешко, но Ливерпул сака да се вклучи во…

Read More