Севиља се закани дека ќе го бојкотира Шпанскиот Супер куп против Барселона. Трофејот ќе биде доделен за прв пат во еден натпревар, а средбата треба да се одигра вечерва во Мароко. Шпанската фудбалска федерација вчера објави дека за оваа средба нема да има ограничувања за играчи кои се државјани на земји надвор од Европската унија, бидејќи натпреварот не е дефиниран како „професионален”. За Шпанскиот шампионат, тимовите имаат право да користат три играчи кои немаат пасоши од земјите на ЕУ. „Во Севиља сме изненадени од одлуката на шпанската фудбалска федерација 24 часа пред Супер Купот, се вели во официјалната изјава од…
Author: riste
Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека неговиот состав е комплетиран и дека е задоволен од играчите што ги има. Кратко пред затворањето на трансфер прозорецот, лондончани се разделија со Тибо Куртуа, кој се пресели во Реал Мадрид. Неговата замена беше привлечена од Атлетик Билбао , а тоа е Кепа Аризабалага за рекорден голмански трансфер од 80 милиони евра. „Среќен сум за двајцата голмани. Ситуацијата на Куртуа беше јасна. Тој сакаше да оди во Мадрид и загубивме еден од најважните голмани во светот, но сега имаме еден од најдобрите млади голмани во Европа. Во овој момент Keпa не е подобар…
Белгискиот напаѓач од екипата на Челзи, Мичи Батшуаји, одлучи да се пресели во Шпанија , односно во екипата на Валенсија до крајот на сезоната. 24-годишниот голгетер го помина вториот дел од минатата сезона во Борусија Дортмунд, каде што имаше неколку добри игри. Во договорот кој го потпишува играчот за позајмица со Валенсоја нема опција за откупување. Во 2016 година, Челзи плати 33 милиони фунти на Олимпик Марсеј за неговите права, но не успеа да се избори за место во стартниот состав на Челзи во текот на изминатите две години.
Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ ја донел одлуката да остане во клубот, иако има шпекулации дека ќе направи трансфер во Интер, соопштува весникот „АС“. Според изданието, кое се потпира на информации од блиски луѓе на фудбалерот, навистина имало конкретна понуда од Интер кон него, но тој уште од самиот почеток сакал да остане на „Сантијаго Бернабеу”. Хрватот им кажа на своите блиски дека сигурно ќе продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид. Единствено што Модриќ го посакал од клубот, е признание во однос на платата, бидејќи останатите ѕвезди во тимот Герет Бејл и Серхио Рамос (11 милиони евра),…
Шпанскиот гигант Реал Мадрид официјално го претстави новото засилување Тибо Куртуа. Белгискиот голман, поранешен фудбалер на Атлетико Мадрид, доаѓа во „кралскиот клуб“ од Челзи. Претходно денеска 26-годишниот Куртуа ги помина успешно медицинските прегледи и потпиша официјално договорот со својот нов тим во присуство на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Куртуа беше претставен веднаш на стадионот “Сантијаго Бернабеу”. Церемонијата започна со видео клип со импресивни одбрани на Куртуа. Потоа претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одржа говор во кој го поздрави Куртуа и го нарече „одличен голман со огромен талент” и ги истакна одличните настапи на Белгиецот на светско првенство…
Маките на Лукас Перез во Арсенал завршија откако Вест Хем го привлече Шпанецот со договор за 3 години. Тој помина практично една сезона кај лондончани, одигра 11 натпревари, а постигна 1 гол, а минатата сезона беше позајмен на Депортиво. Сега, сепак, се надева дека конечно ќе ги покаже своите квалитети во Премиер Лигата. „Среќен сум што доаѓам во историски клуб. Благодарен сум за можноста да останам во Англија и се радувам што ќе бидам дел од овој нов проект” изјави 29-годишниот напаѓач. Тој е 8-то ново засилување на „чекани“ кои променија доста работи во составот во текот на летото. Во…
Челзи официјално го објави трансферот на фудбалерот на Реал Мадрид Матео Ковачиќ, кој ќе игра на „Стемфорд Бриџ” со позајмица до крајот на сезоната. 24-годишниот Хрват пристигнува во Лондон како дел од договорот за продажба на Тибо Куртуа во Реал Мадрид, тврди „Скај Спортс”. Ковачиќ е четврто ново засилување на Челзи ова лето. Пред тоа, ангажирани беа Жоржињо, Роберт Грин и Кепа Аризабалага. „Многу сум среќен и возбуден што ќе бидам тука во Челзи. Чувството е неверојатно. Ќе се обидам да го дадам најдоброто од себе за овој клуб. Првенството е ново за мене и секогаш таков нов почеток е…
НБА суперѕвездата Леброн Џејмс ќе дебитира во дресот на Лос Анџелес Лејкерс на 18 октомври на гостувањето кај Портланд, соопштија од НБА Лигата. Најдобриот играч во светот потпиша за четири години со ЛА Лејкерс за 153 милиони долари и се надева дека ќе ги прекине неговите 5 последователни порази во салата на Портланд. Два дена подоцна навивачите на Лос Анџелес Лејкерс ќе го видат „кралот“ во „Стејплс центар“ за првпат во официјален натпревар , а тогаш ЛА Лејкерс го пречекува Хјустон Рокетс. Новата сезона во НБА лигата ќе започне на 16 октомври со два натпревари – Бостон – Филаделфија и…
Голем дел од навивачите на Манчестер Јунајтед воопшто не се задоволни од менаџерот на тимот Жозе Мурињо и сакаат да си замине од клубот, пишуваат англиските медиуми. Навикнати на постојани трофеи во Премиер лигата, навивачите се желни за титулата во Англија, но во минатата сезона „црвените ѓаволи” останаа далеку зад шампионот и рекордерот по освоени бодви во историјата на првенството – тимот на Манчестер Сити. Фановите сакаат раководството да го отпушти „Специјалниот“, но за тоа треба да му бидат исплатени 12 милиони евра. Поради ова веќе навивачите размислувата да отворат донаторска сметка. Како што е познато, поранешниот менаџер на тимот…
Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач во совојата изјава потенцираше дека баварците нема да излезат со понуда за напаѓачот на Ајнтрахт Франсфурт Анте Ребиќ. За интересот на баварскиот гигант кон Хрватот се зборуваше веќе подолго време, кога стана јасно дека Ковач го напушта Ајнтрахт, за да ја преземе шампионската екипа на Баерн. Хрватскиот стручњак сепак нема намера да го привлекува својот поранешен играч на стадион „Алијанц Арена”. „Ако погледнете во нашиот состав, веднаш ќе забележите дека имаме многу висок квалитет на неговата позиција. Затоа привлекувањето на Анте Ребиќ нема логика за нас ниту денес, ниту утре. Анте е силна личност…
