Author: riste

Шпанскиот шампион Барселона деновиве ќе навива за тоа Ајакс да не влезе во Лигата на шампионите. Доколку тоа се случи, во Каталонија треба да пристигне Френки Де Јонг, бидејќи таков договор постигнаа раководствата на двата клуба. Барселона се согласи на условите кои ги постави Марк Оверманс, а тие се многу едноставни. Доколку Ајакс игра во Лигата на Шампионите, Де Јонг останува во Амстердам до следното лето, а дури тогаш ќе може да разговараат за трансфер. Ако Ајакс не успее да се пласира во Лш тогаш може да биде реализиран овој трансфер за кого се споменува дека треба да биде во…

Read More

Најдобриот пливач од Македонија во моментов Евгениј Поп Ацев нема да учествува на Европското првенство (ЕП) во пливање во Глазгов, тој требаше да биде единствениот наш пливач на ова ЕП, но неговото име на големо изненадување не се најде на списокот на учесници. На прашањето зошто го нема Поп Ацев меѓу пријавените, пливачот јавно ја раскажа целата ситуација. Истакна дека чувствува голема горчина затоа што нема да може да ги брани боите на својата држава на европскиот пливачки собир, а вината ја префрли кај Пливачката федерација на Македонија (ПФМ), водена од Александар Маленко. „Чуствувам обврска да ја објаснам сегашната ситуација околу…

Read More

Челзи доби нов голман ! Шпанецот Кепа Аризабалага потпиша договор со Челзи, а тоа е нешто што вчера беше најавено од страна на медиумите во Англија. Кепа стави потпис на договор за период од 7 години, што значи дека се обврза да го носи дресот на Челзи до 2025 година. Досегашниот голман на Атлетик Билбао стана и официјално најскапиот голман во историјата на фудбалот бидејќи за неговата „слобода“  Челзи ја активираше откупната клаузула од неговиот договор која беше во висина од 80 милиони евра. Со ова е срушен рекордот кој неодамна го постави Ливерпул со купувањето на Алисон од Рома…

Read More

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија се враќа со убедлив пораз од гостувањето во Австрија кај РБ Салцбург. Домашната екипа го искористи искуството и грешките на Шкендија за да дојде до убедлива победа од 3:0 пред  реваншот во Скопје на 14 август. Салцбург поведе во 16.минута од пенал кој го изведе Дабур, додека на истекот на првото полувреме по центаршутот на Јонузовиќ, Дабур малку ја закачи топката за да го измами голманот Захов и да заврши во мрежата на Шкендија. Во првото полувреме Шкендија се закани бреку Ибраими и Стенио Жуниор , но не успеа да постигне гол. Во вториот дел Шкендија тргна…

Read More

Дефанзивецот на Лестер Сити Хари Мегуаер се надева дека ќе биде продеден во Манчестер Јунајтед. Според „Скај Спортс”, „Црвените Ѓаволи“ направиле две понуди за англискиот репрезентативец, а втората понуда изнесувала 60 милиони фунти. Но, и двете беа одбиени од Лестер кои дури и сакаат да му понудат нов договор на играчот. Според информациите од Англија, Хари Магуаер може да биде продаден, но само ако Манчестер Јунајтед за него плати 75 милиони фунти. Иако Лестер тврди дека англискиот репрезентативец ќе остане, клубот во секој момент ќе ги финализира трансферите на двајца други централни дефанзивци. Тоа се Филип Бенковиќ од Динамо (Загреб)…

Read More

Наполи го привлече Кевин Малкуит од Лил. Двата клуба не ја објавија трансферната сума за правата на фудбалерот, но минатата недела претседателот на Италијанците Аурелио Де Лаурентис изјави дека ќе плати 12 милиони евра и бонуси со кои сумата ќе се зголеми до 13 милиони евра. Малкуит ја започна својата кариера во Монако, но го изгради своето име во Ст. Етијен. Минатата година тој беше привлечен од Лил, а за неговите услуги исто така беше заинтересиран англискиот Саутемптон. Џенова исто така го привлече дефанзивецот Лисандро Лопез од Бенфика. Тој ја помина вториот дел од минатата сезона на позајмица во Интер,…

Read More

Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец Мирко Ивановски од оваа сезона е член на еден од најпопуларните тимови во Хрватска, но и на Балканот. Тој е член на Хајдук од Сплит и веќе добива шанса за докажувањ ево оваа екипа. Екипата на Спортското радио 90,3 го посети Мирко Ивановски во Сплит и разговаравме на повеќе фудбалски теми. „Најнапред ви благодарам што дојдовте и ме посетивте овде во Сплит, инаку навистина ми е многу мило што сум дел од Хајдук кој е еден од најпопуларните клубови на Балканот. А колку е Хајдук голем клуб тоа чуство не може да се опише со…

Read More

Белгискиот фудбалер Аксел Витсел се приклучи на останатиот дел од екипата на Борусија Дортмунд откако вчера пристигна во кампот на германскиот гигант во Бад Рагац (Швајцарија), каде во моментов „жолто-црните” ги реализираат подготовките за новата сезона. 29-годишниот фудбалер се приклучи на составот на Борусија од кинескиот Тјанжин. „Милионерите“ ќе платат на Кинезите 20 милиони евра за фудбалерот кој ќе потпише 4-годишен договор со германскиот клуб. Според неофицијални информации, годишната плата на Витсел во неговиот нов тим ќе биде 10 милиони евра. Витсел е играч кој потекнува од Стандард Лиеж, а во својата кариера има играно уште за Бенфика и Зенит…

Read More

Весникот „Билд“ пренесува информација дека синоќа во Минхен пристигнала официјална понуда од Манчестер Јунајтед за дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг. Во принцип Баерн Минхен нема ништо против за реализацијата на овој трансфер. Баварците уште пред неколку недели излегоа со информацијата дека доколку дојде добра понуда за Боатенг тогаш продажбата може да се реализира. Исто како што се случи со Алкантара. Сепак за реализацијата на овој  трансфер ќе се чека и мислењето на Боатенг кој повеќе би сакал да се пресели во ПСЖ каде пто тренер е Томас Тухел.

Read More

Македонската атлетичарка Дрита Ислами не ги оправда очекувањата и истрча послабо од своето најдобро и од пријавеното време на ЕП во атлетика кое се одржува во Берлин. Ислами според постигнатиот резултат го освои 21. последно место на 400 метри со пречки на Европскиот шампионат кој денес започна во Берлин. Во квалификациите кои се одржаа утринава, Ислами имаше резултат 1:02.23 минути, што е послабо од нејзините можности. Ислами трчаше во втората од трите квалификациони трки на 400 метри со пречки. Таа во Берлин дојде со резултат 59.33 секунди, остварен во јуни минатата година. Годинава најдобриот резултат на Ислами е 60.68 секунди од…

Read More