Author: riste

Фудбалерот на Реал Мадрид Матео Ковачиќ најави бојкот се додека не стане јасна неговата иднина. Хрватот изјавил дека нема да се приклучи на подготовките на тимот, пишува весникот “Марка”. 24-годишниот фудбалер инсистира да биде продаден. Тој сака да премине во тим каде што ќе игра редовно и сака тоа да се случи што е можно поскоро. За да го притисне раководството на „кралскиот клуб”, играчот одлучил да остане во својот дом и нема да тренира под раководство на Јулен Лопетеги, а за тоа го информирал тренерот. Допрва ќе видиме каква ќе биде реакцијата на челниците на Реал Мадрид, кои сепак…

Read More

Манчестер Јунајтед ја отфрли одличната понуда од шпанскиот шампион Барселона за Пол Погба. Според инромациите каталонците понудиле 50 милиони евра за освојувачот на светската шампионска титула плус дефанзивецот Јери Мина и фудбалерот од средниот ред Андре Гомеш. „Црвените ѓаволи” сепак го одбиле предлогот не од фудбалски причини, туку затоа што го сметаат Погба за лицето на тимот и на тој начин ќе ја расипам својата репутација. Интерес кон 25-годишниот фудбалер има и неговиот поранешен тим Јувентус. Тешко е да се поверува дека Погба ќе го напушти „Олд Трафорд”, бидејќи трансфер периодот во Премиер лигата се затвора во четврток во 20.00…

Read More

Интер има резервна опција за засилување на средниот ред ако преговорите за повлекувањето на Лука Модриќ од Реал Мадрид бидат неуспешни. Во таков случај „нероазурите” планираат да ги пренасочат напорите кон полудефанзивецот на Манчестер Сити Илка Гундоган. Тренерот на Интер Лучијано Спалети го повика клубот да привлече квалитетен играч од средниот ред. Прв избор за оваа цел е Лука Модриќ, а другата опција е Гундоган, за кого раководството на клубот е подготвено да извади 40 милиони фунти, за да го донесат Германецот на „Џузепе Меаца”. Сепак, привлекувањето на Гундоган, исто така, може да биде многу тешка задача. Од Манчестер Сити…

Read More

Милан е подготвен да се раздели со дефанзивецот Рикардо Родригез ако добие 34 милиони евра. Вчера, имаше информации дека Швајцарецот го бара Арсенал, но понудата на оваа екипа беше одбиена. Сепак, преговорите меѓу двете страни ќе продолжат. Лондончани сакаат да ангажираат играч на левата бековска позиција пред да биде затворен овој трансфер период. Тимот има проблеми на ова апозиција откако Сеад Колашинац и Начо Монреал заработија повреди. Затоа во Арсенал гледаат во Родригез, но ќе мора да ја подигнат својата понуда доколку сакаат да го убедат италијанскиот тим да се раздели со својот фудбалер.

Read More

Напаѓачот Кевин Гамеиро ќе се пресели од Атлетико Мадрид во Валенсија, според медиумите во Шпанија. Двата шпански клуба веќе го договориле трансферот на францускиот фудбалер. Цената на 31-годишниот Гамеиро изнесува 18 милиони евра. Во последната сезона, напаѓачот одигра 25 натпревари и постигна 7 гола во дресот на Атлетико Мадрид. Кевин Гамеиро играше за Атлетико во 2016 година, а претходно настапуваше за Севиља, Пари Сен Жермен, Лориент и Стразбур.

Read More

Шпанскиот тим Севиља официјално го претстави својот нов фудбалер Алеиш Видал. Договорот на дефанзивецот е за период од четири години. 28-годишниот Видал се враќа во Севиља по три сезони поминати во Барселона. Одбрандбениот фудбалер го носеше дресот на Севиља во 2014 и 2015 година. „Мојата единствена цел беше да се вратам овде. Имаше доста понуди од странство, каде нудеа многу пари. Се враќам тука, каде бев среќен. Луѓето ме познаваат и знаат дека се што правам не е заради пари. Ме водеа моите спортски чувства”, изјави Видал за време на неговиот настап при престаувањето. Дефанзивецот ја освои Лига Европа со…

Read More

Фудбалерите на Барселона, кои играа за националните тимови на Франција, Хрватска, Белгија, Бразил, Колумбија и Уругвај на СП 2018 во Русија, го одржаа денеска првиот тренинг со тимот, соопштува официјалниот сајт на шпанскиот шампион. Кон активностите на тимот се приклучија Семјуел Умтити, Иван Ракитиќ, Томас Вермален, Филипе Кутињо, Јери Мина и Луис Суарез. Шестмината тренираа заедно со Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жерард Пике и Жорди Алба, кои се на располагање на тимот од минатата недела. На самиот тренинг се приклучија уште Сержи Сампер, Осман Дембеле и Марк-Андре Тер Штеген. Првиот натпревар на Барселона во новата сезона е на 12 август…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години го освои 18. место на Европското првенство – Б дивизија, кое се одржува во Скопје. Во мечот за пласман на 17 и 18 место, кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ нашите млади кошаркари загубија од Швајцарија минимално со 64:65. По очајно лошиот старт во прват ачетвртина која ја загубија со 20:6, македонските кошаркари се вратија во игра со подобра втора четвртина (22:14) и на одмор заминаа со негатива 28:34. Во третиот период повторно одиграа лошо, но затоа последната четвртина ја одиграа најдобро, направија одлична серија од 15:1 и успеа да дојдат…

Read More

Кристијано Роналдо веќе почна да руши рекорди, иако тој сеуште го нема направено своето деби во дресот на Јувентус. На „CR7“ ефектот веќе се смета за зголемени добивки на италијанскиот шампион во секој поглед. Евиденција беше ставена на продажба на Јуве маиците во последните три месеци. „Тутоспорт“ тврди дека речиси 55.000 Тристиано маици се продадени во последниот квартал, што изгледа шокантно во споредба со продажбата на маици за сите играчи на оваа екипа во 2017 година. – 41.000 маици. Италијанско издание споменува дека профитот на Јувентус изнесува 6,3 милиони евра. Една едноставна прогноза покажува дека „старата дама” ќе добие скоро…

Read More

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ даде интересен одговор на прашањето што мисли околу интересот на Баерн Минхен и неговиот поранешен тренер (селектор) Нико Коваќ. „Тој многу направи за развојот на мојата кариера. Играв добро додека ја водеше репрезентацијата на Хрватска. Се разбира Нико знае каде може да мепронајде“ изјави крилниот напаѓач на Интер за весникот „Спортски новости“ потенцирајќи сепак дека повеќе би сакалда се испроба во Шпанија или Англија, а последно нешто што во моментов размислува е да игра во Германија. Иван Перишиќ беше еден од клучните играчи на Хрватска , заедно со Лука Модриќ и Марио Маџукиќ на СП во…

Read More