Author: riste

Група од околу 20 маскирани лица влегле во хотелското лоби каде биле сместени навивачите на ПАОК во швајцарскиот град Базел и ги нападнале навивачите на грчкиот фудбалски клуб. Овој настан се случил пред реванш натпреварот од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите помеѓу Базел (Швајцарија) и ПАОК Солун кој се одигра синоќа. Најмалку еден човек бил повреден, а хотелскиот инвентар оштетен, соопшти локалната полиција. Напаѓачите веднаш заминале по инцидентот и не биле веднаш откриени од страна на полицијата. ПАОК победи на натпреварот со 3:0 и продолжи во третото коло со вкупен резултат од 5:1.

Read More

Играчот од средниот ред на Сенегал, Шејку Кујате, се пресели во Кристал Палас, објави англискиот елитен клуб. 28-годишниот играч од средниот ред потпиша договор до 2022 година, а цената на договорот изнесуваше 9,5 милиони евра. Кујате, кој беше дел од тимот на Сенегал на Светското првенство во Русија, играше во Вест Хем во последните четири сезони. Тој има одиграно 129 натпревари и постигнато 12 гола за „чекани“. За овој фудбалер имаше интерес од португалскиот тим Порто.

Read More

Мега договорот помеѓу Јувентус и Милан во врска со трансферот на тројца фудбалери – Леонардо Бонучи, Гонзало Игуаин и Матија Калдара, веќе е факт. 7-кратниот носител на Лигата на шампиони ги привлече во своите редови аргентинскиот голгетер и еден од најталентираните италијански дефанзивци, додека Леонардо Бонучи се враќа во Јувентус. Покрај тешкотиите во преговорите меѓу Игуаин и раководството на „росонерите”, трансферот е факт и двајцата со Матија Калдара ќе го облечат „црвено-црниот” дрес, а Леонардо Бонучи ќе се врати во италијанскиот шампион. Игуаин ќе добие 7,5 милиони евра по сезона, а не посакуваните 9 милиони евра. Разликата што ќе дојде…

Read More

Раководството на ПСЖ има тенденција да се раздели со младиот португалски фудбалер Гонзало Гуедес за сума од 60 милиони евра, тврди францускиот весник „L’Equipe“. Од Валенсија понудија 40 милиони евра пред неколку месеци и во моментот не планираат да ја креваат понудата. „Лилјаците” имаат добри односи со ПСЖ , но најверојатно нема да се одлучат да платат толку многу иако се ближи крајот на трансфер периодот. Самиот фудбалер сака да игра на „Местаља” под раководство на Марселино, бидејќи знае дека на „Парк де Пренс” ќе биде цврста резерва. На 9 август се затвора трансфер прозорецот во Англија и опциите за…

Read More

Кристал Палас ја отфрли првата понуда на Челзи за крилниот играч, Вилфред Заха. Според венсикот „Сан“, предлогот бил вреден 30 милиони фунти плус Даниел Дринквотер. Изданието додава дека „орлите” сакаат да добијат 45 милиони за Заха плус бонуси и процент од наредна продажба. Одбивањето на Кристал Палас е добра вест за менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино, кој исто така го сака Заха во составот на Тотенхем. Досега Тотенхем не привлече ниту едно ново засилување, но „Сан” очекува раководството на Тотенхем да ги плати бараните 45 милиони фунти. Кристал Палас возврат секој момент треба да ги финализира трансферите на Макс Мејер,…

Read More

Фудбалерот на Челзи Н’Голо Канте ќе стане највисокоплатениот играч на лондончани, ако прифати да го потпише новиот понуден од страна на клубот. Според „Тајмс” понудата кон Французинот, кој се претстави многу добро за време на Светското првенство, е за договор од пет години и неделна плата со износ од близу 290 000 фунти. Така Канте ќе го стигне по плата дури најголемата ѕвезда на Челзи Еден Азар, кој во моментов добива по 220 000. Се разбира, Белгиецот исто така добил предлог за нов договор, но Азар засега чека, бидејќи преферира да направи трансфер во Реал Мадрид. Интерес кон Канте има…

Read More

Неколку дена се преговараше на релација Јувентус – Милан , а се беше одблокирано во преговорите откако Гонзало Игуаин се согласи на трансфер во Милан. Во целиот договор е вклучена и трампата меѓу Калдара и Бонучи, но и одредена сума на пари која треба да ја добие Јувентус. Главниот проблем бил околу платата која ја барал Игуаин, тој барал да добива 9 милиони евра годишно, за раслика од 7,5 милиони евра кои ги добиваше во Јувентус. Сепак околу тоа не дошло до договор, па Игуаин ќе ја има истата плата во Милан. Финалните преговори меѓу менаџерот на Игуаин, Николас инаку…

Read More

Пливачка  на ПК Бета од Скопје Ана Јаневска учествуваше на отвореното првенство во Нетанија, Израел каде имаше успешен настап. Ана Јаневска успеа да освои златен медал во дисциплината 50 метри делфин каде и постави нов државен рекорд со време 28,94 што беше доволно да ја оствари нормата за настап на Младинската олимпијада во Буенос Аирес. Исто така освои второ место во дисциплината 50 метри слободно и трето место во дисциплината 100 метри делфин.

Read More

Поранешниот француски репрезентативец Андре-Пјер Жињак може да се врати во Лига 1 и да го засили Монако, пишува „Франс фудбал“. Во моментов, 32-годишниот напаѓач игра за мексиканскиот тим Тигрес. Тој постигна два гола во првите два натпревари од сезоната. Интересот на Монако за Жињак е поврзан со евентуално заминување на Радамел Фалкао. Капитенот на Монако има неколку опции пред него. Тој е многу баран од Милан. „Росонерите“ беа подготвени да направат размена со Фалко и Андре Силва, но договорот на крајот не успеа. „Ел Тигре“ може да оди и во Кина, каде што исто така доби и добра понуда.

Read More

Интер се договори со Баерн Минхен за ангажирањето на Артур Видал. Клубот од Милано има можност да го откупи 31-годишниот Чилеанец. Баварците најнапред ја побараа цената од 30 милиони евра. За Интер, сепак, тоа е премногу висока цена и затоа се договориле да има одредено намалување на оваа цена. Минатата сезона Видал одигра 35 натпревари за Баерн Минхен, постигна 6 гола и имаше 2 асистенции.

Read More