Author: riste

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, бил подложен на операција и ќе го пропушти почетокот на сезоната во Англија. Тоа го објави менаџерот на тимот Жозе Мурињо. 29-годишниот Србин ја доби оваа повреда за време на натпреварите на националниот тим на Светското првенство во 2018 година во Русија. „Тој отиде во Филаделфија за специјален преглед и не ја напуштил клиниката, веднаш бил опериран и ќе го пропушти почетокот на сезоната. Сеуште не знам колку долго ќе биде надвор од теренот “, рече Мурињо. Матиќ играше 49 натпревари за Манчестер Јунајтед минатата сезона, постигна 2 гола и 3…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентациа во јуниорска конкуренција со победа го стартуваше Европското првенство Б-дивизија во Скопје, откако во натпревар со драматична завршница, во самиот финиш, го совлада Исланд со 62:60. Пресудна за победата на оваа средба беше завршницата, во која Македонија беше поуспешна. Херој за Македонија беше Лука Стојановски, кој во финишот успе ада постигне поени за водство на нашата селекција, а на Исланд му останаат 3,7 секунди до крајот за да упати удар кон нашиот кош кој не беше прецизен за голема радост на нашите млади кошаркари. Веќе утре се играат натпреварите од второто коло на Европското првенство Б-дивизија, Македонија…

Read More

Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн е избор на навивачите на Реал Мадрид кои го избраа овој фудбалер како најпогоден да ја заменат ѕвездата која го напушти Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Оваа анкета на „Марка”, опфатила повеќе од 200.000 поддржувачи на европскиот клубски шампион. Од осумте опции кои биле понудени, најмногу гласови добил Хари Кејн, дури 26% од гласовите на читателите. Понатаму следуваат Едисон Кавани од ПСЖ и Мауро Икарди од Интер со 14%. Поранешниот напаѓач на „Кралскиот клуб“ и сега на Олимпик Лион Мариано и најдобриот стрелец на Баерн Минхен Роберт Левандовски добиле 12%. Друг поранешен играч на Реал Мадрид,…

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус подготви понудата за нов договор на Миралем Пјаниќ, објавија медиумите во Италија. Екипата од Торино ќе ја зголеми платата на Босанскиот фудбалер за 2 милиони евра, од 5 милиони до 7 милиони годишно. Според информациите, двете страни ќе се обидат новиот договор да биде завршен до завршувањето на трансфер периодот. За играчот од средниот ред на Јувентус, постои интерес од најбогатите клубови како Манчестер Сити, Челзи и Барселона, кои, сепак, не се осмелуваат да го платат бараниот износ од 100 милиони евра за играчот. Самиот Пјаниќ не сака да коментира за неговата иднина. „Не можам да кажам…

Read More

Рускиот фудбалер Александар Головин и официјално е нов играч на Монако откако го комплетираше трансферот од ЦСКА Москва во Монако. Напаѓачот имаше одличен настап во дресот на својата репрезентација на СП во Русија пред домашната публика и беше блиску до трансфер во Премиер лигата односно во Челзи, но на крај сепак се одлучи да ја прифати понудата од Монако и потпиша петгодишен договор со овој францускиот тим. Од Монако потврдија дека жестока била конкуренцијата за потписот на Головин, затоа што биле заинтересирани многу европски фудбалски гиганти. Русинот помина четири сезони во ЦСКА, а сега ќе биде во тандем заедно со Радамел…

Read More

Шпанската Ла Лига оваа сезона ќе започне на 17 август со одигрување на првите два натпревари во 1.коло. Од страна на професионална фудбалска лига беа објавени термините за одигрување на средбите од првото коло од новата сезона од Ла Лига. Колото ќе започне со средбите кои ќе се играат во петок на 17 авгус, но најинтересните средби ќе бидат во недела на 18.август. Шпанскиот шампион во Барселона ја почнува одбраната на титулата на домашен терен во сабота 18.август од 22.15 часот против Алавес. Исто така и Реал Мадрид својот прв натпревар ќе го игра во овој термин од 22.15, но…

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Тите останува на функцијата уште четири и пол години, а со тоа ќе го води тимот и на Светското првенство во Катар во 2022-та година, ако се пласираат рангира. Ова беше објавено денеска од страна на Фудбалската Конфедерацијата на оваа земја. Бразил отпадна во четвртфиналето на Светското првенство во Русија ова лето од силниот состав на Белгија што беше прифатено со измешани чувства. Од една страна раното завршување на два круга пред финалето е далеку од навиките на старите бразилски навивачи, но пак играчите и некои аналитичари го бранеа тренерот поради добрата тимска работа…

Read More

Диего Армандо Марадона повторно влегува во брачните води откако ја побара раката на својата долгогодишна пријателка Росио Олива. Легендарниот Аргентинец и предложил брак на нејзиниот 28-ми роденден, пренесе весникот „Мирор“. Олива му го кажал судбоносното „да”, а двајцата веќе имале конкретни планови за свадбена церемонија. Роденденската забава на Росио Олива се одржала во Бела Виста, Буенос Аирес. Марадона го побарал својот омилен дијамантски прстен. Се се случило само неколку часа откако легендата уште еднаш го привлече вниманието со своето несоодветно однесување. Дон Диего и Росио имале речиси 50 гости на настанот. Мајката на Оливија – Моника, и сестрата на Марадона…

Read More

Андре Шурле е нов играч на Фулам. Освојувачот на титулата Светски шампион со Германија пред четири години и официјално е ново засилување за новиот член на Премиер лигата. Фулам експресно ја заврши работата околу ангажманот на Пурле, а преговорите завршија синоќа со потпишување на договор, а траеја само два дена. Шурле вчера ги поминал медицинските прегледи, а потоа го ставил потписот на двегодишната позајмица од Борусија Дортмунд. Финансиските детали од оваа позајмица не се познати , но се претпоставува дека не се големи затоа што Борусија сакала да се ослободи од Шурле поради високата плата која требало да му ја…

Read More

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни францускиот тим Олимпик Марсеј условно. УЕФА ќе му забрани учествуво во европските клупски натпреварувања на овој тим доколку направат исти инциденти во наредните две години, како што тоа беше минатат сезона. Другите казни за тимот од Франција се во износ од 100.000 евра и следниот европски натпревар да го игра без присуство на публика. Казната е наложена поради акумулираните инциденти од натпреварите од Лигата на Европа минатата сезона. Тоа беа домашните натпревари со Лајпциг (5:2), Салцбург (2:0), Салцбург (1:2) и Атлетико (Мадрид). Казната е изречена поради употреба на пиротехника, опасност за здравјето на другите…

Read More