Author: riste

Играчот на Барселона, Осман Дембеле, е подготвен да го напушти клубот по само една сезона помината на „Камп Ноу“, пренесуваат шпанските медиуми. Францускиот фудбалер не е во многу добри односи со тренерот Ернесто Валверде и се чувствува потценет од тренерот. 21-годишниот талент беше привлечен од клубот минатото лето за 105 милиони евра од Борусија (Дортмунд), но тој имаше сериозна повреда поради која не играше многу за време на сезоната и одигра само 12 натпревари во Примера. Минатата недела, медиумите во Шпанија излегоа информации дека Барселона планира да го искористи Дембеле како опција за привлекување на Еден Азар на „Камп Ноу“.…

Read More

Монако побара од Јувентус да се изјаснат околу цената за трансферот на играчот од средниот ред Клаудио Маркизио. 32-годишниот фудбалер има маргинална улога во составот на „Старата Дама”, а минатата сезона одигра само 20 натпревари во сите натпреварувања. Неговата возраст и се повеќе жестоката конкуренција во средниот ред на Јувентус значат дека Маркизио ќе добива се помалку можности за докажување, иако е миленик на навивачите. Значи, нема да биде изненадување ако тој бара друг предизвик. Монако одамна ја следи ситуацијата со италијанскиот репрезентативец и е подготвен да направи понуда за него. Французите упатија барање до Јуве за цената на играчот.…

Read More

Напаѓачот Карлос Бака кој е во сопственост на италијанскиот Милан сака да продолжи да игра во Шпанија. Колумбиецот е во сопственост на „Росонерите“, но во последната сезона настапуваше со позајмица во Виљареал. Тој постигна 15 гола за „Жолтата подморница“, но клубот одлучи да не ја активира клаузулата за откуп од 15,5 милиони евра. Шпанците би сакале да го задржат Бака со нов договор за позајмица. Меѓутоа, Милан врши притисок за целосно откупување на договорот на Бака. „Се чувствувам добро и би сакал да останам во Шпанија. Чекам да видам што ќе се случи. Имам договор со Милан и ќе го…

Read More

Поранешниот фудбалер, директор и тренер на Милан Леонардо се врати во гигантот од Милано. На Леонардо ќе му бидат доверени сите спортски и технички работи во клубот. Враќањето на Леонардо во клубот го зголемува расположението јкај навивачите на клубот затоа што тој има богато меѓубнародно искуство и сигурно ќе му помогне на тимот да дојде до подобро преставување во Европа. Името на Леонардо е од историско значење за Милан. Како фудбалер и раководител му помогна на Милан да ги постигне своите најголеми успеси. Неговата авантура во Милан започнува уште како фудбалер во далечната 1997. Останува во тимот на „росонерите” во…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на кинексиот клуб Тианжин Аксел Витсел планира да го напушти овој клуб, тврди германскиот весник „Билд“. Белгискиот репрезентативец го привлече вниманието на европските клубови благодарение на неговиот настап на Светското првенство. Според „Билд“, 29-годишниот играч од средниот ред размислува на две опции за продолжување на кариерата. Едната е Борусија Дортмунд, а втората е Пари Сен Жермен. Приоритет за поранешниот играч на Зенит е трансфер во клубот од Бундеслигата. Опцијата со ПСЖ засега е резервна, бидејќи францускиот клуб се уште се обидува да го купи Н’Голо Канте од Челзи. Витсел премина во Тианжин во 2017 година. Договорот…

Read More

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид постигнал договор со голманот Тибо Куртуа за неговите лични услови, информираше „Daily Mail“. Белгиецот имаше одлични настапи на светското првенство и ја доби „Златната ракавица“ на турнирот, а според одредени информации двата клуба дури веќе се договориле за неговиот потпис. Се тврди дека Реал Мадрид ќе плати речиси 40 милиони евра за играчот, кој имаше уште една година од договорот со „сините”, а договорот кој ќе го потшише со Реал Мадрид ќе го задржи на „Сантијаго Бернабеу” до летото 2022-та година. Доколку сепак Флорентино Перез не успее да се договори со своите колеги од „Стемфорд…

Read More

Поради комплетирање на документацијата во процесот за лиценцирање на клубовите, Фудбалската федерација на Македонија одлучи да го пролонгира стартот на претстојната сезона. Наместо на 5 август, прволигашите своите први натпревари во новата сезона ќе ги играат една ендела подоцна (12 август), а извлекувањето на паровите за натпреварувачката сезона 2018/19 од ПМФЛ ќе се одржи на 1 август (среда) во 12:00 часот во „Куќа на фудбалот“. ПМФЛ и оваа година ќе брои 10 клубови и ќе се одиграат 36 кола, односно 4 кружно. Титулата ќе ја брани екипата на Шкендија од Тетово.

Read More

Синоќа од Рома официјално објавија дека постигнале договор со Бордо за офанзивниот играч од средниот ред Малколм. Рома и „Жирондинците“ си подале рака за трансфер цена од 36 милиони евра. Самиот 21-годишен играч, исто така, се согласи да се пресели на „Олимпико“. Околу 50 навивачи на Рома дури го чекале Бразилецот на аеродромот. Во последен момент, агентите на Малколм, наместо да се упатат кон Рим, се одлучиле да полетаат за Барселона каде требало да ги договорат личните услови од договорот на овој играч. Барселлона за да ја добие битката со Рома за овој играч понудила 41 милион евра на Малколм.…

Read More

Репрезентативниот голман на Србија, Дејан Милосављев (22) од денеска треба да се приклучи на подготовките на Вардар и да биде член на екипата во наредните три сезони. Тој доаѓа од екипата на Партизан од Белград и важи за еден од најпреспективните голмани. Со своите 196 см. Милосављев делува импозантно меѓу стативите. Беше дел од репрезентацијата на Србија на ЕП во Хрватска. Иако не доби шанса да брани тренираше со колегите што покажува дека на него сериозно се смета. Тој уште во 2015 година беше повикан во сениорската репрезентација на Србија. Милосављев потекнува од екипата на Југовиќ од Каќ каде играле…

Read More

Офанзивниот играч Хамес Родригез најави дека ќе остане во Баерн Минхен и наредната сезона. Како што знаеме, Колумбиецот е поврзан со враќање во Реал Мадрид кој ги има неговите права. Сепак, баварците потпишале позајмица до 30 јуни 2019 година. „Во моментов сум играч на Баерн. Направив добра прва сезона и се чувствувам среќен и ценет во Минхен”, изјави Родригез во интервју во телевизиска емисија во Колумбија. Следното лето, баварскиот гигант има можност да го купи играчот за постојано за 35,2 милиони евра.

Read More