Купувањето на играчи од Атлетико Мадрид продолжува. Следен на списокот на нови играчи во Атлетико Мадрид ќе биде десниот дефанзивен играч Сантијаго Аријас од ПСВ Ајндховен. Тој ќе ја пополни празнината што ја остави Шиме Врсаљко, кој веќе се согласи за трансфер во Интер. Договорот помеѓу Атлетико и ПСВ за Аријас ќе биде официјализиран наскоро. Првично беше сметано дека колумбискиот репрезентативец ќе оди во Наполи, но тој го избра Атлетико Мадрид. Наполи веднаш се сврте кон Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед и преговорите се во многу напредна фаза. Аријас има 26 години, помина 5 сезони во Холандија, каде што стана…
Author: riste
Бразилскиот дефанзивец во редовите на Интер Жоао Миранда ќе потпише нов договор со клубот. Искусниот одбрандбен играч ќе го продолжи својот престој на „Џузепе Меаца“ уште две години, велат италијанските медиуми. 33-годишниот Миранда премина во составот на „нероазурите” во летото 2015 од тимот на Атлетико Мадрид и набрзина стана основен столб во одбраната на гигантот од Милано. Во последната сезона дефанзивецот одигра 31 натпревар во Серија „А”, а на Мундијалот во Русија го предводеше Бразил на неколку натпревари со капитенската лента. Иако има 33 години, Миранда ќе добие нов договор од раководството на 18 кратниот шампион на Италија, а годишната…
Холандскиот голман во екипата на Евертон Маартен Стекеленбург го продолжи договорот со „карамелите” од Ливерпул за уште една сезона и ќе остане во „Гудисон парк“ до 2020 година. Голманот, кој ќе има 36 години во септември, игра во Евертон од 2016 година, а пред тоа ги бранеше боите на неговиот роден клуб Ајакс, Рома, Фулам, Монако и Саутемптон. Стекеленбург има 58 натпревари за холандскиот национален тим. Ветеранот се очекува да ја добие улогата на резервен голман во Евертон и да му биде алтернатива на репрезентативниот голман на Англија, Џордан Пикфорд.
Болидот на Мерцедес управуван од Британецот Луис Хамилтон беше најбрз на трката за ГН на Унгарија која се возеше на патеката „Хунгароринг“. Актуелниот шампион тргна од првата позиција откако имаше најдобро време во квалификациите и ниту еднаш не дозволи некој да му се закани и да му го одземе првото место. Веднаш зад хамилтон на целта стигна директниот конкурент Себастијан Фетел од Ферари, додека на подиумот имаше место уште за вториот болид на Ферари со Кими Раиконен. Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, во поголемиот дел беше зад Хамилтон, но во финишот пед се поради лоши одлуку го загуби местото…
Напаѓачот Клаудио Пизаро ќе ја игра својата 21-ва сезона во Бундеслигата по потпишувањето на едногодишниот договор со Вердер Бремен. Перуанецот, кој во октомври ќе влезе во 40-та година , минатата сезона играше за Келн, кој испадна од елитата. Шесткратниот шампион на Германија со Баерн Минхен, по петти пат се приклучи на екипата на Вердер Бремен, откако претходно го носеше дресот на оваа екипа во 1999, 2008 (Позајмен од Челзи), 2009 и 2015. Клаудио Пизароој има одиграно 446 натпревари во Бундеслигата, а постигнал 192 гола.
Голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас не размислува и не е многу загрижен за својата иднина, и покрај гласините дека голманот на Челзи Тибо Куртуа ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу” ова лето. „Веќе разговарав со Лопатеги. Сè е во ред, немам грижи. Вистината е дека имам уште две години на договорот. Моите мисли и енергија се за тоа како можам да се подобрам со секојдневните напорите што треба да ги направам. Уживам во секој момент. Ќе видиме што ќе се случи во иднина, па не морам да престанам да уживам во животот. Јас сум мирен и добар во Реал “,…
Младата ракометна селекција на Македонија за играчи до 20 години вечерва го игра последниот натпревар на ЕХФ-шампионатот Б дивијза кој денес завршува во Скопје. Избраниците на селекторот Данило Брестовац синоќа ја совладаа селекцијата на Фарски Острови по подобро изведување на пенали, а претходно на 10 минути пред крај имаа предност од 5 гола (21:16). Сепак храбрите ги следеше и среќата и на крај се пласираа во финалето каде ќе играат против Белорусија која беше подобра од Швајцарија. Последниот и најважен натпревар се игра вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Тррајковски“, тоа е натпревар кој носи пласман во европската ракометна…
Олимпискиот вице-шампион од Рио 2016 Кејтлин Бејкер од САД постави нов светски рекорд на 100 метри грбно на Националното пливачко првенство. 21-годишната Бејкер ги натера мерачот на време да застане на точно 58,00 секунди. Претходното достигнување беше 58,10 секунди од канадската оливачка Кајли Мас која го постави минатата година на Светското првенство. Бејкер, која стана национална шампионка и на 200 метри грбно, постави и нов рекорд на САД на пократката дистанца, откако го подобри постигнувањето на Миси Френклин од јуни 2012 година.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, беше задоволен од перформансите на тимот во контролата против Тотенхем, што Каталонците го добија по подобро изведување на пенали. Сепак, тренерот е загрижен за повредите што Андре Гомеш и Денис Суарез кои ги добија за време на натпреварот. „Момчињата беа многу кул во изведувањето на пеналите. Видов повеќе позитивни работи отколку негативни, особено во првиот дел. Најлошото вест за вечерва е повредите на Суарез и Гомеш. Најверојатно ќе ги изгубиме до крајот на турнејата. Со нетрпение го очекуваме најдоброто од Јери Мина. Добро е што тој постигнува голови, но имаме играчи за тоа. Ме интересира…
Челзи е подготвен да го привлече младиот италијански дефанзивец од екипата на Јувентус Матија Калдара, тврди „Corriere della Sera“. „Сините” размислуваат да се вклучат во преговорите меѓу Милан и Јувентус за Калдара, кој се очекува да биде вклучен во договорот меѓу двата клуба за Леонардо Бонучи. Спортскиот директор на Јуве Фабио Паратичи разговарал со десната рака на Роман Абрамович Марина Грановскаја за евентуален трансфер на младиот играч во Челзи. Од лондонскиот клуб се подготвени да понудат 40 милиони евра за централниот дефанзивец, со што ќе го натераат Јувентус да не размислува да го разменува Калдара за Бонучи. Во исто време…
