Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека португалскиот тим Бенфика е заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан. Весникот „Рекорд“ денес пишува дека преговорите се во напредна фаза и дека Жозе Мурињо се согласил да ја прифатат понудата на Бенфика, а со тоа од страна на Манчестер и понатаму да плаќаат дел од платата на играчот од 2.5 милиони евра во наедната година, на колку Бенфика би го земала играчот од Италија на позајмица.
Author: riste
Англискиот гигант Манчестер Јунајтед се приближува до главниот трансфер за ова лето – белгискиот дефанзивец Тоби Алдервејлерд. Весникот „Мирор“ објави дека има напредок во преговорите меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем и од „Олд Трафорд“ веруваат дека ќе можат да го финализираат договорот во рок од 48 часа. Предлогот на Манчестер Јунајтед вреди 60 милиони фунти. Договорот на Алдервејрелд со „Спарси“ истекува за една година, но клубот има право да го продолжи уште 12 месеци. Активирањето на оваа опција, сепак, предизвика дополнителна клаузула за ослободување, според која секој може да го купи дефанзивецот за 25 милиони фунти. Оваа клаузула ќе биде…
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри изјави дека нема трпение за да започне со работа со големата ѕвезда на „бјанконерите” Кристијано Роналдо. Искусниот тренер ги пофали неговите играчи по средбата со Реал Мадрид, и покрај поразот од 3:1. „Дуелот со Реал беше многу добар тест помеѓу два големи тима. Среќни сме што успеавме да одиграме 4 големи средби тука. Игравме со тим кој е од многу високо ниво”, започна Алегри. „Ќе биде одлично да го тренирам Роналдо. Тој е најдобриот фудбалер во светот заедно со Лионел Меси. Тие играат во Европа и тоа го зголемува нивото на фудбалот на овој континент.…
Тренерот на Реал Мадрид Јулен Лопетеги изјави децидно дека Лука Модриќ ќе остане во тимот и нема да премине во италијанскиот гигант Интер во летниот преоден рок. Доцна синоќа пак тренерот на Интер Лучијано Спалети призна дека сонува исто како и сите фанови на „нероазурите” за фудбалер како Модриќ. По победата на Реал Мадрид над Јувентус со 3:1, Лопетеги одговори на прашања во врска со евентуалната разделба со хрватскиот фудбалер. „Модриќ е одличен фудбалер и го очекуваме со отворени раце. Разговарав со него по одличниот настап на Светско првенство и ќе видиме дали ќе може да игра на 15 август…
Нигерискиот репрезентативец Алекс Ивоби потпиша нов долгорочен договор со Арсенал, објави официјалната веб-страница на тимот од Лондон. Должината на новиот договор не е објавена. 22-годишниот Ивоби е тинејџер на Арсенал и ја започна својата професионална кариера на „Емирати“ во 2015 година. Има одиграно 98 натпревари и постигнато 9 гола во неговата кариера во Лондон досега. „Многу сум задоволен што Алекс потпиша нов договор со нас. Тој е одличен пример за еден играч кој може да се пробие до првиот тим преку академијата преку сериозна работа. Со нетрпение очекувам да соработувам со него и со другите талентирани играчи во нашиот тим”,…
Леонардо Бонучи се врати во Јувентус, ова може да се каже и официјално откако денес ги помина лекасрките прегледи во неговата поранешна екипа. Бонучи беше дел од екипата на Јувентус седум сезони, а минатат година се реши да замине во Милан каде играше една година. Сепак сега беше дел од договорот за размена со Матија Калдара и за трансферот на Игуаин во Милан. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се заблагодари од срце на Гонзало Игуаин, а исто така изрази жалење што тимот се раздели со Матија Калдара, но е задоволен од враќањето на Леонардо Бонучи. Како што е познато, Аргентинецот…
Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин го помина медицинските прегледи пред неговиот трансфер од Јувентус во Милано. „Новиот предизвик започнува”, рече Игуаин, пред медиумите. 30-годишниот Игуаин ќе игра во Милан со позајмица за 18 милиони евра, а неговата откупна клаузула е за задолжително откупување наредната година и со вредност од 36 милиони евра. Трансферот мораше да се реализира откако Јувентус го донесе Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Уште синоќа десетици навивачите на „росонерите” го пречекаа Игуаин, а денес повеќе навивачи го чекаа фудбалерот пред клиниката каде ги имаше прегледите. Во последните пет години, Игуаин има одиграно 177 натпревари во Италија во дресот…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во консултација со ТВ куќите кои ги имаат правата за пренесување на натпреварите од ракометната Лига на шампиони ги одредија саатниците за одигрување на натпреварите од првите десет кола во сезонава која ни претстои. Нашиот шампион Вардар својот европски настап го почнува против европскиот првак Монпелје на 15 септември во 17:30 часот. Овој термин, сабота во 17:30 часот, ќе биде стандарден за домашните натпревари на „црвено-црните“ во „Јане Сандански“. Единствено не е дефиниран терминот за мечот со Барселона во осмото коло кое се игра во периодот од 14 до 18 ноември. Вардар е во група со екипите на Монпелје,…
Челниците на Англиската фудбалска асоцијација имаат желба да го продолжат договорот на селекторот на националниот тим Герет Саутгејт и по завршувањето на Евро 2020. Популарноста на поранешниот дефанзивец скокна многу во изминатите два месеци за време на Мундијалот 2018, каде Англија стигна до полуфиналето. Саутгејт доби договор за четири години во ноември 2016 година, откако се наметне на брз начин и да се наметне како добра замена на компромитираниот Сем Алердајс. „Герет е одличен и ние би сакале тој да остане на чело на националниот тим и по 2020 година. Мислам дека и ние го сакаме, и тој ни се…
Манчестер Јунајтед и понатаму е без сериозен трансфер. Жозе Мурињо ќе мора да продаде некој играч со што ќе обезбеди пари за купување на играчи. Како што стојат работите Крис Сполинг би можел да донесе пари во касата на Манчестер Јунајтед кои се неопходни за купување на Јери Мина од Барселона. Екипата на Вилверхемптон е заинтересирана за Смолинг, а ништо против за овој трансфер нема ниту англискиот стопер. Останува сега да се договорат и двата клуба и зелено светло за овој трансфер да даде менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.
