Играчот од средниот ред на Барселона Андре Гомеш може да биде ново засилување за Јувентус, објавуваат медиумите во Италија. Според оваа информација, Кристијано Роналдо инсистирал на таков трансфер. Португалецот пристигна ова лето во клубот од Торино од Реал Мадрид и веќе побарал да го привлечат неговиот сонародник и пријател. Роналдо објаснил пред менаџерскиот тим на Јувентус дека ако се врати во најдобра форма, Андре Гомеш ќе биде многу корисен за тимот. И предлогот му поминал со позитивен одговор, па се очекува наскоро да биде направена таква понуда кон Барселона. Претходно некои медиуми објавија дека Андре Гомеш може да стане дел…
Author: riste
Легендата на француската кошарка Тони Паркер ќе ја продолжи кариерата во НБА, но по 17 години верност кон Сан Антонио Спарс тој заминува во друг клуб, односно потпиша со Шарлот Хорнетс. Ова стана јасно откако генералниот менаџер на „Хорнетс” Мич Купчак издаде официјално соопштение до медиумите во кое го објави трансферот на Паркер. „Ние сме многу среќни што ангажиравме играч од калибарот на Тони Паркер. Уверени сме дека со неговото искуство тој во голема мерка ќе помогне да ги подобриме перформансите на нашиот тим. Сите во семејството на Шарлот го поздравуваме Тони со „Добредојдовте” и сме сигурни дека блескавата кариера…
Лондонски Челзи ја одбил и третата понуда на Барселона за бразилскиот фудбалер Вилиан, соопштува „Скај Спортс“. Каталонците го подобриле претходниот предлог со 2 милиони долари и веќе даваат 72 милиони долари за 29-годишниот Бразилец. Од Челзи чекаат, бидејќи се појави информација дека Манчестер Јунајтед е со интерес кон играчот и дека се подготвени да плати 80 милиони долари за неговите услуги. Вилиан е дел од Челзи од 2013 година и беше привлечен од рускиот Анжи. Минатата сезона играше 36 натпревари во Премиер Лигата, во кои постигна 6 гола, но имаше и седум асистенции.
По трансферите на Раџа Наинголан и Матео Политано, на кои може да им се придружи и Лутаро Мартинез, Интер може само да си дозволи играчи на позајмица. Затоа Малком беше продаден во Рома, поради што трансферот на Артуро Видал сè уште не е постигнат. Со цел да си дозволи уште едно силно име, Интер мора да се ослободи со некој од Жоао Марио, Матијас Весино и Роберто Гаљардини. Во последните часови се појавија гласини дека Спортинг (Лисабон) има желба да го врати во своите редови португалскиот репрезентативец Жоао Марио, кој беше продаден на Интер за 45 милиони евра во летото…
Младинска ракометна репрезентација на Македонија не ја забележа втората победа на ЕХФ шампионатот, кој се одржува во Скопје. По убедливата победа против Велика Британија на стартот на шампионатот, нашите ракометари денес одиграа нерешено против незгодната селекција на Италија 27:27. Според резултатот и она што се случуваше во вториот дел, може Македонија да биде среќна што мечот го заврши нерешено. Во еден ден од мечот односно на 10 минути пред крајот Италија имаше предност од 3 гола разила. Во изедначено прво полувреме нашите ракометари заминаа на одмор со педност од еден гол разлика (13:12). Во второто полувреме имаа предност од 16:14, иа…
Само што дојде во Милан, Пепе Реина би можел веднаш да го напушти својот нов тим. Шпанскиот голман беше привлечен од „росонерите” како слободен агент, но веќе се зборува за негова продажба во тимот на Челзи, каде што ќе биде заедно со својот поранешен тренер во Наполи Маурицио Сари. Интересно во случајот е дека Сари го отфрлил предлогот да го привлече во составот првиот голман на Милан Џанлуиџи Донарума. Ако трансферот на Реина во Челзи биде реализиран, тогаш 7-кратниот освојувач на Лигата на шампиони ќе пријави приходи од 8 милиони евра. Во меѓувреме, голманот патува со Милан на турнејата во…
Хрватскиот репрезентативец Милан Бадељ ќе ја продолжи кариерата во Њукасл, Англија, тврдат англиските медиуми. Минатата година, дефанзивниот играч од средниот ред играше 27 натпревари и постигна два гола за Фиорентина. Неговиот договор истече во јуни, а тој стана слободен играч. Интерес за 29-годишниот играч од средниот ред имаше од Милан и од Зенит во Русија (Санкт Петербург), но по повикот од Њукасл, тој дури и не размислувал. На Светското првенство во Русија, тој беше дел од хрватскиот тим, кој стигна до финалето. Учествуваше на три натпревари и постигнал еден гол.
Новото и најскапо засилување на Јувентус Кристијано Роналдо повторно е во шпанската престолнина Мадрид, пишува „Corriere dello Sport“. Тој е таму за да ги реши имотните проблеми, со цел да ја продаде својата куќа во вредност од 5,5 милиони евра. „CR7“ пристигнал во Мадрид и според италијанското издание размислувал да се појави во спортскиот центар на Реал Мадрид, за да се збогуваат со поранешните соиграчи. Сепак на крајот 33-годишниот Португалец решил да не оди во базата на Реал Мадрид, бидејќи можел да се сретне со претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез, со кого не се во најдобри односи.
Пред да ја започнат новата фудбалска сезона, во актулениот шампион на Италија не оставаат ништо на случајноста околу имиџот на клубот. Јувентус денес и официјално го престави новиот клубски автобус со кој ќе се вози првата екипа која во своите редови од оваа сезона ја има една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот, Кристијано Роналдо. „Подготвени да ја започне новата сезона и во стил”. Со оваа фраза, италијанскиот шампион Јувентус го претстави својот нов клубски автобус на социјалните мрежи. Современото возило е направено од „Garage Italia“, која го создаде овој изглед на автобусот. Концептот на новиот дизајн на автобусот е…
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон е победник на трката за ГН на Германија која се возеше денес во Хокенјахм. Дождот кој беше дел од ова атрка ги донесе и најголемите возбудувањат и интересни моменти во самата завршница на трката. Себастијан Фетел кој стартуваше од пол ползицијата , имаше сигурно водство до 52. круг, кога излета од патеката и ја заврши трката. Тоа го искористи неговиот лут ривал, кој стартуваше од 14-та позиција и во првите 20 круга успеа да дојде до 4-та позиција, а токму по дождот успеа да го искористи моментот и да дојде до својата нова победа која…
