Author: riste

Нешто интересно се случи синоќа по завршувањето на натпреварот  меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, големото дерби на 21 коло од Англиската Премиер лига, победенија „граѓаните” со 2:1. По последниот сигнал на главниот судија, повредениот дефанзивец од екипата на Манлестер Сити Бенџамин Менди влезе на теренот на стадионот „Етихад“ за да им честита на своите соиграчи за оваа голема победа. Францускиот интернационалец носел обична облека на која немало никакви клубски обележја. Ова придонесе еден од стјуардите да помисли дека Менди е навивач на Манчестер Сити, и се упати кон него да го врати на трибината. Но, отккао дошол до него, забележал…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека борбата за титулата во Премиер лигата ќе завршеше ако неговиот тим загубеше од Ливерпул, но победата од 2:1 сега ја врати неговата екипа во борбата за титулата. „Поразот требаше да значи крај за сите нас. При предност од десет бодови е тешко, да бидеме искрени, но сега сме четири поени зад нив. Треба да се бориме многу, но четири бодови се доволни за да сме смирени и е добар момент за да ги поздравам и да им се заблагодарам на овие неверојатни играчи. Беше добар спектакл и двата тима играа на победа.…

Read More

Реал Мадрид сака да ги привлече Пабло Сарабија од Севиља и Кристијан Ериксен од Тотенхем, соопштуваат шпанските медиуми. 26-годишниот Сарабија е играч кој потекнува од школата на европскиот клупски шампион и има еден одигран натпревар во дресот на Реал Мадрид во 2009 година. Раководството на Реал Мадрид ја разгледува можноста за враќање на играчот од средниот ред кој игра одлично во Севиља. Сарабија може да го замени Иско, кој е во несогласување со тренерот Сантијаго Солари и сака трансфер. Во актуелната сезона, Пабло Сарабија има одиграно 16 натпревари и постигнато 6 гола за Севиља. Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен исто така…

Read More

Ветеранот Јакуб Блашчиковски веќе не е фудбалер на Волфсбург. Тој го раскина договорот со популарните „волци” со заедничка согласност, а од германскиот клуб открија дека играчот од средниот ред ќе се врати во Полска и ќе потпише со локален тим. 33-годишниот Блашчиковски дојде во Волфсбург во 2016 година. Од почетокот на тековната сезона, поранешната ѕвезда на Борусија Дортмунд се појави само еднаш на натпревар од Бундеслигата Во својата кариера популарниот Куба, настапуваше за екипите на Висла (Краков) и Фиорентина, но најдобриот дел од кариерата му беше во Борусија Дортмунд.

Read More

Деновите на Мунир Ел Хадади во Барселона се броени. Напаѓачот не го продолжи договорот со клубот и од 1 јануари тој може да преговара со други тимови. Затоа тој се согласи за да се пресели во Севиља, а за таа цел потпишал преддоговор кој ќе влезе во сила во текот на летото, велат шпанските медиуми. Неколку месеци во Барса се обидуваа да го обноват договорот на Мунир, правејќи две понуди, но играчот ги негираше. Интерес за него имаше и од Бетес и од клуб во Премиер лигата, кој му понуди висока плата. Сепак, овој играч не сакаше да оди во…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денес го промовираше новиот дрес со кој ќе настапува на Светското првенство кое за неколку дена започнува во Германија и Данска. Официјалниот партнер на селекцијата „Д-спортска опрема“ и брендот „Хумел“ кои веќе неколку години ја обезбедуваат нашата селекција со спортска опрема денес во своите простории направија промоцијата на новата опрема. Спонзорот останува ист, „Хумел“, а разликата е само во дезенот на дресот односно неколку линии и нијанси кои се додадени на новиот дрес. На нашата репрезентација и останува утре и официјално да го одигра првиот од двата контролни натпрервари со селекцијата на Србија, првиот кој се игра…

Read More

Капитенот на Челзи Гери Кејхил ги поминува своите последни денови во Челзи од каде што треба да се префрли во Фулам, информираше „Ивнинг Стандард“. Досега, Арсенал се сметаше како фаворит за потписот на 33-годишниот дефанзивец, а исто така и Астон Вила беше меѓу фаворизираните дестинации за него. Кејхил ќе биде пуштен до лето кога му истекува договорот со Челзи. Менаџерот Маурицио Сари веќе објави дека нема да го запре искусниот фудбалер ако сака да замине сега. Фулам се бори за своето место во елитата, во моментов е во зоната на испаѓање. Сепак, постои надеж, бидејќи со новиот тренер Клаудио Раниери…

Read More

Диего Коста работи под посебен третман со физиотерапевтот на Атлетико Мадрид, објавија шпанските медиуми. Напаѓачот на Атлетико се опоравува по успешната операција на ногата во Бразил во декември. Целта на искусниот играч е да се врати на теренот за полуфиналето од Лигата на шампионите против италијанскиот Јувентус кое се игра во февруари. Лука Ернандез и Фелипе Луис исто така не учествуваа на првиот тренинг на Атлетико Мадрид во 2019 година. Тренингот на екипата го следеле повеќе од десет илјади навивачи во Атлетико Мадрид.

Read More

Португалската супер ѕвезда Кристијано Роналдо изјави дека изминатата година е најдобрата во неговата кариера. Потсетуваме дека голгетерот не ја освои „Златната топка” на „Франс Фудбал”, ниту наградата за број 1 на ФИФА. Мегаѕвезда на Јувентус призна дека во Италија потешко се постигнуваат погодоци, отколку во Шпанија. „2018 година беше најдобра во мојата кариера. Во Серија „А” ми ставаат директен чувар, на што сум навикнат од шпанскиот шампионат, но тука слободниот простор е помал, бидејќи сите тимови имаат одлична одбрана. Секој во Торино се однесува на фантастичен начин со мене. Се е одлично. Јас немам идеја каде ќе завршам кариерата, планирам…

Read More

Светското фудбалско првенство во Катар 2022 година треба да биде едно од најграндиозните, ова е најавено и од организаторот , но и од ФИФА. Повеќе од 250.000 луѓе аплицирале за волонтери на Светското првенство во Катар во 2022 година, објави од организацискиот комитет. Мундијалот во 2022 година ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември. Само во првите четири месеци од почетокот на програмата за регрутирање на волонтери биле поднесени вкупно 257.000 барања. Катар е првата земја од Блискиот Исток која е домаќин на Светското првенство и се очекува да видиме првенство кое ќе биде специфично по неколку работи.…

Read More