Стадионот на Бетис – „Бенито Виљамарин“ ќе биде местото каде ќе се игра финалето од Купот на кралот оваа сезона. Ова го објавија официјално од Кралската шпанска федерација, откривајќи дека градот Севиља ја добил битката со Валенсија. За прв пат по неколку години местото каде ќе се игра финалето е познато пред да биде јасно кои две екипи ќе бидат финалисти. Во предходните сезони двата клуба кои ќе обезбедеa пласман во финалето го изразуваа своето мислење каде да се игра натпреварот. Битката за Купот во Севиља ќе биде на 25-ти мај. Интересно е дека и двата тима од андалузиската престолнина…
Author: riste
Стартниот дефанзивец на Јувентус Леонардо Бонучи може да остане надвор од теренот за околу еден месец, објавија медиумите во Италија. Синоќа тој зарабои повреда на зглобот за време на дуелот со Лацио, а денес поминал детални испитување. Од клубот потврдија за проблемот, но не поставија рок за рехабилитација. Првичните прогнози се дека тој ќе биде надвор од теренот околу 4 недели, што значи дека најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар против Атлетико Мадрид од 1/8-финалето во Лигата на Шампионите, кој ќе се одигра на 20-ти февруари. Бонучи сам се повреди, но не ја напушти средбата веднаш, остана во игра уште…
Екипата на Арсенал има сериозни проблеми со дефанзивната линија, последен на списокот на повредени играчи е одбрандбениот фудбалер Сократис Папастатопулос кој ќе биде надвор од теренот околу еден месец поради повредата на зглобот, соопштија од клубот. Грчкиот интернационалец доби повреда при поразот со 1:3 од Манчестер Јунајтед во ФА Купот на Англија кој се одигра во петокот,а мораше да го напушти теренот во првото полувреме. Лекарскиот тим на Арсенал очекува дефанзивецот да ги обнови тренинзите на крајот на февруари. Вториот дефанзивец на Арсенал Лорен Кошчелни исто така се повреди на оваа средба и е под знак прашање за настап на…
Фудбалерот на Интер Иван Перишиќ официјално испрати барање до менаџментот на клубот со желба да биде продаден. Познато е дека „нероазурите” го одбија Арсенал за хрватското крило, откако лондончани сакаа да го привлечат првично со позајмица до крајот на сезоната, но со опција за перманентен трансфер во текот на летото. Спортскиот директор на тимот од Милано Џузепе Марота откри прeд „Скај Италија” каква е ситуацијата со крилниот фудбалер во моментов, а токму тој призна дека играчот сака да биде продаден или позајмен. „Перишиќ официјално побара да го напушти Интер, но вистината е дека нема понуда за него. Ќе видиме што…
Играчот од средниот ред на Париз Сен Жермен, Адриен Рабио, ја отфрли понудата да се пресели во Тотенхем. Менаџерот на „Спарси“ Маурицио Почетино сака да го има француски репрезентативец, но играчот има други идеи за развојот на својата кариера, пишува весникот „Тајмс“. Рабио продолжува да работи во тимот на ПСЖ, но и понатаму одбива да потпише нов договор со клубот. Тековниот договор на 23-годишниот играч од средниот ред истекува следното лето, и нема интерес за продолжување. Од друга страна целата оваа ситуација ја следат Барселона, Баерн (Минхен), Ливерпул и Челзи кои се во трка за овој играч од средниот ред.…
Тренерот на Лацио Симоне Инзаги не можеше да поверува дека неговиот тим го загуби дербито со Јувентус. „Бјанконерите“ го свртеа резултатот и дојдоа до победа благодарение на головите на Жоао Кансело кој израмни во 74-та минута и голот од пенал на Кристијнао Роналдо во 88-та минута. „Во оваа сезона не сум видел друг тим да го надигра Јувентус до ваков степен. Ние упативме девет удари во оквир на голот на противникот, а тие само три. Исто така имавме многу одлични шанси за гол. Фудбалот е неправеден. Не заслуживме да изгубиме. Но ако продолжиме да играме така, нашите навивачи ќе бидат…
Без да блеска многу, ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо остави свој белег на натпреварот со Лацио кој се одигра синоќа. Португалецот го постигнаа победнички гол за Јувентус кои го сврте резултатот од 1:0 во 1:2 на „Олимпио“ и сега имаат предност од 11 поени пред вториот во Серија „А“ – Наполи. Роналдо веќе има 15 погодоци од почетокот на сезоната во „Калчо лигата” и се израмни со Дуван Сапата од Сампдорија. Лидер на листата на стрелците е Фабио Кваљарела со 16 гола. За Кристијано, ова беше осмиот последователен натпревар во кој успеал да постигне гол. Откако во Серија „А“ се доделуваат…
Томас Дол е новиот тренер на германскиот бундеслигаш Хановер 96, соопштија од клубот. Тој потпиша договор за 1,5 година и го замени отпуштениот Андре Брајтенрајтер кој по серијата од осум натпревари без победа го остави тимот на претпоследното место во Бундеслигата. Томас Дол е поранешен тренер на Хамбургер и Борусија (Дортмунд). Тој последен пат го предводеше унгарскиот Ференцварош. „Дол докажа дека умее да ги извршува поставените цели во претходните тимови – како да освојува титули, па и да ги спасува тимови од испаѓање. Дури во годините поминати во Унгарија тој ја следеше Бундеслигата и ја познава многу добро ситуацијата во…
Македонската кошаркарска федерација и официјално денес потврди дека завршницата на овогодишниот Куп на Македонија во кошарка ќе се игра во Гевгелија. Натпреварите според планот ќе се одиграат од 15-17 февруари, а коорганизатори ќе бидат екипите на Блокотехна и Кожув. Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски, заедно со Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашко Поцков како и претставниците на клубовите, Ѓорѓи Гетов (Кожув) и Драган Ристов (Блокотехна) одржаа средба во Гевгелија на која ги договарија последните детали околу самата организација за натпреварите од Купот во машка и во женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде ист како и минатата сезона. Првите осум…
Првата понуда на Валенсија за напаѓачот на Вест Хем, Хавиер Ернандез Чичарито е во вредност од 8 милиони евра, пишува весникот „Марка”. Популарните „Лилјаците“ го сакаат Мексиканецот и откако „чеканите“ категорично ја отфрлија можноста да го продадат за оваа цена, шпанскиот клуб ќе треба да преговара за трансфер сума. Во оваа фаза, сепак, парите се под проценката која лондончани ја имаат за Чичарито, кој сметаат дека вреди меѓу 12 и 14 милиони евра, па на „Местаља“ ќе треба да го подобрат својот предлог. Од Монако исто така го сакаат Чичарито, но во Вест Хем не брзаат да го продадат, бидејќи…
