Author: riste

Челзи ќе го блокира секој обид на Реал Мадрид да го привлече во своите редови Еден Азар во текот на летото, иако на тој начин тимот ризикува да го пушти без пари, бидејќи Белгиецот ќе влезе во последната година од договорот, тврди весникот „Сандеј Експрес” . Раководството на „сините” е категорично дека нема да се разделат со својата ѕвезда и во исто време ќе се стремат да го убедат за да го парафира новиот и подобрен договор. Договорот на Белгиецот истекува во летото 2020 година и практично при ваквиот потег лондончани ризикуваат многу. Не е тајна дека Зинедин Зидан, кој…

Read More

На денешното генерално собрание на ФФМ оджано во Охрид беше избран нов претседател кој ќе ја води нашата фудбалска федерација. Со 82 гласа „за“, и еден воздржан, и ниту еден против, Муамед Сејдини е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Сејдини во последните неколку месеци ја извршуваше функцијата В.Д. по оставката на Илчо Ѓорѓиоски. Тој во минатото беше потпретседател на федерацијата. Сејдини ќе биде на чело на федерацијата до 2021 година, кога истекува мандатот на делегатите на Собранието. Откако беше избран за нов претседател на ФФМ, Муамед Сејдини се заблагодари на делегатите за поддршката, на меѓународните институции како…

Read More

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас е победник на првата овосезонска трка во Формула 1 шампионатот. Финецот уште од самиот старт успеа да го престигне Луис Хамилтон, кој ја имаше пол позицијата, и на крајот заврши прв со предност од 20 секунди пред Луис Хамилтон. Хамилтон во текот на трката имаше проблем со гумите што не му дозволи да го нападне Ботас и да го загрози неговото прво место. Зад водечката двојка на Мерцедес, Ботас и Хамилтон заврши Макс Верстапен од Ред Бул. Четврти и петти беа болидите на Ферати Себастијан Фетел, односно Чарлс Леклерк. Најдобрите 5 на трката за ГН…

Read More

Две недели по писмото, во кое ја изрази својата љубов кон Интер, Мауро Икарди објави слика на социјалните мрежи, посветена на утрешното „Дерби дела Мадонина” со Милан. Напаѓачот, кој одамна го нема облечено „црно-синиот” дрес поради скандалот со одземањето на капитенската лента и ненадејно се појавија повреда на коленото, објави фотографија на „Instagram“, на која покажува радоста по гол со поставени раце зад ушите, а во позадина е стадионот „Џузепе Меаца”. Утре Икарди нема да му помогне на Интер против „росонерите”. Сеуште не се знае каква е иднината Икарди во Интер и дали напаѓачот има желба да остане во клубот.

Read More

По одржаната прес-конференција на Агенцијата за млади и спорт (АМС) од страна на Фудбалската федерација на Макеоднија излегоа со соопштение кое во целост ви го пренесуваме: Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се чувствува повикана да реагира по повод одржаната прес – конференција во Агенцијата за млади и спорт (АМС) од страна на директорот на управниот орган за млади и спорт, г-динот Дарко Каевски. Фудбалската федерација на Македонија ги почитува и поздравува напорите, сугестиите, па дури и одредени предлози од страна на Агенцијата за млади и спорт во однос на евентуалната потреба за измени и дополнувања на Статутот на Фудбалската федерација…

Read More

Италијанецот Доминик Парис го освои денешниот Супер-Џ во Андора кој беше дел од Светскиот куп во алпски дисциплини, откако вчера триумфираше во спуст. Резултатот на Парис, беше 1:20,42 минути и зад себе ги остави Мауро Кавијзел од Швајцарија, кој заостана 0,15 секунди, а трети се пласираше Винсент Крихмајер од Австрија со заостанување од 0,44 секунди. Со денешната победа Парис, е Светски шампион во оваа дисциплината и го освои и малиот Кристален глобус бидејќи Парис има 430 бода, а потоа Крихмајер (Австрија) со 346 поени. Во генералниот пласман оваа сезона води Марсел Хиршер (Австрија) 1508 поени пред Алекси Пинтуру (Франција) 999…

Read More

Македонија до 21 година овој месец, од 18. до 27. март во Турција ќе биде дел од силниот „Анталија Куп“ на кои покрај нашата млада селекција ќе учествуваат репрезентациите на Украина до 21 година (22. март), Летонија до 21 година (24. март), Естонија до 21 година (26. март) и Казакхстан до 21 година. Нашата репрезентација нема да се соочи со Казакхстан на контролниот турнир во Турција од причина што двете селекции се во иста група од квалификациите за ЕП 2021. Селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски за натпреварите од „Анталија Куп“ прати повик до следните фудбалери: Голмани: Томас Божиновски…

Read More

Проблемите околу организирањето на Светското првенство во 2022-та година во Катар продолжуваат, иако беше решен случајот со топлото лето и за прв пат Мундијалот ќе се одржи во текот на зимата. Советот на ФИФА ќе се собере утре во Мајами (Флорида), за да разгедува варијанти евентуално две држави да бидат домаќини на следното светско првенство, што значи друг коорганизатор со Катар. Ова се наметнува поради желбата на ФИФА да го зголеми бројот на учесници на 48, и тоа уште од ова првенство, а не да се чека 2026-та година. Комисијата е предводена од генералниот секретар на ФИФА Фатма Самура, е…

Read More

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника, апарати за домаќинство, телевизори, компјутери, лаптопи, телефони, производи за нега и убавина, апарати за ладење и греење.Нептун 20 години е присутна на македонскиот пазари е застапена со 25 продажни салони во 21 градoви Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple,Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi,Fuegoи многудруги, Нептун долго време е апсолутен лидер на пазарот во државава. Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува каде секојдневно има некој технолошки новитет или некој понапреден модел. Сето тоа се причини поради кои Компанијата постојано…

Read More

Големата ѕвезда на ПСЖ Нејмар може да добие сериозна санкција за невоздржаните коментари по крајот на натпреварот со Манчестер Јунајтед (1:3). Тогаш Бразилецот, кој не игра поради повреда, бурно реагираше против судиите поради досудениот пенал, со кој „црвените ѓаволи” го елиминираа ПСЖ од Лигата на Шампионите. „Тоа е срам. Од УЕФА избрале четири лица, кои ништо не разбираат од фудбал, да гледаат повторувања на ВАР. Нема никаков пенал. Како може да има игра со рака, кога тој е со грб свртен кон топката? напишал Нејмар на „Инстаграм“. Вчера УЕФА објави дека има истрага кон за Нејмар. Според  весникот „Тајмс” санкцијата…

Read More