Author: riste

Раководството на Манчестер Јунајтед има намера да ги намали платите на фудбалерите доколку не се пласираат во Лигата на шампионите за следната сезона, објави весникот „Сан“. Според изданието, платите на Давид Де Геа, Пол Погба и друштвото ќе бидат скратени за 25%. Не е исклучено при пропуштање на турнирот на богатите, францускиот репрезентативец да биде продаден на Реал Мадрид, кој не го крие интересот кон него. Оваа мерка сигурно ќе предизвика бран од незадоволство во соблекувалната на „црвените ѓаволи” и не е јасно дали воопшто во договорите на фудбалерите има клаузули за намалување на платите доколку екипата не се пласира…

Read More

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо, кој е поранешен тренер на Интер, Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Јунајтед, може да го преземе Олимпик Лион. Според француските медиуми, португалскиот стручњак е забележан вчера на аеродромот во Лион, каде што пристигнал да разговара со претставници на олимпик Лион. Мурињо беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во декември 2018, откако загуби од Ливерпул (1:3) во 17-то коло во Премиер лигата. Од тогаш Португалецот работи како фудбалски аналитичар на телевизија. Во моментов, актуелен тренер на Олимпик Лион е Бруно Женезио. Тимот се наоѓа на третото место на табелата во Лига 1 со 56 поени по 32 одиграно…

Read More

Стручниот штаб на Јувентус и раководството на оваа екипа внимателно ги следат перформансите на дефанзивниот играч на Ајакс Матијас де Лихт, но за време на натпреварот помеѓу двата тима вечерва во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе направат посебна анализа. Причината за тоа е што „бјанконерите“ сериозно ја разгледуваат можноста да го привлечат овој фудбалер во своите редови иако играчот повеќе сака да ја продолжи кариерата со трансфер во Барселона, пишува „Ел Мундо Депортиво“.

Read More

Холандскиот Ајакс го пречекува Јувентус во една од најинтересни четвртфинални дуели од Лигата на шампионите. Мечот се игра на „Јохан Кројф Арена” во Амстердам. Холандскиот клуб направи сензационален пласман во оваа фаза на ЛШ, откако го елиминираше Реал Мадрид во 1/8-финалето, а Јувентус го елиминираше другиот мадридски клуб по незаборавен реванш во Торино. Двата тима се сретнале 12 пати меѓу себе, балансот е во корист на италијанскиот тим – 6 победи, 4 нерешени и 2 порази, што го става во улога на фаворит за краен победник во дуелот. Од создавањето на Лигата на шампионите во 1992 година двата тима се…

Read More

Дуел на два добри познаници во Лигата на шампионите не очекува вечерва во четвртфиналето на ЛШ. Манчестер Јунајтед е домаќин вечерва од 21,00 часот на својот „Олд Трафорд” на Барселона во првата средба меѓу двата тима од 1/4-финалето на Лигата на шампионите. Гиганти на англискиот и шпанскиот фудбал се добро познати ривали во ова натпреварување, а ривалството во Европа датира од 1984 година. Јунајтед има нешто да им врати на каталонците откако последните две средби меѓу двата тима беа финалето во 2009 и 2011 година. Во секоја од нив, Барселона беше  победник. Сега каталонците се сметаат како фаворит, но не…

Read More

Од денес и официјално нашиот најголем фудбалски стадион има ново име, досегашното име Арена „Филип Втори“ оди во историјата, а новото име на стадионот ќе биде Национална арена „Тоше Проески“. Оваа информација ја потврди и владиниот портпарол Миле Бошњаковски преку Твитер „Утрово на редовната 129 седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена „Тоше Проески“, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“ напиша Бошњаковски на Твитер. Поранешниот Градски стадион го доби името „Филип Втори“ во 2009 година, а од денес ќе го носи името „Тоше Проески“.

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија рано утрово замина за Рејкавик и со две прелетувања преку Загреб и париз се очекува вечерва да пристигне во главниот град на Исланд. Нашата експедиција попладнево ќе слета на Исланд и практично цел ден ќе го помине во патување, па селекторот Брестовац нема да има премногу време за подготовка на натпреварот. Крилниот играч Дејан Манасков ќе пристигне директно на Исланд и заедно со останатиот дел од селекцијата ќе го одработи вечерниот официјален тренинг. Селекторот Данило Брестивац синоќа го скртаи списокот на патници за Исланд па од поширокиот список отпаднаа Серафимов, Димитриоски, Мартин Манасков и голманот Томовски. Натпреварот Исланд – Македонија…

Read More

Проблемите за централниот дефанзивец на Барселона Томас Вермален продолжуваат, откако Белгиецот доби четврта повреда сезонава. Дефанзивецот на „каталонците” не се најде во листата од 22 играчи на кои ќе смета тренерот Ернесто Валверде за утрешниот 1/4-финален дуел во Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед. Вермален не најде место и во составот на тимот и за натпреварот со Атлетико Мадрид во саботата, бидејќи страда од болки во левото колено. Тој играше на само 11 од 48 натпревари на тимот во сезонава или вкупно 677 минути. За последните 12 години Вермален бил повреден дури 27 пати, покажува статистиката на весникот „Спорт”.

Read More

Од Рома внимателно ја следат ситуацијата со крилото на Севиља Пабло Сарабија. Тој има договор со тимот од Андалузија до 2020 година и во моментов не може да се договори со челниците на клубот за обновување на истиот. Во исто време 26-годишниот Шпанец има одлична сезона, зад своето име има постигнато 21 гол во 47 натпревари. Можеби најдоброто нешто за Рома е тоа што тој има клаузула за заминување во вредност од 18 милиони евра, сума која нема да биде никаков проблем за италијанскиот тим. На „Олимпико“ ќе направат сериозен избор на играќо во текот на летото по разочарувачката сезона…

Read More

Порто нема да се мотивира од идејата за реванш во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул. Португалскиот гигант гостува на „Енфилд” вечерва, а минатата сезона Англичаните триумфираа во истото ова натпреварување по успехот со 5:0 како гостин во првата средба и 0:0 како домаќини. „Не станува збор за реванш. Секој натпревар е различен. Претходните резултати не можат да влијаат на нас. Не треба да мислиме на минатата сезона. Треба да биде концентриран на предизвикот што ни претстои вечерва на „Енфилд”. Ливерпул е многу силен тим, свесни сме за силата која имаат”, коментираше тренерот на Порто, Серџо Консеисао. Порто посакува…

Read More