Author: riste

ПСЖ го убедува Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед да не потпишува нов договор со тимот, за да може да си замине без сума за трансфер следното лето, пишува англиското издание на „Експрес“. Со оглед на затегнатите финансиски правила и веројатноста за кршење на правилата на финансиски фер плеј, парижаните не се сигурни дека во моментов можат да си дозволат да платат 60 милиони фунти за голманот на Манчестер Јунајтед уште во текот на летото. Тимот од Париз му ветил голем бонус на Шпанецот, ако по една година се пресели кај нив со слободен трансфер. Добро е познато дека Де…

Read More

УЕФА на официјалната веб-страница ги објави цените на билетите за натпреварите од завршната фаза на Европското првенство 2020. Најевтините билети за натпреварите од групната фаза од ЕП 2020 одина, како и за четвртфиналните средби на Европското првенство, кои ќе се одржат во Баку, Будимпешта и Букурешт, ќе чинат 30 евра. Билетите за натпреварите од групната фаза во Санкт Петербург ќе ги чинат навивачи од 50 до 185 евра , а билетите во четврт финалето на ЕП ќе чинат од 75 до 225 евра. Најскапиот билет за финалето на Европското првенство – 2020, кое ќе се игра во Лондон, ќе чини 945…

Read More

Дебитантската сезона на Кристијано Роналдо во италијанскиот шампионат беше оценета од локалните специјалисти како упсешна и тој беше избран за најкорисен фудбалер на сезоната во Серија „А”. Португалецот ја освои титулата со тимот на Јувентус, а помогна со 21 гол и 9 асистенции во 30 натпревари. Тој ќе ја добие својата награда пред почетокот на денешниот натпревар против Аталанта. Истата награда пред неколку години Роналдо ја освои и во Манчестер Јунајтед и во Реал Мадрид. Во исто време фудбалерот на Наполи Калиду Кулибали беше прогласен за најдобар дефанзивец. Фудбалерот на Наполи досега им помогна на своите соиграчи да имаат 13…

Read More

Арсенал нема да може да го привлече крилниот играч Вилфред Заха поради неговата висока цена, велат медиумите во Англија Кристал Палас бараат за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска 80 милиони фунти, но „топџиите” се подготвени да платат само половина од оваа сума, за да го привлечат во своите редови. Интерес кон Африканец не недостасува и тој е силно е посакуван и од Манчестер Јунајтед, каде играше без особен успех пред неколку години и на крајот беше продаден од раководството на клубот. Заха имаше многу добра сезона со својот клуб и успеа да постигне 10 погодоци во Премиер лигата за…

Read More

Манчестер Сити освои три трофеи оваа сезона во Англија, ја одбрани титулата во Премиер лигата, и ги освои пехарите во Лига купот и ФА Купот, но очигледно дека ќе остане без својот капитен Винсент Компани. Белгискиот интернационалец најави дека го напушта клубот по завршувањето на оваа сезона. Цели 11 сезони тој беше дел од тимот кој оваа година испиша историја со освојувањето на првата тројна титула. Неговиот погодок за победа против Лестер беше еден од моментите поради кои екипата заврши на врвот во Премиер лигата втора година во низа. Винсент Компани синоќа по финалето на „Вембли“ со писмо им се заблагодари…

Read More

Тренерот на освојувачот на Купот на Италија Лацио Симоне Инзаги е главен кандидат за местото на Масимилиано Алегри на тренерската позиција во Јувентус, соопштува „Corriere dello Sport“. Алегри го напушта Јувентус по пет успешни години на чело на тимот. Поранешниот тренер на Милан дојде во Торино во 2014 година, наследувајќи го Антонио Конте. На почетокот тој беше прифатен со сомнежи, но петте титули во шампионатот и пласманот двапати во финалето на Лигата на Шампионите, целосно го сменија мислењето на навивачите за него. Алегри неколкупати изјавил дека сака да продолжи со својата работа, но следуваше изненадувачка вест дека ќе го напушти…

Read More

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе имаше добар настап на трката во Монца во рамки на ТЦР-шампионатот и малку недостасуваше да обезбеди место и на подиумот. Тој накрајот дојде до четвртото место. Стефановски имаше лоши квалификации и мораше да тргна од последното место, но како што трката одминуваше, така Иџе беше се подобар. На крајот, Македонецот успеа да дојде до четвртата позиција, а многу малку фалеше да се искачи и на подиумот. Победник на трката во Монца е Пелегрини од Италија, пред Бетера и Скалвини, исто така од Италија. Откако изминатите сезони успешно се натпреваруваше во ЕТСС серијата, но по промените…

Read More

Шампионот на Италија Јувентус  објави соопштение дека актуелниот предводник Масимилијано Алегри по крајот на сезоната нема повеќе да биде тренер на оваа екипа. Јувентус во текот на утрешниот ден ќе одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти деталите,а сето ова се случува пред последниот домашен натпревар оваа сезона против Аталанта. На прес-конференцијата ќе бидат Алегри и претседателот на клубот Андреа Ањели. Според актуелната ситуација, Алегри и Јувентус ќе ја прекинат соработката една година порано од предвиденото, затоа што тој имаше актуелен договор до 2020 година. Веројатно за предвремениот раскин тренерот на Јувентус ќе добие одредени обештетување. Алегри го водеше Јувентус пет…

Read More

Катар официјално го отвори првиот од седумте фудбалски стадиони за СП во 2022 година. Навивачите го наполнија до последно место стадионот „Ал-Џануб“ кој има капацитет од 40.000 места за седење. На овој стадион се одигра финалето на „Купот на Емиратите“ на температура 10 степени под оние 29 степени целзиусови кои биле надвор од стадионот. „Ал-Џануб“, всушност, требаше да се вика „Ал-Вакра“, но катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, пред самото отварање изјавил дека името на стадионот е променето. „ Ал-Џануб“ е стадионот со целосно ладење и е прв од седумте фудбалски арени специјално изградени за Светското првенство во 2022…

Read More

Од раководството на Арсенал не сакаат да ризикуваат со нивниот фудбалер Хендрик Мхитарјан и тој нема да игра во финалето на Лига Европа против Челзи, пишува весникот „Тајмс”. Натпреварот ќе се одигра на 29 мај во Баку, а токму локацијата на одигрувањето на финалето е причината зошто „топџиите” ја донесуваат оваа одлука. Од клубот стравуваат дека поради заладените политички односи меѓу Ерменија и Азербејџан присуството на Мхитарјан во Баку може да создаде огромни проблеми и да ја попречи концентрацијата на тимот. Уште откако Арсенал се пласираше во финалето, се појавија сомневања дали е 30-годишниот играч ќе патува со тимот за…

Read More