Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“, Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев ќе го одиграат 27. финале од Купот на Македонија. Две екипи кои апсолутно заслужено се најдоа во завршниот меч во нашето најмасовно фудбалско натпреварување. Во Македонија ЃП се надеваат на своето искуство, додека кај „пандевци“ веруваат во младоста. Што ќе пресуди? Ќе видиме по мечот, по големото куп финале бр.27 во самостојна Македонија. Каде ќе се радува на пехарот, во Ѓорче Петров или во Струмица ?. Македонија ЃП по третпат ќе игра еден ваков натпревар во својата историја. Во 2006. година успеа со 3:2 да слави над Шкендија, три години подоцна…
Author: riste
Голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа ја одбил и финалната понуда за нов договор од раководството на тимот, тврди британското издание на весникот „Сан”. На крајот на месец јуни голманот ќе влезе во последната година од договорот, а оваа ситуација може да предизвика „црвените ѓаволи” да го продадат уште во идното лето и да бараат нова варијанта за клупски голман. Тој е дел од „црвените ѓаволи”, од 2011 година, кога премина од редовите на Атлетико (Мадрид), а во текот на годините се промовираше во составот на Манчестер Јунајтед како еден од најдобрите голмани не само во Премиер лигата, туку…
Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер сака да го задржи играчот од средниот ред Пол Погба во тимот . Според „Тајмс”, норвешкиот тренер е подготвен да оди далеку за да го спаси францускиот фудбалер. Конкретно, тренерот на „Црвените Ѓаволи“ е подготвен да му ја понуди на играчот од средниот ред улогата на капитенот на тимот следната сезона. Ако Погба во секој случај го напушти Манчестер Јунајтед, играчот од средниот ред Ешли Јанг ќе биде капитен. Претходно, капитенската лента ја носеше дефанзивецот Антонио Валенсија. Предходно се појавија информации во медиумите, според кои Погба може да се пресели во Реал Мадрид во текот на летото. Се тврди дека тренерот…
Германскиот репрезентативец Јулијан Брант веќе е фудбалер на Борусија (Дортмунд), откриваат „Билд“ и „Кикер“. 23-годишниот играч донел одлука да ја продолжи кариерата на „Сигнал Идуна Парк”, иако имаше понуди од многу клубови надвор од Бундеслигата. Брант ќе потпише договор до 2021 година, а Баер (Леверкузен) ќе добие 25 милиони евра, колку што е откупната клаузула во договорот со „фармацевтите“. Во наредните денови, офанзивниот играч од средниот ред ќе ги помине медицинските прегледи и трансферот ќе биде официјално објавен. Се веруваше дека Брант е подготвен да остане во Баер доколку тимот се пласира во Лигата на шампионите. Баер Леверкузен го направи…
Поранешната ѕвезда на Лацио и Милан Алесандро Неста ја напушти тренерската функција во второлигашот Перуџа. Тој беше отпуштен откако тимот не успеа да влезе во Серија „А“. Перуџа загуби со 1:4 во Верона, а два дена подоцна раководството одлучи да го раскине договорот тренерот кој беше светскиот шампион на Светското првенство 2006 година. „Неверојатна авантура завршува денес. Тоа ми помогна да продолжам со развојот со тоа што го сакам. Му благодарам на клубот, на играчите и навивачите кои не престанаа да нѐ поддржуваат. Имавме прекрасни моменти заедно, и јас секогаш ќе го чувствувам тимот на Перуџа како мој дом”, напиша…
Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, може да се пресели во Јувентус. Бјанконерите веќе долго време се заинтересирани за српскиот репрезентативец и сега презедоа конкретни чекори за да го привлечат. Има информации дека Милинковиќ-Савиќ веќе ја прифатил понудата на Јувентус. Тој е задоволен од она што тимот на Јувентус му го предложил лично за него, но ќе биде многу потешко да се постигне договор помеѓу двата клуба. Лацио сигурно ќе сака повеќе од 100 милиони евра за да се раздели со својата ѕвезда. Во оваа сезона Милинковиќ-Савиќ има одиграно 31 натпревар и постигнато 5 гола во Серија А.…
Голманот на Арсенал, Петар Чех, ќе има нова улога следната сезона. Чешкиот голман одамна изјави дека ќе ја заврши кариерата, а „Скај Спортс“ објави дека ќе се врати во својот поранешен клуб Челзи, но сега како спортски директор. 37-годишниот ветеран ќе ја преземе функцијата, која е испразнета од ноември 2017 година. Петар Чех играше во Челзи помеѓу 2004 и 2015 година и стана еден од легендите на клубот. На „Стемфорд Бриџ“ освоил 15 трофеи, вклучувајќи ги и 4 титули во Премиер лигата, 4 англиски купови, Лигата на Шампионите и Лига Европа. Со Арсенал, еден од најдобрите голмани во светот во…
Антонио Конте не е менаџер на Челзи скоро една година, но неговата банкарска сметка ќе се зголеми откако ќе биде платена сумата која му ја должи Челзи. Само една година откако го донесе тимот во финалето на ФА Купот, Италијанец го даде на суд Челзи за да му плати обештетување. Конте беше отпуштен минатиот јули, и покрај тоа што имаше уште една година од неговиот сегашен договор со клубот од Лондон. Тој тужеше пред спортскиот арбитражен суд (CAS) и ја доби жалбата и ќе може да си ја наплати својата плата за последната година од договорот, објавуваат медиумите во Англија.…
Ракометарите на Вардар денеска во 18:00 часот, на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Еурофар Работник од Битола во меч кој ако Вардар го добие, ќе значи и недостижна предност на табелата и на две кола до крајот ќе ја верификува најновата шампионска титула. Бидејќи најверојатно последното коло ќе се игра по Ф4 во Келн, РФМ ќе биде подготвен денеска, доколку Вардар победи, веднаш да му ги додели медалите и пехарот, додека се сите играчи заедно во клубот. Вардар е голем фаворит на оваа средба и доколку одиграат со најдобриот состав не би требало да ја пропуштат оваа шанса и…
Манчестер Јунајтед има намера да го продолжи со договорот со играчот од средниот ред Хуан Мата. Според „ESPN“, „црвените ѓаволи” веќе му дале понуда на 31-годишниот Шпански фудбалер. Тековниот договор на Мата истекува на 30-ти јуни. Офанзивниот играч од средниот ред тврди дека клубови од Шпанија и Италија се интересираат за неговите услуги. Тој се пресели на „Олд Трафорд“ во 2014 година. Со овој тим Мата ја освои Лигата на Европа, Купот и Супер Купот на Англија и Англиската Лига. Оваа сезона Мата одира 32 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна 6 гола и имаше 2 асистенции.
