Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос официјално останува во клубот. Ова беше објавено на прес-конференција денес. Шпанскиот дефанзивец добил многу поволна понуда од еден кинески клуб, но Рамос не би можел да биде ослободен без пари. Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Претседателот Перез беше решен дека капитенот треба да остане на „Сантијаго Бернабеу“. „Сакам да одговорам на сите гласини. Подобро место да се направи тоа на официјална прес-конференција и нема. Сакам да бидам јасен за мојата иднина и да ги објаснам сите шпекулации. Јас сум „Мадридиста“ и сакам да ја завршам мојата кариера овде. Ако бев претседател на клубот, би…
Author: riste
По историскиот успех на екипата на Аталанта и пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите сосема очекувано дојде до договор меѓу клубот и тренерот за продолжување на соработката. Тренерот на Аталанта Џан Пиеро Гасперини ќе продолжи да го води тимот од Бергамо, објави претседателот на клубот, Антонио Перкаси, на официјалната веб-страница на клубот. Под водство на 61-годишниот тренер, Аталанта оваа сезона премиерно обезбеди пласман во Лигата на шампионите освојувајќи го 3-то место во Серија А. Гасперини беше една од опциите за тренер во Рома, бидејќи Клаудио Раниери, кој е привремен тренер на екипата, нема да остане на „Олимпико“ за…
Агенцијата за млади и спорт денеска ги додели ваучерите за Националните спортски федерации, мерка која беше одамна најавена, а е во насока на подобрување на работата на спортските федерации, преку изнаоѓање партнери за соработка кои ќе ги искористат поволностите од законот за ослободување од законот за добивка. Беа доделени ваучери на 40 спортски федерации, а во наредните денови ќе им бидат доделени исто такви ваучери на клубовите и спортските поединци. Со оваа мерка од страна на Владата очекуваат да бидат доделени ваучери во вредност од 6 милиони евра. Доделувањето на ваучерите на федерациите го извршија директорот на АМС, Дарко Каевски,…
Голманот на Јувентус Војчех Шчесни започнува со рехабилитација, откако имаше операција на коленото, потврдија од италијанскиот шампион. 29-годишниот полски репрезентативец се подложи на лекарска интервенција на коленото на десната нога во клиника во Барселона. Шчесни се приклучи на Јувентус од Рома во 2017 година, но го пропушти крајот на последната сезона во Италија. Голманот одигра 27 натпревари во дресот на „бјанконерите”, кои триумфираа и оваа година и ја освоија рекордната осма последователна титула во Серија А. Војчех Шчесни, кој е висок 195 сантиметри, е поранешен голман на Арсенал и Брентфорд. Во репрезентацијата на Полска има 42 одиграни натпревари, но поради…
Денес во канцелариите на ИХФ во Базел беше извршена ждрепката за претстојното светско кадетско првенство, кое во август ќе се одржува во нашата држава. Македонскиот селектор Данило Брестовац, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски и првиот човек Живко Мукаетов, ја имаа главната улога во оваа ждрепка, а својата репрезентација ја сместија во групата Ц заедно со репрезентациите на Нигерија, Аргентина, Јапонија, Бахраин, Данска. На ова СП ќе учествуваат 24 репрезентации, а првата фаза ќе биде поделена во четири групи со по шест селекции. А – Саудиска Арабија, Чиле, Норвешка, Шпанија, Хрватска, Словенија Б – Канада, Тајпеј, Египет; Франција, Шведска, Унгарија…
Неколку шпански фудбалери се уапсени поради сомневање за местење натпревари, објавија медиумите во земјата. Шпанската фудбалска лига потврди дека полицијата изврши голема операција, која се уште трае. Меѓу уапсените се популарни имиња како поранешните фудбалери на Реал Мадрид Раул Браво и Борха Фернандез, како и Карлос Аранда, Иниго Лопез, Самуел Саис, претседателот на Хуеска – Агустин Ласаоса и лекарот на тимот, пренесуваат медиумите. Во информациите се наведува дека Раул Браво е осомничен како главен организатор во криминалната група за местење на натпревари. Истрагате е насочена кон девет натпревари од првата и втората лига, а еден од натпреварите е поразот на…
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини по завршувањето на натпреварувачката сезона 2018/2019 упати честитки за ФК ШКЕНДИЈА по повод освојувањето на титулата во 1 МФЛ и ФК Академија ПАНДЕВ за освојување на Куп натпреварувањето во нашата држава. По освојувањето на титулите во 2 МФЛ и промоцијата на ФК БОРЕЦ Велес и ФК СТРУГА Трим Љум во нови прволигаши, првиот човек на македонскиот фудбал упати зборови со честитка за двата тима кои од наредната сезона ќе бидат дел од најдобрата фудбалска конкуренција. „Ве молам примете ги моите најтопли честитки за остварените резултати сезонава во македонската фудбалска лига. Изразувам најсрдечни…
Напаѓачот на ПСЖ Единсон Кавани се согласил да премине во Атлетико Мадрид, соопштуваат медиумите во Шпанија. Од Атлетико Мадрид бараат заменик на Антоан Гризман, а уругваецот сака да го напушти Париз и смета дека ако пристигне во шпанската престолнина тоа ќе биде многу добар потег за неговата кариера. Од Атлетико сепак, сакаат да се разделат и со Диета Коста, кој направи доста слаб сезона и беше премногу променлив во настапите. Ако тоа се случи Кавани ќе биде првата опција во нападот на тимот. Голгетерот стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ во последната сезона, но се запиша во листата на…
Манчестер Јунајтед влезе во преговори со Бенфика за привлекување на напаѓачот Жоао Феликс, тврди „Газета дело Спорт”. 19-годишниот талентиран играч има клаузула за откуп во вредност од 120 милиони евра и „Црвените Ѓаволи“ се подготвени да платат. „Манчестер Јунајтед има силен интерес за Жоао Феликс од Бенфика. Тој има клаузула за откуп од 120 милиони евра што Англичаните размислуваат да ги платат. Во моментов се одвиваат преговори помеѓу двата клуба. Од Манчестер Јунајтед му понудиле на играчот договор до 2024 година со плата од 6 милиони евра годишно, плус дополнителни бонуси”, објавија „Газета дело Спорт“. Жоао Феликс направи одлична сезона…
Тренерот на Џенова Чезаре Прандели, најверојатно, ќе го напушти клубот. Тренерот успеа да ја спаси Џенова ос испаѓање во Серија Б во последен момент. Неговиот договор има клаузула за автоматско едногодишно продолжување доколку клубот остане во Серија А, но сепак се чини дека тренерот нема намера да ја искористи таа опција, а во клубот сакаат да бараат промена. Прендели се очекува да се сретне со претседателот Енрико Прециози во наредните денови за да ја донесат конечната одлука. Во меѓувреме, од Џенова веќе бараат тренер кој ќе го замени Прандели. Се очекува тоа да биде тренерот на СПАЛ, Леонардо Семпличи. Минатата…
