Author: riste

Женската македонска ракометна репрезентација вечерва го игра првиот натпревар од бараж двомечот против Словенија, кој се игра за пласман на Светското првенство (СП) кое оваа година ќе се игра во Јапонија. Ждрепката овој пат сакаше да играме против селекцијата на Словенија, но оваа репрезентација не е баук, се работи за национален тим кој редовно е учесник на големите натпреварувања, но исто така и доста млад тим кој има играчи кои играат во ракометната ЛШ. Во редовите на нашата репрезентација владее оптимизам , на чело со селекторот Симе Симовски нашите репрезентативки посакуваат победа со која ќе патувата на реваншот во Словенија.…

Read More

Англискиот тим Ливерпул кој ја освои шампионската литула во Лигата на шампионите, освен пехарот кој што го доби синоќа по победата над Тотенхем,  ќе добие 110 милиони евра за освоената титула во Лигата на шампионите – 2018/19. „Црвените” ја освоија титулата од ова натпреварување по шести пат, победувајќи го Тотенхем во финалето со 2:0. Наградниот фонд на Лигата на шампионите изнесува 1,73 милијарди фунти. Во групната фаза, тимовите добиваат 13.2 милиони фунти, 8.2 милиони за пласманов во елиминации, уште 9 за пласманот во четвртфиналето, 10,3 за пласманот во полуфиналето, а финалистите добиваат дополнителни 12,9 милиони фунти. Победата на Ливерпул ќе…

Read More

Тренерот на Шахтјор Донецк Паоло Фонсека е главен кандидат за превземање на функцијата во Рома, пренесува „Газета дело спорт”. Ова стана познато откако Синиша Михајловиќ објави дека сака да остане во Болоња. Римјаните претходно биле одбиени од Антонио Конте, Маурицио Сари и Џан Пиеро Гасперини. Фонсека е предводник на екипата на Шахтјор од 2016 година и од тогаш го освои шампионатот и Купот на Украина три пати. Тој, исто така, го освои Супер купот на оваа земја во 2017 година. Раководството на украинскиот шампион ветил дека ќе го ослободи тренерот доколку добие предлог од некој европски клуб.

Read More

Менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино не сакаше да коментира на темата за својата иднина во клубот по поразот од Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите. Аргентинецот на неколку пати во последно време сам ги подгреваше шпекулациите дека може да си замине по крајот на сезоната. Според медиумите на Островот тоа ќе зависи од неговиот разговор со претседателот на клубот Даниел Леви, во кој Почетино ќе сака потврда дека ќе добие доволно средства за да се направи селекција со која ќе има можност да го развие тимот и да конкурира повторно за висок пласман. „Сега е премногу рано да се…

Read More

Фудбалерот на Тотенхем Кристијан Ериксен призна дека неговиот тим имал доста среќа, за да стигне до финалето во Лигата на Шампионите. Лондончани беа поразени од Ливерпул со 0:2 во натпреварот за трофејот. „Не знам дали тоа е знак од судбината, но вистината е дека имавме среќа да стигнеме до тука. Прво на натпреварот со Манчестер Сити, голот на Рахим Стирлинг, си помислив дека е готово. Натпреварот со Ајакс беше поинаков. таму не чекавме и не се плашевме, а Лукас успеа да постигне гол во вистинскиот момен, беше нервозно и драматично. Среќни сме што бевме од страната на победниците. Многу работи…

Read More

Она што се најавуваше во текот на изминатите недели, денес доби потврда од страна на раководството на СЕХА Гаспром лигата. Потпишан е договор со украинскиот првак Мотор Запорожје кој и официјално се приклучува кон СЕХА лигата од следната сезона. Уште еден стандарден учесник на групната фаза на Лигата на шампионите ќе го подигне нивото на регионалната лига и ќе биде ривал на македонските претставници вардар и Еурофарм Работник. „Се сретнавме во Виена, но денес официјално го потпишавме договорот. Драго ни е што екипа со таков престиж и регуларно место во Лигата на шампионите ќе игра во нашата лига. Мотор ќе продолжи…

Read More

Вечерва се игра големото финале на ЕХФ Лигата на шампиони, Вардар и Веспрем ќе се бодат за титулата. Двајцата тренери Роберо Гарсија Парондо и Давид Дејвис ги пријавија тимовите за финалето на Лигата на шампионите попладнево во Келн. И покрај проблемите по полуфиналните натпревари, во официјалниот протокол се најдоа повредените Карачиќ кај Вардар и Штербик и Наѓи кај Веспрем. Сеуште не е јасно дали сите тројца ќе бидат подготвени за настап на оваа средба или само се во протоколот, останува да видиме попладнево кога ќе ситрчаат на терен за загревање.Од она што доаѓа како информација од Келн, повредата на Штербик…

Read More

Игор Ангеловски ќе биде на селекторското место во македонската А репрезентација до декември 2020. година. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски ги договорија условите за продолжување на договорот на Игор Ангеловски на селекторското место во нашата најдобра репрезентација. Предводникот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски ќе биде на позицијата селектор до декември 2020. година. Досегашниот договор со Ангеловски беше со важност до ноември оваа година. Репрезентацијата ја очекува полуфинале во Лига на нации во март. 2020. за пласман на ЕУРО 2020. доколку нашата најдобра селекција не се избори за Европското првенство…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар е пред нов голем предизвик во Лигата на шампионите. Веќе трета година по ред ќе се борат за најпрестижниот пехар во клупскиот ракомет на завршниот турнир во Келн. Капитенот на нашата екипа, Столе Стоилов пред новинарите во Келн го кажа своето очекување од оваа средба: „Играме против противник кој одигра одлична сезона. Барселона повторно докажа дека е една од најдобрите во Европа, но овде играме еден натпревар и мислам дека шансите се еднакви. Трета година по ред сме тука, а учеството во Келн ги изненади сите, можеби и ние не очекувавме ваква сезона. Минавме низ тежок период,…

Read More

ЕХФ (Европската ракометна федерација) пред стартот на Ф4-турнирот во Келн го објави идеалниот тим на Лигата на шампионите, а во него доминираат ракометарите во „црвено-црните“ , односно нашиот шампион Вардар. Пет вардарци се најдоа во идеалниот тим, во сите конкуренции. Македонскиот претставник на Ф4-турнирот меѓу најдобрите ги има најдобриот голман, лево крило, десен бек, десно крило и тренер. Еве како изгледа идеалниот тим на Лигата на шампионите: Голман: Дејан Милосављев (Вардар) Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар) Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ) Среден бек: Кентин Мае (Веспрем) Кружен напаѓач Јулен Агинагалде (Киелце) Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар) Десно крило: Иван Чупиќ…

Read More