Во пресрет на вечерашниот квалификациски натпревар помеѓу македонската и полската репрезентација од циклусот за ЕУРО 2020.официјална средба имаа раководствата на двете федерации претставувани од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и првиот човек на Фудбалската асоцијација на Полска, Збигњев Боњек. „Ние сме горди што на наша страна секогаш ќе ја имаме поддршката од големи фудбалски асоцијации, како полската и великани на светскиот фудбал, како што е претседателот на федерацијата на Полска, Збигњев Боњек. Задоволство е што во последно време позитивно се гледа на македонскиот фудбал, а ние како раководство секогаш ќе бидеме посветени на негова промоција. За нас е задоволство…
Author: riste
Фудбалерот на ПСЖ Адриен Рабио му соопштил на раководството на клубот дека е подготвен да седне на преговори за продолжување на договорот со клубот, објавија одредени новинари кои ги следат случувањата во овој клуб. 24-годишниот Рабио не играл за ПСЖ од декември, бидејќи одби да го продолжи договорот со клубот од француската престолнина. Во сезоната 2018/2019 , Рабио има одиграно 20 натпревари во сите натпреварувања, постигна како 2 гола и 2 асистенции. Според сајтот transfermarkt.de, цената на полудефанзивецот е 35 милиони евра. Фаворит за неговиот потпис до овој момент беше Манчестер Јунајтед, кој, според различни информации во медиумите, е подготвен…
Наполи ги заврши преговорите со Сасуоло за десниот дефанзивец Џовани Ди Лоренцо. Оваа екипа ќе го донесе играчот кој беше дел од екипата на Емполи и тоа за сума од 9,5 милиони евра. Минатата недела Ди Лоренцо успешно ги помина медицинските тестови. “Среќен сум што ќе започнам нов предизвик во еден престижен клуб како Наполи. Со нетрпение чекам да ја започнам новата сезона и да ги запознаам моите соиграчи”, изјави Лоренцо по објавувањето на неговиот трансфер.
Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, го откри планот на клубот за офанзивниот играч од средниот ред Марио Гетце. Договорот на играчот истекува на крајот на следната сезона, а во последно време херојот од финалето на Мундијалот 2014 е поврзуван со Арсенал и Ливерпул. „Ќе седнеме на масата за преговори на почетокот на следната сезона. Гласините за англиските тимови ги слушаме со години. Ние сепак сме спокојни, бидејќи често комуницираме со таткото и агентот на Марио”, изјави Цорк. Директорот увери дека Гетце не изразува желба да го напушти стадионот „Сигнал Идуна Парк” втор пат по 2013 година, кога сензационално…
Од ПСЖ официјално ја објавија својата одлука дека нема да го обноват договорот на голманот Џанлуиџи Буфон, кој истекува на крајот на овој месец. Така 41-годишниот Италијанец ќе си замине од „Парк де Пренс” по само една сезона помината во Париз, пролингирајќи го завршувањето на кариерата уште минатото лето. Легендарниот Џиџи Буфон одигра само 25 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ, бидејќи во голем дел од натпреварите стартер беше Алфонс Ареола. „Господин на и надвор од теренот, како и одличен тимски колега. Му посакуваме се најдобро во иднина. Ние сме ти благодарни за сè “, напишаа од клубот.
РК Вардар откако ја освои европската шампионска титула доби и ново лого, односно дизајнот на логото останува ист, но има еден многи важен детал кој се менува или поточно се додава. Тоа е втората звезда која се додава над логото, а што ја означува втората шампионска титула – Европски првак. Посакуваме почесто вака да се менува логото на Вардар и да се додаде уште една ѕвзедичка која ќе „свети“ над логото на Вардар.
Европскиот шампион Вардар денеска во протоколарни посети кај премиерот и претседателот на нашата држава, но исто така најнапред и кај градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Град Скопје синоќа беше организатор на свечениот пречек на нашите ракометни херои, а денес на свечен начин им беше врачен чекот на износ од 6.000.000 денари или околу 100.000 евра кои Градот Скопје му ги додели на клубот за освоената титула – Европски првак. Посакуваме вакви награди да добиваат се поголем број на екипи и репрезентации во многу спортови.
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски ги прими ракометарите на Вардар кои по втор пат станаа европски шампиони и ја израдуваа нацијата. На приемот во претседателската резиденција, ракометарите беа примени од претседателот Пендаровски, а притоа му подарија дрес и топка. По примеот, претседателот Пендаровски преку социјалните мрежи им се заблагодари на раометарите „Ги пречекавме европските шампиони, нашите спортски херои од РК Вардар !!! Момци, честитки и ви благодариме уште еднаш што не’ направите горди! Ќе се заложиме сите, успешната приказна на РК Вардар, да продолжи и понатаму да биде наша гордост и да се надградува со нови трофеи и успеси“ напиша…
Реал Мадрид и официјално го потврди трансферот на младата српска фудбалска ѕвезда, Лука Јовиќ кој е нов фудбалер на шпанскиот гигант. Попладнево „кралскиот клуб“ на својот интернет сајт потврди дека тимот доби ново засилување, за кое како што велат шпанските медиуми ќе плати 60 милиони евра, а договорот е потпишан на шест години, односно до јуни 2025 година. „Силен, добар техничар, а шутира со двете нозе. Без разлика што е млад во неговите нозе има искуство од играње големи натпревари, како и голем број на трофеи како на клупско, така и на репрезентативно ниво“ се вели во информацијата објавена од Реал Мадрид.…
Шпанското обвинителството поднесе официјално обвинение против Диего Коста за даночна измама за повеќе од 1 милион евра. Напаѓачот на Атлетико Мадрид е под истрага затоа што во 2014-та година не пријавил 1,4 милиони евра приходи од имиџ права. Во годината кога Бразилецот од Шпанија премина во Челзи. Неодамна „Ел Мундо“ информираше дека првичните обвиненија беа дури за поголема сума – 2,3 милиони евра поради сомневање и за претходната 2013 година. Тие сепак не биле потврдени и затоа сумата опфатена во обвинението е помала. Се смета дека овој износ од 1,4 милиони евра е скриен приход од спонзорски договор со Адидас.
