Поранешниот играч од средниот ред на Милан, Звонимир Бобан, му се приклучи на раководството на клубот. Тој ќе биде спортски директор на клубот. Од 2016 година Бобан беше дел од тимот на претседателот на ФИФА Џани Инфантино, заземајќи функцијата заменик-генерален секретар. Хрватската фудбалска легенда ги бранеше боите на Милан од 1992 до 2001 година. Исто така поранешниот капитен на клубот и рекордер Паоло Малдини ќе добие нов позиција. Минатата сезона работеше како спортски директор, а сега ќе биде технички директор.
Author: riste
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку се договорил за личните услови со Интер. Новиот тренер на „нероазурите” има планови за промени во тимот. Клубот најверојатно ќе се раздели со Мауро Икарди, а Лукаку ќе го води нападот на тимот од новата сезона. За да се случи тоа, сепак, Интер треба да се договори со „црвените ѓаволи” за трансферната сума. Од „Oлд Трафорд“ сакаат околу 62 милиони фунти за 26-годишниот напаѓач. Според „Газета дело Спорт” Лукаку се договорил со Италијанците за петгодишен договор, според кој ќе добива по 6,6 милиони фунти по сезона. Напаѓачот постигна 27 гола во својата прва сезона…
Раководството на Реал Мадрид објави дека потпишал договор со јапонскиот играч од средниот ред Текефуса Кубо. 18-годишниот играч од средниот ред, е познат како „Јапонскиот Меси“, ќе игра за Б – тимот на Реал Мадрид во првата сезона. Кубо е играч кој досега ги бранеше боите на јапонскиот тим Токио. Во сезоната 2018/2019 успеа да одигра 13 натпревари во Јапонското првенство и постигна 4 гола. На 9 јуни дебитираше во националниот тим на Јапонија во пријателски натпревар со Ел Салвадор (2:0). Според весникот „Марка“, Реал Мадрид потпиша петгодишен договор со Куба со годишна плата од 1,2 милиони евра. Интересот за…
Маурицио Сари постигнал договор за преземање на италијанскиот гигант Јувентус, објавија „Скај Италија“ и „Би-Би-Си“. Се уште не постои официјална потврда за оваа вест од некоја од двете страни, но како што се наведува, Сари треба да потпише тригодишен договор со шампионот на Италија, змаинувајќи од Англија односно од Челзи. Неговата плата ќе изнесува 7 милиони евра по сезона и тоа по оданочување, а Андреа Барѕаљи кој неодамна ја заврши кариерата може да му се придружи во стручниот штаб. Досегашниот тренер на „бјанконерите“, Масимилиано Алегри, го ослободи своето место на крајот од сезоната. Челзи бара финансиска компензација за предвременото ослободување…
Еден од најдобрите кошаркари и шутер на Голден Стејт, Клеј Томпсон, немаше среќа во синоќешниот натпревар и се повреди во третата четвртина од шестиот меч во НБА финалето. При еден обид да поентира, Томсон лошо доскокна и го повреди коленото , а по оваа повреда не можеше да ја продолжи играта иако до тој момент за 32 минути игра имаше постигнато 30 поени и беше најефикасниот на последниот меч оваа сезона. Последните информации велат дека се работи за скинати лигаменти на коленото кои ќе го натераат да паузира подолг период. Ова се лоши вести за него со оглед на тоа што ова…
Вечерва официнајлно стартува едно од најпопуларните фудбалски натпреварувања во Јужна Америка, Копа Америка. Пред точно пет години во Бразил се играше најголемиот спортски собир, Светското првенство во фудбал, а од вечерва оваа земја е домаќин и на Копа Америка, најстарото репрезентативно натпреварување во светот и шампионат на Јужна Америка. По Чиле и САД, Бразил ќе биде домаќин на првиот од двата турнири во две години, откако КОНМЕБОЛ донесе одлука следната година да биде одигран вонреден турнир на Копа Америка, а во улога на организатори ќе бидат заедно Аргентина и Колумбија. Натпеварите од Копа Америка оваа сезона се играат во градовите Рио де Жанеиро, Порто Алегре,…
Македонската фудбалска репрезентација се најде на 73-та позиција на последното ФИФА рангирање објавено денес. Двата порази против Полска и Австрија во квалификациите за Европското првенство не спуштија за 5 позиции надолу во однос на претходното рангирање од минатиот месец. По шест победи во серија на домашен терен, избраниците на селекторот Игор Ангеловски имаа два порази пред својата публика што донесе пад на ФИФА ранглистата. Од нашите противници во групата Полска е најдобро рангирана на 19-то место, додека Австрија се проби на 26-та позиција. На врвот и понатаму е Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Португалија која скокна за две места по победата…
Кошаркарите на Торонто испиша историја во НБА лигата откако ја освоија титулата и стана првата екипа надвор од границите на САД која го освоила шампионскиот прстен. Тоа им успеа на кошаркарите предводени од најдобриот играч на финалето Каваи Ленард. Во шест натпревари, и благодарение на проблемите со повредени играчи на противникот, Торонто стигнаа до конечна победа од 4:2 откако рано утринава победи со 114:110. Најдобриот кошаркар на Торонто, Каваи Ленард, постигна 22 поени и оствари шест скока во победата на екипата во шестиот и последен натпревар во финалето против Голден Стејт. По големите проблеми минатата сезона, 27-годишниот кошаркар се врати и испиша историја во…
Кошаркарите на МЗТ Скопје се нови шампиони на Македонија откако го победија Работнички со 85:78 и со максимални 3:0 го совладаа вечниот ривал Работнички во финалето од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија. На тој начин МЗТ Скопје му се реваншираше со иста мера на Работнички за минатогодишниот пораз од 3:0 во ланското финале. Тренерот на МЗТ Скопје Ѓорѓи Кочов ја освои првата шампионска титула во кариерата во првенството, а успеа да го надмудри еден од најуспешните тренери во нашата земја Марин Докузовски. За МЗТ Скопје ова е седма титула во историјата на клубот. Натпреварот беше решен во последната четвртина,…
Првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез и официјално го престави новото засилување за својот клуб, Еден Азар кој од денес и официјално е играч на „кралскиот клуб“. Флорентино Перез одлучи да ја одбере кралската ложа за презентација на Еден Азар, а тоа доволно говори дека на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна новата „мега ѕвезда“. По една деценија и доведувањето на Кристијано Роналдо, Кака, Бензена… повторно во клубот доаѓаат вакви звезди, а Флорентино Перез не штедеше зборови да го претстави Азар. „Ова е ден на голема среќа за нашиот клуб. Чувствуваме голема емоција што кон нашето семејство се приклучува еден посебен фудбалер.…
