Author: riste

Фудбалерот од средниот ред на Севиља Квинси Промес најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Ајакс од Амстердам. Според весникот „Телеграф“, 27-годишниот фудбалер има склучено договор со клубот од Холандија. Договорот важи до летото 2024 година. Се тврди дека поради одење во Ајакс, Квинси одбил неколку други клубови. Овој играч имаше одлична кариера во екипата на Спартак Москва каде настапуваше од 2014 до 2018 година. Во текот на неговата кариера, Квинси Промес, исто така играл за холандските Твенте и Го Ахед Иглс. Во Севиља, тој дојде минатото лето, а изминатата сезона учествувал на 33 натпревари во Шпанската Примера, во кои постигнал…

Read More

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги коментираше информациите за можниот трансфер во редовите на неговиот тим на напаѓачот ПСЖ Килиан Мбапе. „Не знам дали Мбапе ќе дојде кај нас. Знам само она што е напишано во медиумите. Играчите како него секогаш ќе бидат добредојдени во Реал Мадрид. Што се однесува до Азар, неговото доаѓање е важен чекор во квалитетот за Реал. Еден е мирен и добар човек, често знае да се насмее. Тој е оној кој постојано сака да победува. Мислам дека тој многу добро ќе се вклопи со играчите од тимот”, изјави Тибо Куртоа. Минатата сезона, 20-годишниот Мбапе…

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона Артуро Видал веројатно ќе остане во тимот за следната сезона. Според одредени информации, чилеанецот сака да ја продолжи кариера во каталонскиот клуб, и покрај исклучително добрата понуда од финансиска гледна точка од Кина. Покрај тоа, 32-годишниот фудбалер му дал инструкции на својот агент да ги одбие сите клубови од оваа земја кои сакаат да го купат. Видал ја започна својата кариера во Чиле, по што се пресели во Баер леверкузен чии бои ги бранеше од 2007 до 2011 година. Следните четири години играч од средниот ред ги помина во Јувентус, а потоа се пресели…

Read More

Френк Лампард ќе се врати официјално во Челзи во текот на оваа недела. Според „Дејли Меил” поранешниот легендарен фудбалер ќе биде назначен за менаџер на лондончани во следните два дена. Со него на „Стемфорд Бриџ” ќе се врати и друг поранешен играч на „сините” – Џоди Морис, кој досега беше асистент на Лампард во Дерби Каунти. Лампард ќе дојде во Челзи со задача да го расчисти патот за младите играчи, бидејќи и без тоа клубот нема да може да привлекува нови фудбалери во наредните два трансфер периоди. За една сезона во Дерби Каунти Лампард успеа да добие 24 од 57…

Read More

Играчот од средниот ред на репрезентацијата на Колумбија и Реал Мадрид, Хамес Родригез, кој ги одигра на позајмица последните две сезони во Баерн Минхен, коментираше за информациите кои секојдневно се појавуваат во медиумите за трансферот во Наполи, а тој сеуште не одлучил каде ќе игра следната сезона. „Дали добро зборувам италијански? Не, лошо. Мојата иднина? Не знам. Во моментов мислам само за Купот на Америка. Сè уште не знам каде ќе играм, но сакам да останам смирен. Сето тоа зависи од Реал Мадрид. Досега не сум разговарал со Зидан по враќањето во клубот, тоа може да го направам по Копа…

Read More

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, може да стане играч на Лацио. Според медиумите во Италија, новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари не го гледа 33-годишниот Хрват како дел од неговиот тим. Договорот со Манџукиќ со Јувентус е до 30 јуни 2021 година. Неговата плата во клубот од Торино изнесува 4 милиони евра по сезона. Од друга страна играчот е проценет на 18 милиони евра. Минатата сезона Манџукиќ одигра вкупно 33 натпревари за Јувентус, а притоа постигна 10 гола и 6 асистенции, а со тоа даде голем придонес во освојувањето на титулата во Италија.

Read More

Поранешниот фудбалер на Рома Даниеле де Роси се премисли и веќе е подготвен да заигра во друг тим од Серија „А“, тврди „Sky Sport Italia“. Само пред неколку дена имаше друга информација, според која Де Роси одбил две понуди, бидејќи не сакал да игра за друг клуб во Италија по престојот во неговиот омилен клуб Рома. Тој е во сферата на интерес на клубови како Сампдорија, Фиорентина, Интер, Милан и Аталанта. Предлози од странство исто така има. Желба да го привлечат во своите редови имаат клубови како Бока Јуниорс и ЛА Галакси. Во моментов најверојатна опција за Де Роси е…

Read More

Хуан Мата се согласил да му биде намалена платата за 25 % за да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед не за една, туку за две години. Шпанскиот фудбалер сакал нов договор пред четири дена и да добие 135.000 фунти неделно, наместо 180.000 фунти кои ги добиваше претходно. 31-годишниот Мата се чувствува многу среќен во Манчестер и поради таа причина сакаше да остане што е можно подолго во клубот. Во принцип, стратегијата на Јунајтед е за играчи постари од 30 години да понудат дополнителни договори за 12 месеци. Пред ова продолжување на договорот, имаше шпекулации дека интерес за Мата има…

Read More

Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон забележа нова победа, овој пат многу полесно од она што се очекуваше. Хамилтон помина прв низ целта на патеката  „Пол Ришар“ со што беше најдобар во трката за ГН на Франција. Актуелниот светски шампион стартуваше од пол позицијата, а првото место не му беше загрозено ниту еднаш во текот на трката. Водеше од почетокот до крајот на трката, а второто место му припадна на неговиот тимски колега Валтери Ботас. Како третопласиран на крајот заврши Чарлс Леклерк од Ферари, додека Себастијан Фетел, кој стартуваше од седмата позиција мораше да се задоволи со петтото место. Ова беше…

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус ќе му го даде првиот подарок на својот нов тренер, Маурицио Сари, најави „Газета дело Спорт“. Во моментов, раководството на „старата дама“ преговара со 24-годишниот играч од средниот ред на ПСЖ, Адриен Рабио, чиј договор со парижаните истекува на крајот од месецот. https://twitter.com/juvefcdotcom/status/1142013087295430657 Јувентус веќе понуди договор на Рабио, кој ќе пристигне во Торино како слободен агент. Слично на тоа, Јувентус ќе ја привлече ѕвездата на Арсенал Арон Рамзи. Годишната плата на Рабио во Јувентус ќе изнесува 7 милиони евра и неговиот договор ќе трае 5 години.

Read More