Author: riste

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен ја прекина доминацијата на Мерцедес и победи на деветтата трка од оваа сезона во Формула 1 шампионатот. Холанѓанецот имаше фантастично возеше во вториот дел од трката и во завршницата ја доби битката со Чарлс Леклерк за да помине прв низ целта и да го има највисокото место на подиумот. Третото место го освои Валтери Ботас, а понатаму следуваа Себастијан Фетел и Луис Хамилтон кој заврши на петтата позиција. Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк иако водеше во поголемиот дел од трката, повторно попушти шанса да да ја запише првата победа во кариерата затоа што не…

Read More

Дебитантот во ракометната Лига на Шампиони, Еурофарм Работник продолжува со засилувањата на својата екипа за новата сезона. Денес пристигна петтото засилување на Еурофарм Работник, а тоа е 29-годишниот лев бек од БиХ, Марин Вегар кој потпиша договор до крајот на сезоната, а во Битола доаѓа од редовите на романска Стеауа. Вегар денес позираше во новиот дрес, откако претходно ги мина лекарските прегледи. Во својата кариера десниот бек настапуваше и за хрватскиот Нексе Нашице и за босанскиот Извиѓач. Претходно за Еурофарм Работник потпишаа Никола Митревски, Мартин Велковски, Бојан Маџовски, и Анже Ратајац. За разлика од минатата сезона клубот го напуштија Мемиќ,…

Read More

Седумкратниот европски шампион Милан ќе ги пропушти натпреварите од европските купови следната сезона. Клубот постигна договор со УЕФА да не игра во Лига Европа, објави официјално Спортскиот арбитражен суд. Наместо Милан, Торино ќе игра во квалификациите, а Рома ќе оди директно во групите од Лига европа. Милан заврши како петти минатата сезона во Серија „А” и требаше да играат во второто по квалитет натпреварување во Европа, но склучија договор со УЕФА и нема да играат. Италијанскиот гигант веќе беше казнет поради прекршување на Финансискиот ферплеј поради лошите финансиски резултати во последните години. „Росонерите” сепак поднесоа жалба пред спортскиот арбитражен суд…

Read More

Традиционално, шампионот, а во случајов Баерн Минхен ќе ја отвори новата сезона во германската Бундеслига. Овојпат Баварците ќе ја пречекаат Херта (Берлин) на 16 август (петок) во 20:30 часот. Ова е јасно по денешната ждребка со која е познат календарот за новата сезона во Бундеслигата. Главниот ривал на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, во првото коло го пречекува Аугсбург. Борусија (Менхенгладбах) ќе игра против Шалке 04 во дербито на колото. Двата дуели меѓу Баерн и Борусија Дортмунд ќе се играат во 11-то и 28-то коло. Средбите помеѓу Борусија (Д) и Шалке 04 се закажани за 9-то и 26-то коло. Единственото градско…

Read More

Ракометната екипа на Бутел Скопје денес доби големо засилување на голманската позиција. Златко Даскалоски, поранешениот македонски репрезентативен голман со големо интернационално искуство, се враќа во нашата земја, откако постигна договор со амбициозниот Бутел Скопје. Искусниот чувар на мрежата, во кариерата има настапувано за Вардар, Ловќен, Пролет, Анкара и Темишвар, потпиша договор на две години со скопскиот клуб и се надева на успешни настапи во Суперлигата и во Купот на ЕХФ. „Со раководството на Бутел Скопје веќе подолго време бевме во контакт, но поради моите ангажмани надвор од земјава, не можевме да направиме посериозни разговори и да ги реализираме плановите. Драго…

Read More

Македонската ракометна репрезентација ја очекува настап на ЕП во јануари 2020 година, а денеска ќе ги дознае своите противници за групната фаза од ова ЕП. Селектор Данило Брестовац и неговите избраници ги очекува нов голем предизвик на Европското првенство кое се игра на почетокот на идната година во Австрија, Норвешка и Шведска. Нашите најдобри ракометари вечерва од вториот шешир ќе ги очекуваат своите противници, а на маса има само две опции – да играат групна фаза во Австрија или Шведска. Третата опција Норвешка е исклучена со оглед на тоа што Германија и Норвешка ќе играат во групата во Трондхајм, а двете селекции се дел од…

Read More

Рускиот фудбалски клуб Рубин (Казан) е еден од клубовите кои се специфични поради еден интересен податок. Овој клуб повторно го смени својот амблем, а тоа е петти пат во последните седум години. Најдолго опстојувал амблемот кој го имале во 2016 година, преживеаа цели три сезони. Промената е многу лесна, главната боја е иста како и на дресовите на екипта, останува и понатаму црвена.

Read More

Напаѓачот на Рома Патрик Шик, може да ја продолжи својата кариера во Франција. Според информациите кои ги објави новинарот Џанлука Ди Марцио кого во Италија го сметаат за еден од нај упатените за трансферите на најголемиот дел од играчите во оваа земја, Олимпик Марсеј сака да го земе на позајмица 23-годишниот играч од Чешка. Првичниот предлог беше отфрлен од водечите луѓе на римската „волчица“. Минатата сезона, Патрик Шик играше на 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна 5 гола и имаше 3 асистенции. Дали во новата сезона ќе се пресели на „Велодром“ или ќе остане на „Олимпико“ ќе треба да одлучи…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, го гледа 30-годишниот интернационалец од Габон, Пјер Емерик Обамејанг како идеална замена за белгискиот фудбалер Ромел Лукаку, кој е веројатно ќе го напушти тимот. Обамејанг е разочаран што неговиот тим нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона и размислува да се пресели во Манчестер Јунајтед. Минатата сезона Обамејанг одигра 51 натпревар за лондончани, постигна 31 гол и имаше 8 асистенции. Неговиот договор со Арсенал е до 30 јуни 2021 година. Во моментов на трансфер пазарот неговата цена би била околу 70 милиони евра.

Read More

Шпанската Севиља е заинтересирана за играчот од средниот ред на Ајакс Хаким Зијеш и се подготвени да платат 30 милиони евра за 26-годишнот марокански репрезентативец. Овој фудбалер одигра 29 натпревари во шампионатот на Холандија минатата сезона, а притоа постигна 16 гола и 21 асистенција. На 17 средби во Лигата на шампионите, играчот постигна 5 гола и 4 асистенции. Ајакс минатата сезона стана шампион на Холандија. Во 34 натпревари, тимот од Амстердам постигна 86 поени. Во Лигата на шампионите, екипата предводена од Ерик Тен Хаг стигнаа до полуфиналето, каде што загубија од Тотенхем (1: 0, 2:3). Хаким Зијеш е во Ајакс…

Read More