Централниот дефанзивец Фил Јагиелка се врати во својот поранешен клуб Шефилд Јунајтед. Поранешниот англиски репрезентативец играше за оваа екипа која е новајлија во Премиер Лигата пред 12 години, потоа замина за Евертон. Неговиот договор со популарните „карамели“ истече на крајот од јуни и се враќа во шефилд Јунајтед како слободен играч со договор за една година. 36-годишниот Јагиелка играше во првите седум години од кариерата во Шефилд Јунајтед. Тој, исто така, има 40 натпревари за националниот тим на Англија помеѓу 2008 и 2016 година.
Author: riste
Досегашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Андер Ерера веќе е дел од Париз Сен Жермен. Играчот беше привлечен како слободен агент откако не го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. Шпанецот потпиша петгодишен договор со парижаните и ќе го носи дресот со број 21. Да се потсетиме дека Андер ерера имаше направено договор со францускиот гигант пред крајот на сезоната. Се чекаше само истекот на неговиот договор со Манчестер Јунајтед за да може да биде промовиран како нов играч на ПСЖ.
Ариен Робен изненадувачки објави дека ја завршил својата професионална фудбалска кариера. 35-годишниот Холанѓанец последните 10 години ги помина во Баерн (Минхен), но по крајот на сезоната се збогуваше со баварците заедно со Франк Рибери. Робен требаше да ја продолжи својата кариера во друг клуб, но на крајот поранешниот крилен играч ја донесе најтешката одлука и се одлучи да стави крај на кариерата. „Без сомнение ова е најтешката одлука што требаше да ја донесам… решение во кое срцето и умот се судрија. Љубовта кон играта ти дава уверување дека може да се справиш со целиот свет, но тоа не одговара на…
Од Интер не планираат никаква разделба со Лаутаро Мартинез, иако името на напаѓачот е упорно поврзувано со трансфер во Барселона. Потпретседателот на „нероазурите”, Хавиер Занети изјави дека каталонците досега не испратиле понуда за Аргентинецот, иако шпекулациите велат дека има на масата доста солиден предлог од страна на шампионот на Шпанија. „Ние не добивме никакви понуди за Лаутаро, се надевам дека тој ќе продолжи да настапува во истиот дух. Сакаме да остане кај нас и не планираме да се разделуваме со него. За нас тој е од исклучително голема важност. Сите сме многу задоволни од неговото претставување во својата прва сезона…
Дефанзивецот Раул Албиол ќе го засили Виљареал, а неофицијалните податоци велат дека Наполи ќе добие сума од 5 милиони евра. Сè околу трансферот е договорено и останува да биде официјално објавено од страна на двата тима. 33-годишниот играч има одиграно повеќе од 200 натпревари за Наполи по пристигнувањето од Реал Мадрид во 2013 година и успеа да ги освои и Италијански куп и Супер куп. Сепак, тој беше дел од првиот тим на само 19 натпревари во текот на изминатата сезона и на крајот одлучи да се врати во својата родна земја во Шпанија, каде што ќе ги игра последните…
Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, официјално се враќа во клубот каде го достигна својот голмански зенит. Денес, 41-годишниот голман потпиша за договор со Јувентус за период од една сезона. Минатата година, Џиџи Буфон беше во Париз Сен Жермен откако помина 17 години во Јувентус. Сега тој доаѓа како слободен агент и според информациите кои беа објавени тој ги прифатил условите да биде резерва на Војчех Шчесни. „Драго ми е што ќе се вратам дома и ќе имам можност повторно да играм пред овие навивачи”, рече Буфон и додаде „Ова е еден од најдобрите и најсреќните денови во мојот живот. Денес…
Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Работник веднаш најде замена за Остоушко кој го напушти тимот од Битола и денеска официјално го претстави своето шесто летно засилување. Амбициозниот тим на Еурофарм Работник од ден во ден сè повеќе расте, а челните лица на клубот веќе сериозно го засилуваат играчкиот кадар за следните предизвици и играњето во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Тимот од Битола денес го претставија своето најголемо интернационално засилување ова лето, а тоа е привремениот хрватски репрезентативец Ловро Јотиќ, кој доаѓа од редовите на ППД Загреб. Јотиќ со Еурофарм Работник потпиша договор на две години. 24-годишниот ракометар кој е висок 191…
Дефанзивецот и капитен на Арсенал, Лорен Кошчелни може да се пресели во француското првенство. Според весникот „L’Equipe“, Бордо е заинтересиран за 33-годишниот Французин кого го сметаат како замена на Жулес Кунде, кој е пред трансферот во Севиља. Капитенот на Лондончани сака да се врати во Франција пред да ја заврши својата кариера. Во сезоната 2018/19, Кошчиелни одигра 31 натпревар во сите натпреварувања и постигна 3 гола. Договорот на Лорен со Арсенал е со важност до летото 2020 година.
Наполи продолжува со обидите да го ангажира Хамес Родригез кој е член на Реал Мадрид, а според весникот „АС”, токму ваа екипа е се поблизу до Колумбиецот. Од Реал Мадрид преферираат да го продадат играчот и да добијат за него околу 40 милиони евра, но Аурелио де Лаурентис сака прво тој да игра со позајмица во тимот некое време, а потоа евентуално да биде купен. Се смета дека и двете страни направиле компромис и затоа веќе се доста блиску до постигнување на договор, кој во голема мера ќе ги задоволи двата клуба. Хамес повеќе нема иднина на „Бернабеу“ и еден…
Манчестер Сити има алтернатива доколку не успее да го купи Хари Мегуаер од Лестер Сити, кој според англиските медиуми е поблиску до Манчестер Јунајтед. Станува збор за дефанзивецот на Бурнемаут Нејтан Аке, кој беше сериозна цел на Тотенхем, но сега се смета дека шампиони се со добри шанси да го привлечат. Холанѓанецот направи многу добра сезона, и може да игра на различни позиции, што е многу за Пеп Гвардиола. Покрај тоа, тој би бил доста поевтина варијанта од Мегуаер и според весникот „Сан” неговиот трансфер на „Етихад” ќе чини околу 40 милиони фунти, два пати помалку од парите кои би…
