Доскорашниот предводник на ЖРК Вардар и селекторот на женската ракометна репрезентација Симе Симевски од денес е нов тренер на екипата на ЖРК Куманово. Поранешниот тренер на Вардар ќе седне на клупата на тимот кој минатата сезона беше победникот на Купот на Македонија. Симевски најави дека сака нов предизвик, а го најде во Куманово. Кумановчанки испишаа историја на домашен терен кога стигнаа до Куп трофејот со победа над Вардар. Сега на клупата ќе го имаат искусниот стратег, со кој ќе се обидат да стигнат до шампионската титула во Супер лигата. Минатата сезона предводник на ЖРК Куманово беше Ненад Краљевски.
Author: riste
Најбараниот фудбалер ова лето, Матијас де Лихт, се појави на пред-сезонската подготовка на Ајакс. 19-годишниот дефанзивец го направи првиот тренинг со тимот и изгледаше одлично расположен. Неговиот агент Мино Рајола потврди дека има договор помеѓу играчот и Јувентус. Сепак, италијанскиот шампион не може да се договори со Ајакс за трансфер сумата. Првиот предлог од 50-тина милион евра е одбиен од Холанѓаните, кои сакаат околу 70 милиони евра. Јувентус ќе започне со тренинг во среда, но дали до тогаш Де Лихт ќе биде играч на овој тим. Првата контрола на тимот е против финалистот во Лигата на шампионите, Тотенхем. Оваа средба…
Штипска Брегалница и официјално доби нов сопственик. По одлуката на Советот на Општина Штип за продажба на ФК Брегалница, денеска и официјално заокружен целокупниот процес. Познатиот македонски стопанственик и спортски инвеститор Кирил Гогов од денеска и официјално е нов сопстваник на ФК Брегалница со 51% од сопственичкиот удел, наспроти 49% кои остануваат во сопственост на Општина Штип. „На задоволство на сите во Штип успешно е реализирана одлуката на Советот на општината за продажба на Брегалница која оди во рацете на Кирил Гогов како сопственик на клубот. Искрено, силно верувам во новиот сопственик кој може и умее да ја изгради Брегалница…
Екипата на Атлетико Мадрид официјално го претстави Жоао Феликс како свој нов играч. 19-годишниот Португалец пристигна на „Ванда Метрополитано“ за сума од 126 милиони евра, сума што Атлетико ќе треба да им ја плати на Бенфика. Значи тој стана најскапото засилување во историјата на клубот. „Среќен сум што сум дел од проектот и историјата на овој клуб, ќе помогнам со она што можам. Благодарение на Мигел Ангел, моите родители, брат ми и моите пријатели. Без нив ништо нема да биде можно. Тука сум да направам се за себе, за клубот. Диего Симеоне и моите соиграчи ме поздравија на најдобар можен…
Атлетико Мадрид ќе отвори дисциплинска постапка против Антоан Гризман, објави „ЕСПН“. Францускиот напаѓач не дојде на првата прозивка на тимот за новата сезона, за што шпанскиот клуб му додели на 28-годишниот напаѓач максималната казна дозволена со неговиот договор во износ од 200.000 евра. Гризман планира лично да го откупи неговиот договор со Атлетико Мадрид, за кој играчот веќе ги известил челниците на клубот преку своите адвокати. Негова желба е да се пресели во Барселона, но двата клуба влегоа во јавен конфликт поради желбата на Каталонците да платат 120 милиони евра, но одложено, што беше одбиено од страна на Атлетико Мадрид.
Бразилецот Хуан Фелипе го стави својот потпис на договорот со Шкендија, со важност од „една плус една сезона“. Бразилецот подолго време беше поврзуван со актуелниот првак, конечно ги договори условите за трансфер и денес пристигна во Македонија за да му се приклучи на новиот тим. На официјалната веб-страница на Шкендија беше објавено дека големото засилување ќе му се приклучи на тимот по враќањето од Естонија, каде Шкендија треба да го игра првиот натпревар од квалификациите за ЛШ против Номе Калју. Фелипе ќе има право за настап од следната квалификациска рунда, во која тетовци во случај на успех против Номе Калју…
Италијанскиот шампион Јувентус е многу блиску до продажба на Хуан Куадрадо во кинескиот Шангај Шенхуа за 15 милиони евра, тврди „Тутоспорт”. По четири сезони поминати во гигантот од Торино ова ќе биде крај на неговата авантура во „Старата Дама”. Во меѓувреме, новиот менаџер на тимот Маурицио Сари одлучил да го задржи во тимот Жоао Кансело, па затоа сака да се раздели со Куадрадо. Познато е дека Португалецот е силно посакуван од Манчестер Сити, но преговорите помеѓу двата тима не одат најдобро. Можно е тие да бидат прекинати со оглед на моменталната ситуација. Ова ќе биде голем удар за Пеп Гвардиола,…
Левиот бек Тео Хернандез официјално се пресели од Реал Мадрид во Милан, откако договорот со неговиот нов клуб беше потпишан денес. 21-годишниот Французин ги помина медицинските прегледи во понеделникот и вторникот, но од Милан го немаа објавено како нивен нов играч. Сепак, стана јасно дека неговиот 5-годишен договор минатата ноќ е регистриран во италијанскиот фудбалски регистар, кој е онлајн достапеа следното утро. Финансиски параметри од договорот не се познати, но се претпоставува дека договорот е за трансфер, а не за позајмица и дека се работи за сума од 20 милиони евра.
Откако е се поизвесно заминувањето на Антоан Гризман, како и најавениот трансфер на Диего Коста во Кина, екипата на Атлетико Мадрид конечно успеа да задржи еден напаѓач од минатогодишниот состав. Шпанскиот репрезентативец, Алваро Мората, кој во јануари оваа година од Челзи во Мадрид на едногодишна позајмица останува во оваа екипа. Од Атлетико Мадрид по поминати шест месеци, решија да го откупат договорот на шпанскиот фудбалер и официјално е нов член на вицешампионот на Примера. Не е позната сумата која Атлетико ќе му ја исплати на англискиот тим, но се претпоставува дека таа изнесува нешто повеќе од 50 милиони евра. Мората во текот на ланската сезона одигра 17…
Изјавата на Атлетико Мадрид за ситуацијата со францускиот напаѓач Антоан Гризман немаше ефект врз плановите на Барселона да потпише договор со играчот следната недела, објави весникот „АС“. Според истиот извор, каталонскиот клуб ќе го објави потпишувањето на 28-годишниот напаѓач на 10-ти јули. Овој датум не е избран по случаен избор. Еден ден претходно, Барса ќе го претстави нивниоте нов играч, голманот Нето од Валенсија. Така што трансферот на Французинот нема да го засени овој настан, па клубот одлучи да го објави овој трансфер следниот ден. Гризман како играч на Барса ќе биде претставен на 12-ти јули. По три дена, тој…
