Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија ги започна подотовките за настап на претстојното СП што од 06 до 18 август ќе се одржи во Скопје. Подготовките на нашата репрезентација во Струга ќе бидат до 17 јули, потоа продолжуваат во Маврово, а на крајот екипата се враќа во Скопје на финалните подготовки. Македонија на ова СП ќе игра во Група Ц заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин. Нашата репрезентација својот прв натпревар на СП го игра на 06 август во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“.
Author: riste
Рома го финализираше трансферот на голманот Бетис Пау Лопез. Голманот потпиша петгодишен договор со „римската волчица“ и ќе го носи дресот со број 13. За овој трансфер Рома ќе плати 23,5 милиони евра, со бонуси може да се зголеми износот до 28 милиони евра. На крајот, пропадна опцијата како дел од договорот да биде отстапување на правата кои ги има Рома од 50% за Антонио Санабрија. Рома сакаше да му ги даде правата над овој фудбалер кој во моментов настапува за Џенова на тимот на Бетис, но тоа не беше прифатено од шпанскиот клуб.
Освојувачот на Купот на Македонија, прволигашот Академија Пандев е подготвен за првиот европски предизвик во својата историја. Противник на стартот од квалификациите за Лигата на Европа ќе им биде босанскиот тим Зрињски Мостар, а тренерот Југослав Тренчовски пред мечот истакна дека секој резултат без примен гол ќе биде добар за неговата екипа. „Ова е наше деби на европската сцена. Секако, ваков натпревар носи свои предности, но и свои недостатоци. Хендикеп може да биде неискуството, затоа што тимот е млад и само три играчи имаат играно евронатпревари – Стоилов, Илиев и Пандев. Но, од друга страна предност може да биде што…
Македонскиот претставник во Лига Европа, Македонија ЃП е подготвен за својот предизвик и настап на првиот квалификациски натпревар од двомечот со ерменскиот тим Алашкерт. На последната прес-конференција зборуваа играчот Дејан Тантуровски и шефот на стручниот штаб Александар Таневски. Тренерот на тимот Александар Таневски до го анализираше противничкиот тим и даде опис на ерменскиот состав. „Ни следи натпревар со добар противник, кој игра допадлив фудбал. Последните неколку години ја претставува Ерменија во европските купови, ги респектираме и ќе влеземе максимално претпазливо во првите 90 минути. Подготвени го дочекуваме натпреварот, а неколкуте добро одиграни пријателски натпревари се знак дека сме добро подготвени за…
Белгискиот напаѓач Дивок Ориги го продолжи договорот со англискиот тим Ливерпул за период од пет години. „Јас секогаш се чувствував пријатно тука. Станав човек овде во овој клуб, потпишав договор кога имав 19 години. Кога требаше да донесеме одлука, само сакав прво да разговарам со клубот, но секогаш имав чувство дека сакам да останам”, изјави Ориги за официјалната веб-страница на Ливерпул. Менаџерот на тимот Јирген Клоп беше задоволен од настапот на белгискиот играч во втората половина од сезоната 2018/19 и на него ќе смета во новата сезона. Минатата сезона напаѓачот одигра 12 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 3 гола и…
Напаѓачот на Јувентус Гонзало Игуаин е интересен за англискиот Вест Хем Јунајтед, според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио. Според оваа информација, раководството на „Старата дама“ е подготвено да го ослободи играчот за 40 милиони евра. Истовремено, самиот играч сака да се приклучи на тим кој ќе игра во Лигата на шампионите. Претходно беше објавено дека аргентинскиот играч одби да го напушти Јувентус. Во сезоната 2018/19, Игуаин настапуваше со позајмица, прво во Милан, а потоа за Челзи. Како дел од Милан, напаѓачот постигна 6 гола и 1 асистенција во 15 натпревари од Серија „А“. 31-годишниот фудбалер постигна 5 гола на 14…
Немили сцени од пресметката на фанови на неколку екипи ја блокирале Братислава, објавија извори од Словачка. Група бугарски навивачи на екипата на Левски се тепале со навивачи на на холандскиот Ајакс и полскиот тим Краковија во центарот на словачката престолнина. Инцидентите се случиле во пресрет на натпреварот на Левски со Ружомберок од првото квалификациско коло на Лига Европа, на кој се очекува д абидат присутни околу 500 бугарски навивачи. Средбата е вечерва во 18.30 часот во истоимениот словачки град. Краковија има натпревар во Словачка со друг тим – Дунајска Стреда, а навивачите на Ајакс се пријатели на полските навивачи. Во…
Играчот од средниот ред на Каљари, Николо Барела, ќе се пресели во редовите на Интер за 50 милиони евра, вклучувајќи бонуси, информираше „Скај Спортс Италија“. Ова стави крај на сагата за трансфер, која може да отиде во неочекувана насока, откако со понуда за 22-годишниот фудбалер на Каљари во последен момент се вклучи и Рома. За негова возраст, Барела има одиграно голем број на натпревари за Каљари, 112 натпревари од 2014 година до денес. Желбата на играчот беше да се пресели во Интер, па затоа се одлучи таму да ја продолжи кариерата, без разлика на понудата од Рома.
Напаѓачот на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ, беше прогласен за најдобар играч во сезоната на МЛС лигата во САД. Шведскиот фудбалер со балкански корени се приклучи на ЛА Галакси во 2018 година. Тој играше на 15 натпревари оваа сезона, постигнуа 13 гола, од кои четири беа од пенал. Златан Ибрахимовиќ во кариерата играше за екипите на Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, Париз Сен Жермен и Манчестер Јунајтед. 37-годишниот фудбалер во својата богата кариера има освоено 31 трофеј, а за шведскиот национален тим играше од 2001 до 2016 година.
Новото засилување на Реал Мадрид Едер Милитао беше официјално преставен од страна на раководството на Реал Мадрид, а притоа бразилецот не штедеше зборови за својот нов клуб. „Сакам да направам историја во најголемиот клуб во светот“ рече Милитао. 21-годишниот Бразилец беше имаше одлчни настапи во дресот на Порто и беше договорен за трансфер уште во март, при што од Реал се согласија да платат 50 милиони евра за неговите услуги. Тој потпишал шест годишен договор, а беше дел од бразилската репрезентација што триумфираше во Копа Америка и во финалето против Перу дури влезе во игра како замена на Филипе Кутињо.…
