Author: riste

Италијанскиот тим Наполи е сериозно заинтересиран за Вилфред Заха, а како што јавува „Скај Италија“, „Наполитанците“ се подготвени да платат 60 милиони евра за услугите на овој фудбалер. Сепак од Кристал Палас се прават наивни и испраќаат сигнали дека играчот е под договор уште четири години и дека не сакаат да го продаваат. Прашање е дали од Кристал Палас ќе може да одбијат ваква понуда  и да ризикуваат да го задржат играчот кој е незадоволен во нивните редови и јавно истакна дека сака да игра за екипа која ќе игра во Лигата на шампионите.

Read More

Различни верзии се објавени од страна на медиумите во Франција во врска со заминувањето на Нејмар од ПСЖ. Според весникот „L’Equipe“, новата опција за договор меѓу ПСЖ и Барселона е опција за позајмица. Ваквиот договор е многу сличен на оној кој го имаше Килијан Мбапе, кој најнапред беше на позајмица во ПСЖ, а потоа остана со постојан договор за 180 милиони евра. Сепак, францускиот весник тврди дека цената на Нејмар не паднала на 180 милиони, како што јави каталонскиот весник „Спорт“ пред неколку дена. Од раководството на ПСЖ инсистираат на 300 милиони евра. Според „L’Equipe“ од ПСЖ би барале задолжително…

Read More

Сагата околу трансферот на Хари Магуаер може да заврши наскоро, според „Sky Sports“, Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 80 милиони фунти за дефанзивецот. Лестер ја одбил понудата од 70 милиони, но се очекува да го прифати новиот предлог, со кој англискиот репрезентативец ќе биде најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Се смета дека Лестер Сити побарале 90 или најмалку 85 милиони за него, но се очекува да се согласат за помала сума. Магуаер останува приоритет на Оле Гунас Солскјер, а тој самиот веќе сака да си замине од Лестер и да се пресели кај „црвените ѓаволи“, кои се на…

Read More

Шпанскиот шампион Барселона нема добиено ниту една понуда за нивниот централен дефанзивец Самуел Умтити, пренесува весникот „Спорт“. Оваа информација доаѓа од раководството на клубот. На прв поглед, имаше голем интерес за Французинот и беше поврзуван со еден куп англиски клубови. Најсериозни беа намерите на Манчестер Јунајтед и Арсенал. Сепак, двата клуба не испратија понуда. Барселона беше подготвена да го продадат играчот за прифатлива сума, но сега се чини дека тој ќе остане на „Камп ноу“. Пред една година, интересот за овој играч беше огромен и во тоа време можеа да заработат до 60 милиони евра. Но, тогаш тој повторно потпиша…

Read More

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека ги коментираше информациите за можниот трансфер на напаѓачот Един Џеко во Интер. „Џеко е овде со нас, тој е наш играч. Можам да кажам дека работеше многу добро, не забележав никакви знаци дека е далеку од нас. Имаме двајца напаѓачи, Џеко и Патрик Шик, па приоритет на трансфер пазарот треба да ни биде потпишувањето на централен дефанзивец. Јас не сум целосно задоволен од состојбата на тимот, но ние сме во рана фаза на процесот на пронаоѓање на нашата игра“, изјави Фонсека. 33-годишниот Џеко е во Рома од 2015 година. Минатата сезона Босанецот учествуваше на 33…

Read More

Предводникот на Тотенхем, Маурисио Почетино ги сподели своите впечатоци од победата над Баерн во последниот натпревар од предсезонскиот турнир во Минхен, „Ауди Куп“. Средбата се одигра на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен и заврши со резултат 2:2 (6:5 на пенали за Тотенхем). „Јас сум задоволен од играта на мојот тим во текот на двата дена. За нас беше важно да го завршиме турнирот со позитивен резултат. Среќни сме што успеавме да го освоиме овој турнир. Победата за време на претсезонската подготовка е секогаш корисна“ изјави Почетино. Да ​​потсетиме во борба за третото место на турнирот Реал Мадрид го совлада Фенербахче…

Read More

Марио Манџукиќ би можел да го засили Манчестер јунајтед, каде што е можно да игра со својот соиграчот од Јувентус, Пауло Дибала, кој е пред трансфер во овој клуб. Аргентинецот е во преговори со „црвените ѓаволи“ како дел од договорот за трансфер на Ромелу Лукаку во Торино. Според „Газета дело спорт“, Манџукиќ беше ставен на тгрансфер пазарот. 33-годишниот Хрватски интернационалец не се вклопил во шемата на Маурисио Сари. Новиот тренер би сакал многу повеќе да го користи Гонзало Игуаин на позицијата во нападот. Самиот Манџукиќ нема ништо против да го почуствува ритамот на англиската Премиер лига. Се шпекулира дека Хрватот…

Read More

Фиорентина официјално го објави трансферот на Кевин-Принц Боатенг, кој пристигнува од Сасуоло за околу 1 милион евра. Неговиот договор ќе биде за период од две сезони. Така, 32-годишниот Кевин-Принц Боатенг ќе игра во дресот на 12-от различен клуб, откако беше дел од Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмаут, Џенова, Милан, Шалке 04, Лас Палмас, Ајнтрахт Франкфурт, Сасуоло и Барселона. Во два наврати беше дел од екипата на Милан. „Малку сум уморен, но многу среќен што сум овде во Фиренца. Ја избрав Фиорентина заради проектот. Клубот навистина ме сакаше и изврши толку голем притисок за потпишувањето со мене. Тоа беше многу важно…

Read More

Сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро, се согласи да го продаде клубот на конзорциумот Аквилор, претставуван во разговорите од легендата Џанлука Вијали. Самиот Фереро веќе го информирал раководството на Италијанската фудбалска федерација, како и претставници на други клубови во Серија А, за неговата одлука. Првиот човек на Сампдорија имал неколку понуди, а според медиумите во Италија, ја прифатил понудата од англискиот Аквилор фонд. Еден од условите на продажба е Фереро да остане член на Управниот одбор на Сампдорија за преоден период од неколку месеци, додека Виали и неговите партнери од фондот не ги преземаат 100% обврските во клубот. Минатата сезона Сампдорија…

Read More

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија е подготвен за првиот домашен предизвик во Европа за оваа сезона. По победата на гостински терен кај Номе Каљу од 1:0, екипата на Шкендија како фаворит го пречекува противникот на домашен терен, а тренерот Ќатип Османи е оптимист за овој меч. „Ги анализиравме грешките што ги направивме на првиот меч со Номе Каљу. На реваншот сме оптимисти и очекуваме да поминеме во второто коло. Имаме резултат, но 1-0 ништо не ни гарантира. Фудбалот понекогаш знае да донесе изненадување. Максимално сериозно да го сфатиме противникот. Составот ќе бире ист како на првиот меч, Шкендија и утре треба да атакува на…

Read More