Она што се најавуваше изминатите денови е реализирано денес. Најново засилување за екипата на Македонија ЃП е Дејан Блажевски (33) кој по претходната соработка со екипата на ФК Работнички сега ќе го облече дресот на тимот од Ѓорче Петров и треба да внесе дополнителна свежина, цврстина и особено непроценливо искуство во нападот на оваа екипа. „Македонија Ѓорче Петров е одличен тим со супер услови за работа. Доаѓам во Ѓорче да дадам максимум од моите капацитети и искуство и да му помогнам на тимот во исполнување на претстојните предизвици, а тоа се нови заеднички успеси и што повисока заслужена позиција на…
Author: riste
Македонскиот фудбалски интернационалец Александар Трајковски е нов член на шпанскиот тим Мајорка. Трајковски денес потпиша четиригодишен договор со оваа екипа. Со ова Александар Трајковски стана трет играч од Македонија кој ќе игра во „Ла Лига“ по Енис Барди и Столе Димитриевски. Поради лошата ситуација во Палермо, голгетерот беше приморан да бара нов клуб, а успеа да се договори со екипата на Мајорка. Во италијанскиот клуб Александар Трајковски настапуваше четири сезони и притоа одигра 113 натпревари и постигна 20 гола. Кариерата на 26-годишниот Трајковски започна во Скопје, односно во екипата на Цементарница, а потоа продолжи преку Интер Запрешиќ од Хрватска, до Зулте…
Евертон продолжува да се обидува да се засили уште повеќе пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Откако „карамелите“ вчера понудија 70 милиони фунти, плус Мекарти и Jени Тосун, што беше одбиено, денес клубот од „Гудисон Парк“ доби уште два негативни одговори. Првиот предлог беше на Арсенал за Алекс Ивоби. Понудата за 23-годишниот крилен играч вредеше 30 милиони фунти, но веднаш беше одбиена. Според Би-Би-Си, „топџиите“ би се разделиле со Ивоби за 40 милиони. Втората понуда беше до Манчестер Јунајтед за да го ангажираат централниот дефанзивец Крис Смилинг, но и таа беше одбиена.
Ватфорд официјално го привлече поранешниот напаѓач на Арсенал, Дани Велбек. 28-годишниот фудбалер доаѓа како слободен агент откако ова лето беше ослободен од „топџиите“ бидејќи не му беше понуден нов договор. Договорот на Велбек со Ватфорд е за период од три сезони. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед пропушти најголем дел од минатата сезона поради сериозната повреда на зглобот што ја доби за време на натпреварот со Спортинг Лисабон во Лигата на Европа во ноември. Целиот престој на Велбек во Арсенал беше одбележан со серија на повреди. За пет години на „Емирати“, тој одигра вкупно 126 натпревари, постигнувајќи 32 гола.
Хрватскиот интернационалец и репрезентативец Анте Ребиќ стана трансферен приоритет за италијанскиот Интер. Нероазурите подготвуваат нова понуда за фудбалерот на Ајнтрахт (Франкфурт), тврди „Скај Германија“, но додаваат и дека оваа екипа нема апсолутно никаква желба да се разделат со својата ѕвезда, откако веќе ги продадоа другите двајца од напаѓачката „тројка“ од минатата сезона – Себастијан Алер и Лука Јовиќ. 25-годишниот играч игра за Франкфурт од 2016 година, го освои Купот на Германија во сезоната 2017/2018, а досега има вкупно 95 натпревари со 22 постигнати голови, 11 асистенции и 26 жолти картони за својата екипа во сите натпреварувања. Од Интер, гледаат во…
Македонија овој викенд ќе биде домакин на атлетичари од Европа затоа што во Скопје ќе се одржи Европскиот тимски шампионат – 3-та лига. Натпреварите ќе се одржат на националната Арена „Тоше Проески“ во сабота и недела на 10 и 11 август, а на денешната прес-конференција во АМСМ, директорот Дарко Каевски го истакна значењето на овој настан. „Ми преставува големо задоволство да го најавам атлетскиот спектакл, кој претстојниов викенд ќе ја збогати спортската програма на Арената „Тоше Проески“ во Скопје. По успешната организација на Европското првенство во планинско трчање кое минатата година се одржа на Водно, Интернационалната и Европската Атлетска федерација…
Баерн Минхен планира да финализира три трансфери до крајот на летото. Приоритет за шампионот на Германија е Лерој Сане од Манчестер Сити, но Баварците сакаат да привлечат уште еден крилен играч – Хаким Зиеш од Ајакс Амстердам. Името на мароканското крило се споменуваше во германските медиуми пред еден месец, но сега повторно е оптек за засилување на тимот од „Алијанц арена“. Хаким Зиеш (26), кој игра за Ајакс од 2016 година, би го чинел Баерн најмалку 40 милиони евра. Мароканецот е второто име на списокот на тимот од Минхен, по Марк Рока од Еспањол кој исто така е голема желба…
Ракометарите на Вардар како европски шампони ја имаат можноста по вторпат да играат на неофицијалното клупско светско првенство Супер Глоуб во организација на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ). Турнирот ќе се одржи од 27 до 31 август во Саудиска Арабија. На Супер Глоуб покрај Вардар ќе играат и екипите на: Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен победник), Замалек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њујорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија) и Кил (Германија). Екипите се поделени во две групи и се игра по принципот на елиминација. Вардар ќе игра директно во четврт-финалето и таму за прв противник ќе го има победникот од дуелот меѓу…
Кадетската ракометна репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра својот прв натпревар на Светското првенство што од денес до 18 август се одржува во Скопје. Селекторот на нашата репрезентација Данило Брестовац е отимист дека оваа генерација на млади ракометари може да направи добар резултат на ова СП кое се одржува во нашата земја. „Очекувам тежок натпревар. Секогаш е тешко да се игра на првата средба од едно големо натпреварување како што е СП. Одработевме добри подготовки, првиот противник, Агентина, е добро анализиран. Сметам дека имаме добар ростер, играчи што ќе можат да одговорат на се што ќе играат тие. И…
Премиерлигашот Кристал Палас го привлече поранешниот капитен на Челзи, Гери Кејхил во своите редови. 33-годишниот централен дефанзивец пристигнува во клубот како слободен агент откако му истече договорот со Челзи во јуни. „Среќен сум што сум тука. Ова е добра можност за мене да ја продолжам кариерата во Премиер Лигата и да играм во квалитетен тим. Овде има многу интересни и талентирани играчи и со нетрпение чекам да влезам во новиот предизвик. Подготвен сум да играм што е можно подолго. Се чувствувам во одлична форма. и јас сум подготвен да дадам 110% за клубот во кој играм. Се надевам дека тоа…
