Author: riste

Одбојкарската репрезентација на Македонија го завршува престојот во Маврово, но ги продолжуваат подготовките за историскиот дебитантски настап на Европското првенство. Подготовките ги почнаа со собир на 14 јули, од кога избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ работеа на физички и на тактичко-технички план, а отсега преку пријателски натпревари ќе се темпира формата за квалитетен настап на ЕП во Словенија, за нашата репрезентација. Претстојниот викенд одбојкарите ќе одиграат двомеч со Романија во Крајова, а без разлика на најавите дека ќе остане во Скопје, сепак, Александар Милков ќе патува со репрезентацијата. Одбојкарот кој што игра на позиција примач, долго ја санираше повредата на…

Read More

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи, зборуваше за иднината на Паоло Дибала, кој стана една од трансфер-сагаите ова лето, откако беше поврзан со преселбата во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но на крајот сепак остана во Торино. „Трансфер пазарот е отворен, но немаме ниту еден играч близу пред заминување. Дибала е играч на Јувентус, тој е навистина одличен играч. Како што реков и предходно, имаше различни разговори низ трансфер периодот, имаше понуди, но Дибала е сепак тука“, рече Паратичи. Новиот тренер на „старата дама“, Маурицио Сари, најави дека има многу избор и некои играчи ќе треба да останат надвор од списокот од…

Read More

Младата ѕвезда на Рома, Николо Ѕаниоло го продолжи договорот со клубот. Веста не е изненадувачка, бидејќи двете страни преговараа веќе подолго време. Сега италијанскиот репрезентативец е врзан за „волчицата“ до летото 2024 година. „Пред една година, ми беше лесно да се одлучам да се преселам во Рома, а сега уште полесно ја донесов одлуката повторно да потпишам нов договор. Минатата сезона се заљубив во тимот и градот. Сакам да му се заблагодарам на клубот што ми даде можност да станам уште по посветен на тимските бои. Тоа е она што го сакав“, рече Ѕаниоло. 20-годишниот талент пристигна во Рома, како…

Read More

Виктор Линделоф ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, јавуваат британските медиуми. Барселона има силен интерес за 25-годишниот дефанзивец, но управата на англискиот клуб е подготвена да му понуди на Линделоф плата од 75 илјади фунти неделно. Менаџерот на манчестер Јунајтеда – Оле Гунар Солскјер, сака да го задржи Линделоф на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната 2024-25. Во летото 2017 година, Јунајтед плати трансфер од 31 милиони фунти на португалската Бенфика за правата на шведскиот репрезентативец. Актуелниот договор на Виктор Линделоф со Манчестер Јунајтед истекува за две години, со опција да се продолжи за уште една. Во наредните сезони,…

Read More

Македонската ракометна репрезентација до 19 години денес ќе го заврши својот настап на СП во Скопје. Макеоднија ќе игра против селекцијата на Аргентина за пласман на 13.место на ова СП. Нашите ракометарти го започнаа и ќе го завршат  СП со натпревар против Аргентина. Натпреварот кој се игра денес е само за престиж, односно да им донесе пласман на 13.место на репрезентацијата која што ќе победи. Ова се можеби најтешките натпревари кои се играа по елиминација и загубена шанса за висок пласман на оваголемо натпреварување. Македонија синоќа одигра добар натпревар против Португалија, но загуби со 29:25, а шанса да го заврши…

Read More

Играчот од средниот ред на Рома, Стивен Н’Зонзи и дефинитивно ќе игра за Галатасарај во наредната сезона. Французинот ги потврди информациите за трансферот преку својот „Инстаграм“ профил . Претходно беше објавено дека турскиот клуб ќе го земе 30-годишен фудбалер од „Рома со позајмица од 1 догина со право на последователна позајмица за плус уште една. Во јули се појавија информации за можниот трансфер на Н’Зонзи во Монако, претходно имаше најави дека ќе се пресели и во Олимпик Марсеј. Н’Зонзи ја започна својата професионална кариера во Амиен во 2007 година, а две години подоцна се пресели во Англија, потпишувајќи договор со…

Read More

Менаџерот на Челзи Френк Лампард беше многу задоволен од настапот на Челзи и покрај тоа што загуби од Ливерпул во Супер куп натпреварот и ги пофали своите играчи. Како и со Манчестер Јунајтед, Челзи играше напаѓачки и имаа многу шанси, а исто така се подобри и во одбраната. „Го почитувам Ливерпул и признавам дека тие исто така имаа ситуации, но за мене беше очигледно дека бевме подобри во натпреварот. Бевме несреќни во некои ситуации и не бевме доволно прецизни, но во целина јас сум горд на настапот на момчињата“, изјави Лампард по натпреварот. „Не сакам да губам, но јас сум…

Read More

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, призна дека тимот играл лошо во првото полувреме од мечот за Европскиот Суперкуп против Челзи, но потоа доминирал и заслужено победиле. Ливерпул го доби натпреварот по подобро изведување на пенали, а по мечот Ван Дајк истакна дека екипата може да игра подобро. „Натпреварот беше одличен за гледачите, но беше многу тежок и за двата тима. Челзи играше добро и на моменти покажуваше одличен квалитетен фудбал. На почетокот на второто полувреме ги исцедивме и почнавме да создаваме шанси. Ние претходно направивме многу грешки, нашите линии беа скршени. Треба да ја научиме лекцијата од оваа средба“,…

Read More

Ливерпул го освои четвртиот европски Супер куп во историјата, откако победи со 5:4 (1:1 во регуларно време и 2:2 по продолжение), по изведување на пенали на „Водафон арената“ во Истанбул. Европскиот шампион и освојувач на Лига Европа одигра спектакуларен дуел со периоди на доминација на двете екипи и 4 постигнати гола. Лондонските сини беа подобри во првото полувреме и го дојдоа до водство со голот на оливие Жиру во 36.минута. Ливерпул ја презеде иницијативата во вториот дел и израмни во 48.минута преку Садио Мане. Ливерпул направи пресврт во петтата минута од првото продолжение со новиот гол на Сенегалецот, но Жоржињо…

Read More

Ливерпул го победи Челзи по подобро изведување на пенали, откако во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 1:1 и со тоа го освои првиот трофеј оваа сезона, Супер купот на УЕФА. Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп ги дочека своите пет минути и освои уште еден европски трофеј со Ливерпул. По освоениот прв свој Суперкуп на Европа во кариерата на прес-конференцијата изјави: „Знаев дека ќе биде многу тешко да се освои овој трофеј и бев подготвен на ваков натпревар. Атмосферата беше прекрасна, благодарност до Истанбул и до нашите многубројни фанови кој дојдоа да не бодрат. На Окслеј Чембрлејн му беа потребни…

Read More