Екипата на Еурофарм Работник своите натпевари од ЕХФ Лигата на шампионите ќе ги игра во Битола, во својата сала „Боро Чурлевски“. Откако го напрваија својот историски успех во Суперлигата и како вицешампион на Македонија добија место во елитата на ракометна Европа, сега добија зелено светло, своите натпревари да ги играат во Битола. Оваа екипа за првпат во својата историја ќе биде дел од Лигата на шампионите, но ова лето наиде на сериозни проблеми поврзани со условите во салата „Боро Чурлевски“. При првата инспекција од страна на ЕХФ беа забележани низа недостатоци во салата, но истите се надминати и битолчани пак ќе бидат во можност…
Author: riste
Голманот на Атлетико, Јан Облак го пофали својот нов соиграч Жоао Феликс за она што го поседува како квалитет како играч , но и како човек. „Не го познавав Феликс толку добро пред тоа, сè додека тој не се пресели во Мадрид и почна да тренира со нас. Тогаш само знаев дека тој има голем потенцијал и клубот вложи секакви напори да се осигура дека ќе му се придружи на нашиот тим. Сега разбирам дека раководството направи одлична работа и донесе играч од висок профил во тимот. Мислам дека Жоао би можел да биде еден од најдобрите играчи во светот.…
Тотенхем веројатно ќе ја продаде својата ѕвезда Кристијан Ериксен, а тоа ќе биде со многу мала сума од 30 милиони фунти, пренесува британски „Мирор“. Според весникот, Тотенхем може да ги преземе овие дејствија и да излезат од ќор-сокак. Кога клубовите започнаа да прашуваат за Данецот на крајот на минатата сезона, претседателот на оваа екипа, Даниел Леви, објави дека цаната за овој играч е 60 милиони фунти. Цената на играчот од средниот ред падна на 50 милиони овој месец, но никој од кандидатите не е подготвен да плати толку многу. Ова може да го принуди раководството на Тотенхем да го продаде…
Поранешниот фудбалер на Баерн, Аријен Робен, даде коментар за новото засилување во германскиот клуб на позајмица Филипе Кутињо . Бразилецот ќе игра во дресот со број 10, кој порано го носеше токму Робен додека беше дел од Баерн Минхен. „Кутињо е играч со многу потенцијал, но му треба време. Сигурен сум дека тој ќе одлучи за исходот на многу натпревари на Баерн. Мој омилен играч во Баерн е Томас Милер. Тој ги има оние квалитети што никој ги нема. Тој често создава слободен простор за тимот поради неговите движења, доаѓа на центар, знае да игра во одбрана. Секогаш е тешко…
Напаѓачите на ПСЖ, Килијан Мбапе и Едисон Кавани се повредија на натпреварот од третото коло на Лига 1 против Тулуз (4:0). Кавани го напушти теренот веќе во 14-та минута, повредувајќи го мускулот. Мбапе беше заменет во 66. минута исто така поради повреда. На оваа средба на повреда се пожали и дефанзивецот Абду Диало. Во текот на денешниот ден очекуваме овие играчи да поминат дополнителни детални прегледи по шро ќе се знае сериозноста на нивните повреди и колку време ќе им биде потребно за санирање на истите. Од друга страна се поголеми се пишувањата дека Нејмар ќе го напушти ПСЖ, но…
Сагата околу иднината на Мауро Икарди продолжува. Напаѓачот е непожелен во Интер, но неговата сопруга, Ванда Нара, која исто така делува како негов агент, изјави дека одбил неколку екстремно примамливи понуди затоа што сака да остане во Интер. „Имаме многу пријатели во Неапол. Точно е дека Мауро им кажа „НЕ“ на сите предлози за напуштање на Интер. Секој ја знае својата позиција уште од почетокот на летото и тоа не се менува. Според мене, на крајот сепак Мауро ќе остане во Интер. Ова е неговото место, не е важно е колку понуди добил и ги одбил“, рече Ванда Нара. „Икарди…
Наполи и официјално го потврди и објави пристигнувањето на Ирвинг Лозано од ПСВ Ајндховен. Италијанците не ги откриваат финансиски детали за трансферот на мексиканската ѕвезда, туку само објавија дека тој доаѓа кај нив со постоја доовор , а не позајмица Според непотврдени информации, сумата што Наполитанците ја платиле на ПСВ Ајндховен е 38 милиони евра. 24-годишниот напаѓачки фудбалер ја започна својата кариера во Пачука, каде одигра 120 првенствени натпревари и постигна 31 гол, а во 2017 година се преселеи во ПСВ, потпишувајќи шестгодишен договор. За нешто повеќе од две сезони во холандскиот тим, тој има одиграно вкупно 79 натпревари во…
Трансферот на Ренато Санчез во Лил е прашање на време, објави „Скај Германија“. Португалецот сака да го напушти Баерн Минхен, а според медиумите, ова би можело да се случи до крајот на неделава, откако раководството на двата тима постигнаа договор за можен трансфер. Првично, на „Алијанц Арена“ требаше да добијат 25 или 30 милиони евра за Санчез, кои тие ги купија за 35 милиони пред три години, но на крајот ги намали нивните побарувања. Конечниот договор вреди 20 милиони евра, но и неколку бонуси. Нико Ковач вчера на својата прес-конференција даде интересни коментари, велејќи дека го разбира незадоволството на Санчез,…
Манчестер Сити се договори со Барселона да го ангажира дефанзивецот Самуел Умтити, но во јануари 2020 година. Манчестер Сити не успеа да ја засили својата одбрана по напуштањето на Винсент Компани, а Хари Мегуаер се реши да се пресели во градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Сепак, Пеп Гвардиола има многу добри опции во одбрандбената линија затоа што ги има Лапорте, Стоунс и Отаменди, но тој сепак сака цврст играч. Според информациите, граѓаните се договориле со шпанскиот шампион да ги платат бараните 60 милиони евра за Умтити, кој не успеа да се снајде најдобро „Камп Ноу“, и затоа екипата е подготвена да…
Рускиот пивотмен Глеб Калараш, во следните две сезони ќе ги брани боите на актуелниот европски првак Вардар. Тој беше дел од екипата на Вардар минатата сезона, но потпиша договор со Мотор Запорожје и по завршувањето на мината сезона требаше да игра во оваа екипа. Калараш се појави во Запорожје, но тренираше со вториот тим, додека првотимците беа на подготовки во Хрватска и Словенија. Двете екипи преговараа подолг период, во првиот период не се договорија, но сепак калараш успеа да се договори со Мотор за раскинување на договорот по што рускиот репрезентативец ја продолжува кариерата во Вардар и тоа на уште…
