Она што се очекуваше и се случи синоќа, по поразот од Борец во велес во 4.коло од ПМФЛ, раководството на Шкендија одлучи да се раздели со тренерот Ќатип Османи. Шкендија и покрај составот со кој располага имаше лош старт на новата сезона во ПМФЛ, но и лош настап на европска сцена, па раководството одлучи да му врачи отказ на човекот кој ги донесе сите три домашните титули во историјата на клубот. „Шкендија соопштува дека ја прекинува соработката со стручниот штаб. Менаџментот на клубот одлучи да го отпушти стручниот штаб, предводен од Ќатип Османи. Клубот му е благодарен на Ќатип Османи за историските постигнувања…
Author: riste
На 15 ти септември оваа година во организација на Здружението за спорт и рекреација КЛУБ 28 и Националната пливачка федерација, а со поддршка на општина Велес ќе се одржи шестиот по ред Велешки пливачки маратон, во водите на велешкото езеро Младост. Пливањето е во три категори 2,5км, 5км и олимписка дисциплина 10 километри во машка и женска конкуренција. Учесници може да бидат сите пливачи организирани во клубови или надвор од нив. Сите заинтересирани може да се пријават на „Facebook“ страната на Велешки пливачки маратон или во националната пливачка федерација. За најдобрите пливачи следуваат награди.
Возачите на Ферари имаа одлични квалификации на патеката „Спа“, каде се вози трката за ГН на Белгија. Двата болида на Ферари управувани од Леклерк и Фетел ќе стартуваат од првиот ред откако имаа најдобро време во денешните квалификации. Во возбудливи квалификации, Чарлс Леклерк заврши на првото место, пред Себастијан Фетел кој беше второпласиран. По нив, следат двата болида на Мерцедес, со Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Петтото место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул, а потоа следеа Рикардо и Хулкенберг од Рено, Серхио Перез, Кевин Магнусен и Роман Грожан. За тимот на Ферари ова е првпат да има…
Ветеранот Фернандо Љоренте постигна договор со Наполи и ќе потпише со клубот како слободен агент, ова го потврдија медиумите во Италија. Договорот на Шпанецот ќе биде за две сезони и плата од 2,5 милиони евра. Екипата на Наполи посакуваше да го земе Мауро Икарди, но тој упорно одбива да им се придружи и сè уште е во Интер. 34-годишниот Љоренте има две титули во Серија А со Јувентус помеѓу 2013 и 2015 година, постигнувајќи 27 гола во овој период.
Еден од фудбалерите кои го освоија трофејот во Лигата на Европа, Еден Азар, беше избран за фудбалер број 1 за минатата сезона. Белгиецот, кој тогаш играше за Челзи, постигна два гола и направи една асистенција за триумфот од 4:1 над Арсенал во финалето. Азар доби 340 поени во анкетата – повеќе од вкупниот број на следните двајца на оваа ранг листа Оливие Жиру (199) и Лука Јовиќ (94). Има уште тројца играчи на Челзи во топ 10 – Н’Голо Канте, Вилијан и Педро Родригез. Во текот на летото, Азар се пресели во Реал Мадрид и во новата сезона ќе учествува…
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го одреди списокот на фудбалери на кои ќе смета за првиот натпревар против Фарски Острови од квалификацискиот циклус за Европското првенство (ЕП) во 2021 година. За дуелот кој го играме на 10. Септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот Милевски повика 25 фудбалери, меѓу нив дебитанти ќе бидат Томче Гроздановски од Злате Моравце и голманот на Академија Пандев, Давид Денковски. „На овој состав се 17 играчи од последниот натпревар со Финска, тоа што го видовме на тој контролен дуел ни даде слика дека имаме квалитет и потенцијал. Тоа се…
Откако вчера беше извлекување на групната фаза на Лигата на шампионите, кое ни донесе неколку пеколни групи, ништо помалку возбудување не донесе ниту ждрепката за најмасовното клупско натпреварување на УЕФА, Лига Европа. Нашата држава оваа сезона ги има Стефар Ристовски и Стефан Спировски како фудбалери кои ќе играат во Лига Европа со своите екипи Спортинг Лисабон и Ференцварош. Еве ги комплетните групи за новата сезона од УЕФА Лига Европа Група А: Севиља, Апоел, Карабах и Дуделанж Група Б: Динамо Киев, ФК Копенхаген, Малме, Лугано Група Ц: Базел, Краснодар, Хетафе, Трабзонспор Група Д: Спортинг, ПСВ Ајндховен, Розенборг, ЛАСК Линц Група Е: Лацио, Селтик, Рен, Клуж Група…
Денес во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше одржана ждрепката преку која се добија осминафиналните парови во фудбалскиот Куп на Македонија. Уште во оваа фаза ќе гледаме супер-дерби, затоа што Шкендија ќе се сретне со големиот ривал Вардар, некако по традиција овие две екипи се среќавата во раната фаза од Купот на Македонија. Бранителот Академија Пандев, кој беше слободен во првото коло, ќе се соочи со Осогово, додека вториот финалист, Македонија ЃП, кој исто така немаше обврски во 1/16-финалната фаза ќе игра со Брегалница. Во останатите средби Пелистер го пречекува работнички, Лабуништа – Охрид, Борец – Струга ТЛ, Тиквеш –…
Баерн Минхен на официјалната веб-страница објави продолжување на договорот со напаѓачот Роберт Левандовски до 30 јуни 2023 година. Претходниот договор за Полскиот интернационалец беше до 30 јуни 2021 година. „Баерн стана моја татковина. Моето семејство исто така се чувствува многу удобно во Минхен. Сигурен сум дека во наредните години ќе постигнеме многу. Баерн е еден од најголемите клубови во светот, имаме одличен тим. Горд сум што сум дел од овој клуб “, рече Роберт Левандовски. Левандовски дојде во Баварија летото 2014 година како слободен агент. Претходно, Полјакот ги бранеше боите на Борусија Дортмунд. Оваа сезона, 31-годишниот напаѓач постигна 5 гола на…
Сопствениците на ПСЖ и Барселона се договорија за трансферот на Нејмар, тврди „Скај Италија“. Договорот ги вклучува Иван Ракитиќ и Жан-Клер Тодибо, како и мултимилионскиот износ на пари за кои не е објавено за колкав износ се работи. Претседателите на Барселона и ПСЖ, Жозеп Бартомеу и Насер Ал Калаифи – се сретнаа денес во Монако пред ждрепката во Лигата на шампионите. Тоа беше за очекување велат шпанските медиуми, па овој разговор да го „отклучи“ трансферот на Нејмар. Газдите на двата клуба разговараа телефонски кон крајот на минатата недела, а денешниот настан во близина на Азурниот брег беше повод да се…
