Author: riste

Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на играчи кои треба да конкурираат за наста на евроквалификациските дуели против Словенија и Полска  кои се најважни за нашиот национален тим во циклусот за пласман на ЕП 2020. Повреден е само Велковски, Барди е неизвесен, па така, Ангеловски се надева дека со останатиот дел од тимот ќе може да им парира на протвниците и да победи против Словенија, а потоа да се надева на позитивен резултат против Полска. „Списокот скоро во целост е истиот што беше на претходните натпревари. За жал, Дарко Велсковски не е во состојба да се стави на располагање и…

Read More

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес- конференција по повод претстојната трка “Skopje Run 10K“. На истата се обратија Дарко Каевски, директор на АМС, Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје и Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон. „Со трката „Скопје трча“ успеавме да внесеме новитет во спортското живеење кај нас. Тоа што го започнавме пред неколку години, сега се претвори во значаен спортски настан кој привлекува внимание и надвор од нашите граници“ рече Каевски. Според организаторот се очекува на оваа трка да настапат рекорден број на учесници од земјава и странство,…

Read More

Англиската фудбалска лига на својата веб-страница ги објави резултатите од истрагата против Ливерпул, која беше отворена по натпреварот од 1/16 финалето на Лига купот, кој заврши со победа на „црвените“ над МК Донс со 2:0. Ливерпул избегна исклучување од турнирот и наместо тоа ќе треба да платат казна од 200 илјади фунти (повеќе од 224 илјади евра). Во исто време, половина од износот што му е изречен на Ливерпул е условен, а клубот ќе биде принуден да го плати доколку ги крши правилата на сличен начин следната сезона. Да потсетиме дека Ливерпул во дуелот со МК Донс имаше играч кој…

Read More

Со својата победа над Интер синоќа, екипата на Барселона постави нов рекорд во историјата на Лигата на шампионите и претходното натпреварување Европскиот куп на шампиони. Каталонците веќе се во серија од 33 натпревари непоразени на домашен терен, со што го надминаа достигнувањето на Реал Мадрид. Последен пат Барселона загуби дома од Баерн Минхен (0:3) пред шест години. Од тој натпревар екипата Барселона на „Камп Ноу“ има остварено 30 победи и 3 нерешени средби со гол разлика од 101:16. Реал го постави својот рекорд помеѓу 1975 и 1990 година. Во принцип, во најдолгата серија без пораз во ЛШ/ КЕШ ја има…

Read More

Лионел Меси вети дека Барселона ќе продолжи да се подобрува откако Каталонците синоќа со пресврт го совладаа Интер со 2:1 во Лигата на шампионите. Шпанскиот шампион повторно имаше сериозни проблеми, најмногу во првиот дел, но потоа успеа да дојде до своите први три бода во групата по головите на Луис Суарез. „Знаевме дека не бевме најдобри, и ни требаше оваа победа, што е многу добро за нас. Победивме два важни натпревари бидејќи Хетафе е секогаш тежок за игра и иако ни требаше повеќе време, сигурен сум дека ќе продолжиме да се подобруваме“, рече Меси по мечот со Интер. „Одигравме нерешено…

Read More

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје денес ја почнува нова сезона на меѓународно ниво и ќе биде единствен претставник на нашата земја во АБА-2 лигата. И оваа година амбициите на клубот се исти, да се дојде до промоција во повисок ранг. Конкуренцијата е иста како и минатата сезона, а МЗТ Скопје сака да го повтори настапот од лани и да дојде до зацртаната цел, да се биде најдобар во АБА-2 лигата. Прв противник на МЗТ Скопје во рамки на првото коло ќе биде Слобода, која гостува во Скопје. Се работи за дебитант во ова натпреварување, кој преку „вајлд-карта“ доби шанса за…

Read More

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард го пофали тимот откако го совладаа Лил со 2:1. Ова беше прв успех за лондончани во нивната група од Лигата на шампионите, откако загубија на домашен терен од Валенсија. „Многу тежок натпревар. Лил напаѓаше добро, а поддршката од трибините беше важен адут за домаќините. Евро-натпреварите никогаш не се лесни кога играте на гостински терен, особено против екипи како Лил. Но, вечерва, работите се одвиваат добро за нас. Бевме должни да победиме откако дозволивме да загубиме на сопствениот терен во првото коло“, рече Лампард. „Тимот одигра добро, сакам така да продолжат и понатаму. Ајакс е многу…

Read More

Интер беше поразен во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. „Нероазурите“ одиграа добар натпревар на „Камп Ноу“ против Барселона, но на крајот загубија со 1:2, а тренерот Антонио Конте не го криеше своето разочарување. „Во големи периоди од играта, создадовме многу сериозни проблеми за голем клуб како Барса. Можеби некои од фудбалерите се уморија во второто полувреме, но тоа е разбирливо со оглед на тешкиот ритам што го играме уште од почетокот на сезоната“, рече Конте. „Сепак, убеден сум дека не заслуживме да изгубиме. Јас сум тажен што изгубивме, но ќе се обидеме да најдеме позитивни работи…

Read More

Два гола на Луис Суарез и помогнаа на Барселона да го победи Интер со 2:1 на „Камп Ноу“ и да ја запише својата прва победа во Лигата на шампионите во новата сезона. Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде зборуваше за квалитетот на ривалот, но не штедеше комплименти за неговиот тим, што одигра на високо ниво во второто полувреме. „Според мене, резултатот е заслужен, според тренерот на Интер веројатно не. Денес се соочивме со одличен тим, кој ја докажа својата класа во првото полувреме. Продолживме да ја баравме победата по лошиот старт и ги постигнавме головите што ни беа потребни“, рече Валверде.…

Read More

Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Клаудио Маркизио утре ќе го објави крајот на својата фудбалска кариера, пренесува „Газета дело спорт“. 33-годишниот фудбалер ќе одржи прес-конференција во четврток на стадионот Јувентус. Официјално, тој не објави за која тема ќе зборува. Поранешниот италијански репрезентативец помина 13 години во Јувентус и ја освои италијанската титула седум пати. Сепак, повредите го одбележаа последниот дел од неговата кариера. Тој играше во Зенит минатата сезона, но одигра само девет натпревари поради повреда на коленото, што беше и причината поради која се раздели со клубот во август. Се шпекулираше дека ќе го ангажираат од Ренџерс,…

Read More