Author: riste

Играчот од средниот ред на Интер, Стефано Сенси не заработи сериозна повреда и се очекува да биде подготвен да игра веднаш по паузата за репрезентативните натпревари. 24-годишниот играч го напушти теренот во дерби натпреварот со Јувентус поради повреда на мускулот. Поради оваа причина, тој нема да игра за репрезентацијата на Италија во квалификациите за ЕУРО 2020 со Грција и Лихтенштајн. Сепак, Интер објави дека проблемот не е толку сериозен и дека станува збор за истегнување на мускул во колкот. Во наредните денови, тој ќе помине дополнителни тестови, кои ќе покажат точно колку долго ќе отсуствува од теренот. Сенси брзо се…

Read More

Сампдорија и официјално го објави привлекувањето на поранешниот играч од средниот ред Милан и Џенова, Андреа Бертолачи. Играчот пристигнува како слободен агент и може веднаш да биде користен од новиот тренер на екипата. Тој потпиша едногодишен договор. 28-годишниот Бертолачи ги одигра своите најдобри со тимот на Џенова помеѓу 2012 и 2015 година, кога стигна до италијанската репрезентација и одигра 5 натпревари. Тогаш беше продаден за 20 милиони евра во Милан, каде не успеа да го покаже најдоброто за што има способност и одигра 54 натпревари при што постигна 2 гола во дресот на „росонерите“. Тој беше ослободен во текот на…

Read More

Откако беше отпуштен од Масимилијано Алегри во јануари 2014 година, Милан смени уште осум тренери, со тоа што Стефано Пиоли се очекува да стане деветтиот тренер што ќе го преземе тимот во последните пет години. За време на овој бурен период на „Сан Сиро“, клубот ја смени својата сопственост три пати, а исто така имаше и голем број измени на директорските позиции. После разделбата со Алегри, неговото место го доби Мауро Тасоти како привремено решение, а потоа Кларенс Сидорф го водеше тимот до крајот на сезоната. Тогаш беше назначан Филипо Инзаги, кој ги водеше јуниорите на клубот претходно. Сепак, тој…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Работник се поразени на гостувањето во Белорусија кај екипата на Мешков Брест со убедливи 31:22. Очигледно дека заморот од долгите патувања и густиот распоред во последниот период на ракометарите на Еурофарм Работник си го зеде долгот, па македонскиот тим го одигра најлошиот досегашен натпревар во новата сезона и го доживеа вториот пораз во СЕХА лигата. Еурофарм Работник лошо го започна натпреварот, домашните ракометари поведоа со 6:2, но гостите од Битола намалија на 6:4, за потоа да следува една убава серија на Мешков Брест кој дојде до предност од убедливи 13:4 и го одигра вториот дел од првото полувреме рутинирано…

Read More

Кадровските проблеми за германскиот селектор Јоаким Лев и натаму се продлабочуваат, откако стана јасно дека тој нема да може да смета на уште тројца играчи за претстојната контрола со Аргентина в среда во Дортмунд. Тимо Вернер има вирусно заболување, додека Илкај Гундоган и Џонатан Та се повредени. Марко Ројс е исто така е под знак прашалник за настап на мечот поради повреда, но од медицинскиот тим се надеваат дека четворицата играчи ќе бидат подготвени за квалификацискиот натпревар со Естонија в недела во Талин.

Read More

Светскиот шампион со Германија Бастијан Швајнштајгер го најави крајот на кариерата. 35-годишниот играч од средниот ред се разделува со зелениот терен по 17 сезони поминати во професионалниот фудбал. Тој во моментов е играч на Чикаго, меѓутоа, оваа екипа не успеа да се квалификува во плеј-офот во првенството на САД, со што стави крај на своето учество. Тој веќе е поканет да работи во репрезентацијата на Германија. „Драги навивачи, дојде време да ја прекинам мојата активна кариера. Тоа ќе се случи на крајот на оваа сезона. Би сакал да се заблагодарам и на вас и на моите тимови Баерн Минхен, Манчестер…

Read More

Еузебио Ди Франческо стана првиот отпуштен тренер во италијанската Серија А оваа сезона. Тој го напушти тренерското место во Сампдорија по слабиот старт на сезоната што го има тимот. Клубот официјално потврди дека се разделиле со тренерот. Според „Газета дело спорт“, тој ќе добие обештетување од 1,8 евра, што е негова плата за една година. Поранешниот тренер на Рома пристигна во Џенова летово, но по шест порази во првите седум кола мораше да замине брзо. Според некои медиуми во Италија, фаворит за негов наследник е Џузепе Јакини, кој ја предводел Сампдорија при промоција во елитата во 2012 година.

Read More

Конзорциумот „Calcioinvest“ одби да ја купи Сампдорија, се вели во информацијата која ја објави прес-службата на организацијата. Сопственикот на клубот Масимо Фереро побарал 100 милиони евра за клубот. Конзорциумот објави изјава во која се вели дека финансиските барања се преголеми. Конзорциумот го води поранешниот фудбалер и тренер Џанлука Виали. Како играч ги бранеше боите на Сампдорија од 1984 до 1992 година. Потоа, во својата кариера играше за Јувентус и Челзи. Со лондончани тој го освои ФА Купот, Лига купот, Суперкупот на Англија, Купот на УЕФА и Супер купот на УЕФА како тренер. Тој го напушти клубот во 2000 година. Во…

Read More

Напаѓачот на Рома, Един Џеко е повреден и ќе ги пропушти претстојните европски квалификации на Босна и Херцеговина против Финска и Грција. Џеко доби удар и ја повреди јаболчната коска на мечот кој Рома го одигра против Каљари и нема да и биде на располагање на Босана и Херцеговина за дуелите со Финска и Грција кој се играат следните денови. Уште еден играч на Рома, Алесандро Флоренци, е болен од грип и нема да закрепне за натпреварите на италијанската репрезентација со Грција и Лихтенштајн. Италија може да обезбеди пласман на ЕУРО 2020 по натпреварот против Грција во Рим оваа сабота.

Read More

Еурофарм Работник го доживеа првиот пораз во СЕХА лигата, откако беше поразен од ППД Загреб на гостувањето во Хрватска. Нашиот тим имаше уште еден добар и неизвесен натпревар кој за жал го загуби со 23:23. По големата победа над Веспрем, Еурофарм Работник мораше да му честита на тимот на Загреб предводен од Веселин Вујовиќ во дерби дуелот од ова петто коло. Ерифарм Работник одлично го почна натпреварот и имаше предност од 7:4, но во вториот дел од првото полувреме одлична игра на Загреб и на подмор се замина со нерешени 11:11. Во вториот дел домашната екипа константно имаше предност, а Еурофарм…

Read More