Македонскиот ракометен тим Металург, актуелен освојувач на ракометниот Куп на Македонија успеа да најде нов тренер и наскоро се очекува официјализација на црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ. Тренерското место во клубот од Автокоманда беше празно по заминувањето на Дамир Стојановиќ, а Зоран Кастратовиќ беше една од желбите на управата на оваа екипа. Во текот на изминатите денови двете страни ги имале првите контакти, ппо што е договорена соработката, а се останува само да ппочекаме сето тоа да биде официјализирано со договорот. Зоран Кастратовиќ има искуство соводење на екипи од Македонија, тој беше предводник и на Вардар. Металург се подготвува за настапите…
Author: riste
Најскапиот светски фудбалер, Бразилецот Нејмар ќе мора да ја санира својата повреда во наредните 4 недели, пренесува ТФ1. Претходно денес, напаѓачот на ПСЖ беше подложен на преглед на магнетна резонанца, што покажа истегнување во левата нога. Ова значи дека Бразилецот нема да игра на следните шест натпревари против Ница, Бриж (двапати), Олимпик Марсеј, Дижон и Брест. Нејмар се повреди за време на контролниот натпревар на Бразил против Нигерија пред неколку дена одигран во Сингапур.
Манчестер Јунајтед наскоро ќе го привлече Марио Манџукиќ од Јувентус, пренесуваат медиумите во Англија „Црвените ѓаволи“ понудиле 9 милиони фунти за правата на хрватскиот напаѓач и се уверени дека Јувентус, кој сака да се раздели со Манџукиќ, ќе ја прифати нивната понуда. Хрватот се очекува да се префрли на „Олд Трафорд“ во јануари и да потпише договор од 18 месеци до летото 2021 година. Тој ќе добие 4,4 милиони фунти сезонава или 6,6 милиони за целиот негов престој. На Јунајтед им е потребна итна поддршка во нападот. Тимот нема постигнато повеќе од еден гол од првото коло и во моментов е…
Тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед ќе можат да настапат на натпреварот од 9. коло од англиската Премиер лига со Ливерпул, и покрај претходно добиените повреди. Според весникот „Мирор“, на средбата со Ливерпул, „црвените ѓаволи“ ќе можат да сметаат на дефанзивците Лук Шо и Арон Ван Бисаку и на играчот од средниот ред Пол Погба. Исто така, многу е веројатно дека напаѓачот Ентони Марсиал ќе биде во комбинација во тимот. Натпреварот Манчестер Јунајтед – Ливерпул ќе се одигра на 20 октомври на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер со почеток од 17:30 часот. После осум одиграни кола, Ливерпул е на првото место…
Седумкратниот француски шампион Олимпик Лион го објави назначувањето на Руди Гарсија за нов тренер на тимот. Тој го зазема местото на Силвињо, кој беше ослободен пред една недела заради лошите резултати. Договорот на Гарсија е до крајот на сезоната 2020/21. До вчера, фаворит за функцијата беше француската легенда Лорен Блан, но според информациите во текот на викендот, Гарсија ја импресионирал управата со својата презентација на својот проект за работата на клубот. Сопствениците на клубот претходно го поканија Жозе Мурињо, но тој одби. Името на Арсен Венгер исто така се споменуваше. Гарсија последен пат работеше скоро три сезони во Олимпик Марсеј, кој…
Шарл Леклер доби две казни по трката за ГН на Јапонија или вкупно 15 секунди со кои се спушти на седмата позиција зад Даниел Рикардо. Првата казна е поради инцидентот со Макс Верстапен, а втората е затоа што ја игнорираше наредбата да влезе во боксот. Во првата ситуација,возачот на Ред Бул Макс Верстапен беше на надворешната страна од вториот свиок, обидувајќи се да го престигне болидот на Ферари. Меѓутоа, Леклер не беше внимателен и го удри Макс. Двата болида беа оштетени, а Верстапен дури мораше да се врати по неколку круга. Леклер го скрши дел од своето крило и продолжи…
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба продолжува да се рехабилитира од повредата. Според весникот „Мирор“, францускиот фудбалер многу веројатно ќе може да учествува во натпреварот од 9-то коло од англиската Премиер лига против Ливерпул, што ќе се одигра на 20 октомври. Да потсетиме дека Погба ја влоши повредата на зглобот на натпреварот со лондонски Арсенал (1:1), по што испушти два натпревари за својата екипа. Манчестер Јунајтед освои 9 поени на 8 натпревари и го зазема 12. место на табелата во англиската Премиер лига. Лидер на табелата во моментов е Ливерпул, кој освои 24 поени на 8 натпревари.…
Дефанзивецот на шпанската репрезентација Серхио Рамос, по гостувањето во 7-то коло од квалификациската фаза на Европското првенство 2020 со Норвешка (1:1), го коментираше неговиот рекорд за бројот на натпревари одиграни во репрезентацијата на Шпанија. „Личните достигнувања се секогаш секундарни. Овој рекорд би го заменил за победа. 168 натпревари – награда и заслуги, голема гордост. Се возбудувам секој пат кога ќе го облечам дресот на националниот тим. Не менува ништо. Се надевам дека ќе поминам уште многу години во репрезентацијата“, изјави Рамос за весникот „Марка“. Серхио Рамос игра за Шпанија од 2005 година. За тоа време, тој двапати стана шампион на…
Играчот од средниот ред на Лестер Сити и репрезентацијата на Англија, Џејмс Медисон, бил виден во казиното откако го напушти тимот на Англија поради болест, пренесува весникот „The Sun“. Одлуката да не патува Медисон на гостувањето во 7. коло од квалификациската фаза на Европското првенство 2020 против Чешка ја донесе Фудбалската асоцијација на Англија. Оваа средба можеше да биде деби за фудбалерот на Лестер за националниот тим, но тој не отпатува за Чешка. Според истиот извор, Џејмс Медисон бил виден во казино како игра покер во истиот момент кога настапуваше неговата репрезентација. Играчот од средниот ред не го ни следел…
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра својот следен , осми натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година. На „Националниот стадион“ во Варшава кој важи за еден од најубавите и најмодерните европски стадиони, Македонија ќе се обиде да направи изненадување и да оствари позитивен резултат против Полска. Домашната селекција на ова место е речиси несовладлива, но нашите фудбалери по победата над Словенија сами се изборија за да веруваат во пласман на ЕП и затоа сакаат да се надигруваат со фаворитот Полска. Домашниот тим на Полска цели шест години или 15 меча не знае за пораз на својот најубав стадион, на домашен терен.…
