Барселона – Атлетико Мадрид и Валенсија – Реал Мадрид се натпреварувачките двојќи за полуфиналето на шпанскиот Супер куп, извлечени денес. Победниците од овие два натпревари ќе се пласираат во финалето и ќе играат за трофејот. Трите натпревари ќе се играат во градот Џеда, Саудиска Арабија. Полуфиналето е закажано за 8-ми јануари (среда) и 9-ти јануари (четврток), а финалето за 12. (недела). 8 јануари (среда) Валенсија – Реал Мадрид 9 јануари (четврток) Барселона – Атлетико Мадрид
Author: riste
Ракометарите на Еурофарм Работник се враќаат со нов пораз во Лигата на шампионите, овој пат од гостувањето кај Спортинг во Лисабон. Вицешампионот на Португалија беше убедлив на мечот со Еурофарм Работник и на крајот победи со 36:26 (17:11), а нашите ракометари не успеаја да му се заканат во текот на целиот натпревар. Ушѕе од самиот почеток, па до крајот домашната екипа беше во предност која од минута во минута ја надградуваше за на одмор заминат со високи 17:11. Во вториот дел Еурофарм работник се закани и успеа да намали 19.15 и 23:18 но не успеа да го издржи темпото и…
Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот за претстојните два квалификациски натпревари против Австрија и Израел кои се играат за пласман на Европското првенство во 2020 година. Меѓу повиканите се Енис Барди, кој беше повреден, а сега е повторно дел од селекцијата, а тука се и Дарко Велковски и Никола Ѓорѓев, повик доби и Даниел Аврамовски од Вардар кој игра одлично оваа сезона и е најдобар играч во ПМФЛ. За жал во составот го нема Аријан Адеми, кој има повреда, иако играше за својата екипа, Динамо Загреб. Поради казна односно жолти картони против Австрија нема да може да настапат Илија Несторовски, Бобан Николов и Висар Муслиу, но…
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд стана рекордер на неговиот клуб во европските натпреварувања, јавува Би-Би-Си. Младиот фудбалер влезе во почетниот состав на „црвените ѓаволи“ во натпреварот од 4. коло од групната фаза од Лигата на Европа со Партизан и му помогна на тимот да оствари убедлива победа со 3:0, откако ги помина сите 90 минути на теренот. Во исто време, Гринвуд успешно се покажа на средбата со Партизан и стана најмладиот играч во историјата на Манчестер Јунајтед, кој успеа да постигне гол и асистенција во натпревар од Европските купови. Тој во моментот на постигнување на овој гол има 18…
Интер има за цел да го купи напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру , пренесува „Газета Дело Спорт“. Според изворот, тренерот на италијанскиот клуб Антонио Конте планира да ја засили екипата со барем еден играч по позиција. 50-годишен тренер планира да го купи од Челзи, француски напаѓач, кој претходно изјави дека е незадоволен од својата позиција во лондонскиот клуб, поради недостаток на минутажа. На Конте му треба фудбалер како Жиру, бидејќи ги исполнува сите барања на италијанскиот тренер. Алтернатива за во Интер е напаѓачот на Спал Андреа Петанија. Оливие Жиру играше само на 4 натпревари оваа сезона во англиската Премиер лига…
Играчот од средниот ред на Арсенал, Уругваецот Лукас Тореира, сака да го напушти клубот во јануари, доколку не започне редовно да игра, тврдат медиуите на Островот. Тој има одиграно само 275 минути од почетокот на сезоната во Премиер Лигата и воопшто не е задоволен од неговиот статус на резерва во тимот. Според истите информации, Тореира планира да одржи разговори со Унаи Емери за да може да ја разјасни неговата состојба во клубот. Сепак, голема е веројатноста е тој да се врати во италијанската лига, од каде и дојде во Премиер лигата. Пред да се пресели во Арсенал, Тореира беше една…
Јирген Клинсман се враќа во Бундеслигата, но не како тренер туку како консултант во Херта (Берлин), јавија медиумите во Германија. 55-годишниот поранешен германски репрезентативец последен пат работел во својата земја пред 10 години, кога беше тренер во екипата на Баерн Минхен. Клинсман го водеше Бундестимот во 2004-2006 година и помина 5 години како селектор на САД во периодот од 2011 до 2016 година. Сега Клинсман се одлучи повторно да работи во Германија, но сепак тренерската работа ќе ја остави за некоја друга прилика.
Екипата на Тотенхем синоќа излезе со соопштение во кое даде информација околу состојбата на својот голман Хуго Лорис кој направил операција на левиот лакт и ќе се врати на тренинзите на почетокот од наредната година. Францускиот голман се повреди на 5 октомври за време на дуелот со Брајтон, кога незгодно падна на гол-линијата. „Операцијата беше неопходна по дополнителните прегледи кои ги направија специјалисти, бидејќи лактот се покажа како нестабилен. Нашиот капитен ќе се врати на тренинзите на почетокот на следната година“, стои во соопштението на Тотенхем. Во меѓувреме негова замена на голманската позиција ќе биде Пауло Газанига. Веќе во следното коло од Премиер…
Златан Ибрахимовиќ наскоро може повторно да го носи дресот на Милан. Ова беше јасно по изјавата на комесарот на МЛС, Дон Грабер. Според него, „росонерите“ се клубот, кој ќе се засили да потпише со 38-годишниот напаѓач од јануари. Договорот на Ибрахимовиќ со ЛА Галакси истекува во декември, а Швеѓанецот веќе јасно стави до знаење дека сака повторно да игра во Италија, каде го носеше дресот на Јувентус, Интер и Милан. Ветеранот е заинтересиран и за Болоња, а од „Ренато Дал Ара“ дури ги потврдија разговорите со Златан. „Ибрахимовиќ е интересен човек, на и надвор од теренот. На нашата лига му…
Навивачите на Наполи организираа протест пред клупската база, според информациите и видеата кои беа објавени на интернет, приврзаниците на Наполи се незадоволни од играчите, раководството на клубот и резултатите на тимот. Тие излегоа на улица со постери на кои пишуваше: „Почитувај“. Клубот планира да преземе правни мерки против сопствените играчи, кои, спротивно на одлуката на раководството, ја напуштија тренинг-базата по натпреварот во Лигата на шампионите против Салцбург (1:1) и се вратија дома. Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, планираше да го има во карантин во базата целиот тим се до средбата со Џенова, но целиот тим не ја послуша неговата…
