Author: riste

Хуан Куадрадо е уште еден од првотимците на Јувентус, кој се договори со раководството на клубот за нов договор. Колумбиецот, кој е во Јувентус од 2015 година, ќе го обнови својот договор за уште две години, објави „Тутоспорт“. Куадрадо беше вратен на десната бековска позиција оваа сезона поради проблем со повредите на играчите на оваа позиција, но одлично се снајде и се преставува во оваа улога. Куадрадо е трет фудбалер што го обновува договорот со клубот. Ова веќе го направи дефанзивецот Леонардо Бонучи, а во наредните денови се очекува нов договор за три години да потпише и голманот Војчих Шчесни.

Read More

Ракометниот клуб Металург очигледно е пред нова криз, повторно во Автокоманда ќе мора да бараат решение за тренерската позиција. Тимот на Металург вчера забележа тешка победа против младата екипа на Вардар Јуниор и покрај тоа што важеше за голем фаворит. По мечот тренерот Зоран Кастратовиќ донесе неочекувана одлука и си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на тимот. Искусниот стратег на клупата на Металург седна пред нешто повеќе од еден месец, а од него се очекуваше дека ќе го врати тимот на вистинскиот колосек. Нема ништо конкретно за тоа која е причината за оваа негова одлука за предвремена…

Read More

Македонскиот вицешампион, Еурофарм Работник играше уште еден натпревар од Лигата на шампионите со трилер завршница, но овој пат немаше среќа во последните моменти од гостувањето во Финска кај екипата на Кокс. Иако одиграа рамноправен и во делови од натпреварот беа подобри од Кокс, сепак загубија и од шампионот на Финска со 23:21 (13:13). По овој пораз е сосема јасно дека Еурофарм Работник во својот дебитантски настап во Лигата на шампионите ќе заврши на последното шесто место во групата Ц. Првиот дел од натпреварот помина во изедначена игра и многу израмнивања, па на полувреме се замина со нерешени 13:13. Така беше…

Read More

Мнозинството од фудбалските фанови во Англија сметаат дека доаѓањето на Жозе Мурињо во Тотенхем не е вистински потег. 58% од 100.000 фанови кои учествувале во анкетата на „Sky Sports“ и одговориле на прашањето „Дали Жозе Мурињо е вистинскиот менаџер за Тотенхем ?“, Одговориле со „Не“. https://twitter.com/SkySportsStatto/status/1197092658461790208 Португалецот го наследи Маурисио Почетино, кој беше отпуштен поради лошите резултати и недоразбирање со раководството. Интересен е податокот дека Жозе Мурињо во својата кариера има освоено 25 трофеи, додека Тотенхем има вкупно 24 трофеи во своите витрини.

Read More

Напаѓачот Мохамед Салах и дефанзивецот Ендру Робертсон ќе го пропуштат натпреварот на Ливерпул против Кристал Палас во англиската Премиер лига кој се игра в сабота. Двајцата играчи на „црвените“ имаат повреди на зглобот. Египетскиот репрезентативец Салах се повреди во натпреварите на Ливерпул против Лестер и Манчестер Сити и нема да му биде на располагање на менаџерот Јирген Клоп. Шкотскиот дефанзивец Робертсон веќе со недели има проблеми со својата повреда и сега нема да игра на натпреварот га гостински терен кој се игра на „Селхурст парк“ во Лондон. Ливерпул е прв на табелата во Премиер лигата со освоени 34 бода, осум…

Read More

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Томас Делејни, нема да игра до јануари поради повреда на зглобот на десната нога, објави денес неговиот клуб. Делејни настапи на мечот кој Данска го играше со Република Ирска во понеделникот, но мораше да ја напушти средбата по само 13 минути игра. Борусија Дортмунд го пречекува Падерборн во петок на натпреварот од  Бундеслигата, а капитенот Марко Ројс се очекува да се врати во составот. Неизвесен за настап е дефанзивецот Нико Шулц. Борусија Дортмунд е шестопласирана во Бундеслигата и е со шест бода зад Борусија Менхенгладбах.

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Романија, Козмин Контра, си поднесе оставка, откако тимот не успеа да се квалификува на Европското првенство во 2020 година. Во овие квалификации репрезентацијата на Романија заврши на четвртото место во групата. „Ја напуштам репрезентацијата. Сакам да им се извинам на навивачите што не успеав да направам повеќе. Мислам дека заслужуваме поголема почит. Одлуката за заминување ја донесов пред натпреварот со Шпанија (0:5). Не можам да прифатам кога тимот не се бори. Но, главниот виновник е тренерот. Не можев да ги натерам играчите да направат повеќе“, рече Козмин Контра.

Read More

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез може да го продолжи договорот со италијанскиот клуб. Ова го објави весникот „Газета дело Спорт“ во денешното интернет издание. Бидејќи управата на Интер нема намера да се раздели со Мартинез, клубот е подготвен да ја дуплира платата на 3 милиони евра годишно + бонуси. Италијанците исто така ќе го променат износот за обештетување од 111 милиони евра, или ќе го зголемат. Средба на претставниците на клубот со агентот на фудбалерот е закажана за декември. За аргентинскиот напаѓач заинтересирани се од Барселона, Реал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и други клубови. Лаутаро Мартинез се пресели во Интер…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години успеа да обезбеди учество на Елитните квалификации за Европското првенство во 2021 година. Нашите надежи во Скопје беа домаќини на претквалификацискиот турнир, на кој со денешната победа над Луксембург со 3:0 обезбедија пласман на второт место во својата група. Турнирот го започнавме со нерешени 0:0 против Босна и Херцеговина и пораз од Англија со убедливи 5:0, но по убедливиот триумф над Луксембург, како и високиот пораз на БиХ од Англија, нашите надежи завршија на втората позиција на табелата, која го носи Елитни квалификации. Македонија одигра одличен натпревар, ја имаше контролата врз играта речиси во сите 90 минути, креираше повеќе шанси…

Read More

Натпреварот на младата репрезентација на Македонија до 21 година против Фарски Острови и официјално е одложен. По денешната инспекција на делегатот на УЕФА на стадиот односно теренот каде што требаше да се игра средбата донесена е одлука оваа средба да биде одложена за јуни 2020 година. Ова значи дека нашите репрезентативци ќе мора повторно да патуваат во оваа земја за да го одиграат квалификацискиот натпревар. На првиот натпревар кој се играше во Скопје на стартот на квалификациите Македонија убедливо ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 7:1 и беше голем фаворит и на овој натпревар кој за жал немаше услови…

Read More