Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике, вчера не тренирал со своите соиграчи. Тој доби удар во коленото при еден судар со Витоло за време на дербито на Атлетико Мадрид. Сепак, тренерскиот тим на Каталонците одлучи да не ризикува и го ослободи од вчерашниот тренинг. Пике е сигурен дека ќе игра против Мајорка на 7 декември. Пике учествуваше на 13 натпревари од досегашниот дел од сезоната во „Ла Лига“, постигнувајќи 1 гол, но заработи и 7 жолти картони. Повредените во Барса се Жорди Алба, Нелсон Семедо и Осман Дембеле. Фудбалерите на Барселона ќе имаат слободен ден денес, а утре ќе продолжат со…
Author: riste
Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ја освои Златната топка за 2019 година и со тоа продолжи традицијата која трае повеќе од една деценија, имено највредната индивидуална награда во фудбалот повторно ја освојува играч од шпански клуб. Играчот кој не беше дел од „Ла Лига“ , а ја доби наградата во 2008 година беше Кристијано Роналдо, кој сè уште го носеше дресот на Манчестер Јунајтед. Другите 4 трофеи ги освои Португалецот како дел од Реал Мадрид – во 2013, 2014, 2016 и 2017 година. Меси беше добитник на „Златната топка“ во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година, а во…
Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг се најде на списокот на желби кај италијанскиот тим Интер. Оваа информација денес беше објавена од медиумите во Италија, а веднаш ја пренесоа и оние на Островот. Италијанскиот клуб се приклучи во борбата за напаѓачот од Габон, кој тврди дека Реал и Барселона се интересираат за него. И покрај трансферот на Ромелу Лукаку минатото лето, Интер бара друг напаѓач, бидејќи многу европски клубови сакаат да го ангажираат нивниот напаѓач Лаутаро Мартинез. Според истиот извор, тренерот на Интер, Антонио Конте е лично заинтересиран за Обамејанг. Пјер-Емерик Обамејанг учествуваше на 14 натпревари од англиската Премиер лига оваа…
Големите ривали за шампионската титула во Италија, Интер и Јувентус може да се најдат во трансфер војна за играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали, објави „Тутоспорт“. 19-годишниот млад фудбалер се најде во плановите за трансфер на двата гиганти, секој од нив е спремен да даде се што е потребно за да го донесе во своите редови овој играч. Тонали важи за еден од најголемите таленти во Италија, па дури и споредуван со легендата Андреа Пирло. Иако има само 19 години, тој веќе е репрезентативец на својата земја. Покрај Јувентус и Интер, заинтересирани за него се и Манчестер Сити,…
Француската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми во пронаоѓањето на противник за пријателски натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство во 2020 година, пренесува „Франс Фудбал“. Неколку национални тимови одбија да се сретнат со актуелниот светски шампион. Еден од нив беше Белгија, со која Французите требаше да имаат натпревар во март следната година. Одлуката за откажување на оваа средба ја донесе лично селекторот на тимот Роберто Мартинез. Главната причина, како и онаа на другите репрезентации, беше можен пораз, што нема да има најдобар ефект врз психолошката состојба на играчите пред ЕП. Според агентите вклучени во организација на пријателски натпревари,…
Манчестер Сити го следи со големо внимание настапот на дефанзивецот на Лестер, Чалар Сојунџу, пренесува „Сандеј тајмс“. Турскиот фудбалер импресионира со својот настап од почетокот на сезоната во дресот на Лестер Сити и има голем придонес за одличниот настап на тимот, кој се наоѓа на 2-то место на табелата во Премиер лигата. „Граѓаните“ дефинитивно треба да ја засилат конкуренцијата во центарот на одбраната и веруваат дека 23-годишниот фудбалер би можел да се вклопи одлично во нивните редови. Сепак, за да го земат Сојунџу во својот состав, Манчестер Сити ќе мора многу да плати. Се проценува дека Лестер Сити нема да…
Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, кој моментно е на позајмица во Баерн, изрази желба да остане во клубот од Минхен. „Тука се чувствувам многу пријатно. Планирам да останам овде најмалку една година и да се фокусирам на мојот престој овде. Ако се оди добро, би сакал да останам во Баварија“, изјави Кутињо за весникот „Марка“. Кутињо се пресели во Баерн минатото лето. Според условите за позајмица, Баерн Минхен може да го купи Бразилецот од Барселона за 120 милиони евра. Оваа сезона 27-годишниот играч од средниот ред учествуваше на 12 натпревари во Бундес лигата, на кои постигна 3…
Вечерва ќе биде познат добитникот на „Златната топка“ на Франс Фудбал за 2019 година. Церемонијата за доделување на оваа наградата ќе биде одржана во Париз со почеток во 20:30 часот. Очекување на сите е дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ќе го освои ова признание по рекорден шести пат. На социјалните медиуми вчера дури беше објавена информации за резултатите од гласањето на новинарите. Според неа, Меси добил 446 поени во анкетата, оставајќи го зад себе двоецот на Ливерпул – Вирџил ван Дијк и Мохамед Салах. Интересно е дека според ова неофицијална информација, ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо останува надвор од првите…
Карл-Хајнц Румениге , претседателот на Управниот одбор на Баерн Минхен , призна дека напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане некогаш можел да биде дел од тимот на Баерн Минхен. Сенегалскиот напаѓач го привлекол вниманието на клубот од Минхен кога се преселил во Ред Бул Салцбург од францускиот Мец. „Бевме сериозно заинтересирани за Мане, но поради некоја причина не можевме да го организираме неговиот трансфер. Прво замина во Саутемптон, а потоа во Ливерпул“, изјави Румениге. Големата брзина и одличниот талент на Мане ќе беше одличен за Баварците по заминувањето на Френк Рибери и Аријен Робен. Оваа сезона, сенегалскиот напаѓач учествуваше на 14…
Тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров по поразот од Веспрем во Лигата на шампионите беше уште еднаш реален за ситуацијата во која се наоѓа неговата екипа и моменталната сила на тимот, ако се земе предвид дека се има многу главни повредени играчи. Веспрем вторпат победи против Вардар оваа сезона, а на прес-конференцијата Кокшаров истакна дека се надева дека во 2020 година во продолжението од сезоната ќе има комплетен ростер на располагање. „Сакам да ѝ честитам на екипата на Веспрем за победата. За жал, ова е нашата реалност. Пред нас е вториот дел од сезоната. Чекаме да ни се вратат повредените играчи,…
